Како би реагирала јас??? За да не се создаде простор за ничија реакција, претходно се договарам со конкретен план зашто не сакам обострани неочекувани изненадувања. Многу едноставно и практично проверено...
Тој си помислил дека треба да си среќна што те викнал таму, а ти си очекувала целосно негово внимание. Ви фалело да се договорите што точно ќе правите викендот и така да направите како што ти пишала @poenta . А кога си почнала да го распрашуваш дали ти си таа за него си го изнервирала, поубаво да си му кажала дека овој викенд не е тоа што си очекувала и дека следниот сакаш да ви помине вака и вака(ќе му кажеш што сакаш).
Ако тој има лошо расположение таа не е должна да трпи такво однесување. Не може јас да викам некого дома посебно ако се работи за партнер и да се однесувам мрзоволно, незаинтересирано и лошо расположена. Ако има проблем може да го сподели, не можеме да знаеме секогаш што се наоѓа во нивна глава.
Јас никаде не кажав дека мора да трпи.Само кажав како мислам дека е а тоа дали ќе трпи или нема мене ама баш ич не ме интересира.
Еве јас земам се во обзир, и тоа дека е уморен... ама ако веќе ме викнал очекувам внимание,јас не запнав сама да идам
Eve da ne ispadni na krajot vaka taka daj mu ushte edna sansa i vidi kako ke reagira.. ako povtorno e tqkov ti sama odluci dali sakas takov covek iki ne.
Девојки, па и некое машко уште поубаво, се надевам ќе може да ми дадете мислење, сакам само да замислите една хипотетичка ситуација кога би било, бидејќи кај мене е вистина, а не верувам дека на друга ова се има случено. Замислете имате некој познаник,со кој 2-3 пати како другар сте се виделе, сте биле колеги, бил другар на ваш брат, и пр. си фаќа девојка и за да се направи фраер ве користи вас, а вие во меѓувреме имате брак, дечко, дете и ве кажува дека ве утепал од онаа работа, дека ве поминал, па дури дека можеби и дете ви направил, а вие само едно здраво имате, и наеднаш го разбирате тоа. Дали би му се налутиле? И која е поентата да се лаже дека некој е женкар, ова партнерот го правеше, но многу жени ми се имаа извинувано дека немале ништо со него и за влакно спасив од развод еден пар каде што им се замеша...
deathinside 1.Имаш партнер со кого не ти е убаво. Во една таква врска веројатно се друго ти е поубаво затоа што човекот не те исполнува. Па дури и тој што дошол да преспие кај вас, додека се снајде за работа; 2.Од толку мажи најде да ти биде ,,убаво,, со човек кој и твојот партнер го прифатил и спиел кај вас?! Човекот не го почитува ниту твојот партнер ниту пак тебе. Ти тука би била една авантура а тие повторно ќе се смират затоа што на тој начин функционираат машките 3.Твоите сакаат ти да родиш три деца. Абе деца се штанцаат ли па ајде нема две, па ајде три а ако не па четири ќе имаме. Роди го првото па ќе видиш која одговорност, кој финансии се па ќе правиме муабет. Или ти и твоите многу ја гледавте кампањата: Мајка ми ќе купи количка за бебе, мајка ти креветче и се е така волшебно. да не зборуваме за одговрност, за посветеност, за одвојување на време, за кратење на задоволства... 4.Твоите ли ќе спијат со твојот партнер па да ти кажуваат што да правиш 5.Ако сега не ти е допадлив твојот партнер, тогаш во брак што ќе правите??? Односно уште најмалку 30 години заеднички живот. Или ,,трите деца,, ќе ги слушаат сите караници и вадење на ножеви. 6.Објасни му ги на дечко ти и на твоите родители твоите чувства, тргни се некое време, седни си во тишина и размисли. Можеби после подолга врска зашто ти е сигурен едноставно си оладена не во чувствата туку во односот спрема него.
Тоа по битолски се вика: Голич кабадаја. Да го кажиш на сите дека лажи, за да си имаат во предвид дека и нив може да им зезне врска/брак.
Што е голич кабадаја, нешто како женкар или лажго? Бидејќи девојкиве ништо не му биле, сами си признаа..
Кабадаја е, кога некој се прај важен и е арогантен за нешто во што е успешен. А голич кабадаја е некој шо се прај важен, за нешто шо не е вистина, ами тој филмој си прај дека е.
Се допишуваме со еден дечко 1 месец скоро, и се видовме 2-3 пати. Уште на почетокот, уште првата недела тој ми напомена дека бил заљубен во една што се гледале година ипол и ме замоли да го оставам да размислел што ќе праве. Ок . Го оставив, мислев нема да ме побара пак, но ме побара демек сум му недостигала. Кажал дома и за мене замислете, ми рече да сум ги запознала неговите и многу работи. Јас меѓувреме многу почнав да го свиѓам, се навикнав едноставно на него, се беше ок, се до денес. Пак ми го рече денеска истото да го оставам, да се отргнам од него, ја сакал многу со таа што се гледал, се осеќал како да ме користи, сакал да бил искрен.. Да, искрен е, неможам да речам не, иако мене сега ме отфрли, јас се осеќам многу неубаво и како да го молев и да му бев само занимација додека не си ги среди мислите. Но, зошто побогу кажал на неговите за мене, зошто толку убави филмови ми правеше само ми ја замати главата, зошто? Незнам што да направам веќе, го блокирав, ме замоли да го оставам и така направив, но со моите мисли и чувства како?
Имаш среќа што допишувањето и гледањето ви трае само еден месец, навреме си ги покажал вистинските намери. Занимација си му, го знаеш тоа и самата. А дома можеби и нема кажано, но тебе тоа ти го рекол за да те воодушеви или што и да е. Остави го, не ти треба некој таков да те манипулира. Не дозволувај да потпаднеш на игра на убави зборови.
@QweenSM Оф кретен Најверојатно те изманипулирал и не ни кажал за тебе на неговите, туку сакал по вторпат со нешто појако да те „освои”, бидејќи му требала занимација. Арно си направила со блокирањето. Знам дека сега се чувствуваш лошо, бидејќи си развила чувства, ама немој Ќе помине. Посвети се на себе, летото, дружењето и забавата