@klinkata Во право си, не е само поентата мед и млеко да е на зборови, а на дело боранија со кечап. Штом не се чувствуваш 100% удобно, време е за сериозен разговор. Се согласувам дека 5 години не се малку, но тоа треба да е минато. Јас не знам зошто воопшто ти раскажувал што правела, дали ја мразел и не знам што. И точно основата на една здрава врска е стабилноста, ама треба да е со присуство на љубов, страст, таква исполнетост и смиреност.
@Adorabela искрено не,што е до мене јас би го напраила тоа и сега одма. Ама он гледа на тоа дека е подобро факс да завршам затоа што сме од различни градови. @Animali таков однос имаме за минатото сме биле скроз искрени и двајцата. Ме кочи тоа што многу касно(посебно летово пошто 2 месеци сум во неговиот град и се гледаме секој ден)почнав некој работи да сфаќам дека не се толку сјајни ко што ги правел он
Се разбира, затоа не избрзувај со брак со него. Само ти знаеш дали се чувствуваш сакано и дали си среќна со него. Муабетот ми беше- не се јадосувај што мислел за бившата..
@klinkata Значи не бил скроз искрен, а и логично не би се себеси претставил како негативецот Ништо, донт вори, за сѐ има решение. Подобро сега да знаеш како стојат работите, отколку подоцна во брак.
@klinkata ako si spremna za brak kazhi mu sega sakam da se zememe, taka ke go fatish na caka dali stvarno saka da e so tebe do krajot na zhivot ili ne. Ima mnogu devojki koi bile na faks vo drugi gradovi pa go zavrsile iako bile mazheni pa duri i so deca.
А што е поентата на брзање со мажење пред да се осамостоите? После некои ги читаме во темата за свекрви како се жалат. Дали сериозно било која од вас би советувала на пример своја ќерка да се мажи пред да заврши факс?
Не, туку која е причината за бившата да се пушти на таква авантура ако се им било совршено. @cresa-jagoda
@Leeona_ Не нема како да дознаам за тоа ама за според мене за 90% што вараат има причина дали им недостасува нешто во врската или го прават од забава @Dentina Тоа е веке сосема другa тема, ја знам мајка му топ жена е немам лош збор за никој од негова фамилија,а ja можам да завршам факс и во врска и мажена ако се сака ништо не е препрека.
На некои малку им е еден партнер, па си прават авантури, дури и кога врската е совршена и партнерот прави сè да им е убаво. Ама тие не знаат тоа да го ценат, па му набиваат рогови на партнерот, немаат ни малку чувство на срам и сожалување, гледаат што повеќе глупости да направат.
Нема да избрзувам ќе гледам повеке да се фокусирам на тоа каков е со мене и да го баталам минатото,ако продолжи пак да ми дава такви знаци и да не се осеќам спокојно,слободно му го отварам патот до неа Фала ви девојки
Иако е пишано ова пред 10 години, сепак не можам да издржам да не напишам нешто..најпрво да сакал да биде со тебе немал да и се врати на бифшата и ако му е толку лошо у врската нека и каже чао пријатно и правете шо сакате и плус ти си таа шо и прави проблеми на типката,место да се замараш со дечко со девојка најди си некој сингл милијарда ги има и ако зборел со тебе додека имал женска, можно е и да збори со друга додека те има тебе..ај и така нема да го прочиташ ова ама може ќе подзамислам некоја друга девојка со сличен проблем
Hi all! Вака: Од пред два месеци живееме со дечко ми заедно. Во врска сме повеќе од 6 години. Можам слободно да кажам дека врската ни функционира ептен добро пу, пу (со караници нормални). Меѓутоа, откога почнавме да живееме заедно, караниците зачестија. Претежно ги започнувам јас, несвесно. Јас студирам и во исто време работам и сум стварно некогаш премногу изморена. Плус, скоро секој ден правам ручек. Караниците ги правам бидејќи дечко ми и по десет пати повторувајќи нешта, тој пак си прави по старо. Неможам да сфатам што е тешко да си оставиш во корпа нечистите алишта, ѓубрето да си го фрлаш по тебе во канта, нечисти чорапи не се чуваат во патики, или барем еднаш неделно да се фатиш за џогерот. Единствена работа што ја прави е да измие 2 пати во неделата по две-три чинии. Повеќе ако има, не ни погледнува. Незнам дали е ова период низ кој поминуваат скоро сите кога ќе почнат да живеат заедно или пак не е нормално. Веќе почнувам да мислам дали постапив правилно. А дома со татко ми проблеми и караници една куп имав бидејќи е old school и не може да сфати како ќе живеам, а не сум ниту верена ниту ништо. Пробав да зборувам со дечко ми, му велам тешко ми е да студирам (медицина), да работам (од дома не зимам ниту денар, и сите сметки со дечко ми ги делиме на пола), и да чистам ко луда бидејќи ич несакам неред. И тој ми рече дека не сум морала да смукам преку два дена. Можело да правиме генералка еднаш месечно и толку чистење да било. Wtf? Не сакам да бидам жена жена уште на млади години.. Please help me.
@LadyR Јас да сум на твое место, сама би отишла да живеам Најпрво, ова е супер што си одлучила да живеете заедно, според мене, тоа е клучно што секој пар мора да го направи пред брак, таман навреме откриваш кој каков е всушност. Второ предлогот генералка еднаш месечно да правите најверојатно пак мисли тој еден ден ти пак да се утепаш чистејќи. Ти и покрај сите обврски, факултет + работа, да му глумиш слугинка или мајка, не иде! А глупаво и бесмислено е да му се повторува на возрасен човек, па тој треба сам да е свесен, а не да чека на тебе. А да беше и ти како него, сега ќе ве имаше на тие емисиите, затрупани во ѓубре Таквите според мене не се менуваат. Што, ќе ти вети, абе мила ќе чистам, макар твојот очигледно не се труди ни тоа Мој совет е ако не планираш цел живот да му глумиш мајка и да чистиш по него, време е за посериозна одлука.
Нели ова треба да биде еден вид тест за пред брак, да видиш какви му се навиките и табиетот пред да се земете? Размисли, можеби едноставно не си одговарате. Велиш студираш медицина (тежок факултет) и плус работиш, претпоставувам дека си доста организирана, инаку тоа не се постигнува туку така. Идејата за заеднички живот можеби ти е малку избрзана, требало да останеш дома бар додека го завршиш факултетот. Дома сигурно подобро сте ги делеле обврските чим сега си толку изреволтирана. Според мене, врати се кај твоите и размисли. Можеби се друго е совршено, ама ако нонстоп се карате за личните навики, стави ја врската на кантар.
Има една работа што не би ја нарекла проблем, но се уште не ја кажав никому и затоа сакам овде да добијам мислења. Со дечко ми заедно сме релативно кратко време. Но некако многу многу се поврзавме поради тоа што си одговараме на карактер. Се што прави едниот е прифатливо за другиот, ретко се караме и секогаш ги решаваме работите компромисно. Во последниов месец падна муабет на тема заеднички живот и желба за поголема сериозност во врската. И јас го размислував истото, но немав храброст да го кажам. Тој излезе побрз и похрабар и мене ми олесни тогаш и му кажав дека и јас го сакам истото, сакам се со него. Ме праша дали би сакала да имам дете со него. Јас со 100% сигурност одговорив дека сакам, навистина сакам. Тој не е сигурен дека сакам и гледам дека не ми прави притисок, ми вели дека има разбирање за мене и дека е во ред ако не се чувствувам спремна сега со моите 20 години. Делот што го сметам за проблем и што ме тера да размислувам не е поврзан со желбата. Веќе кажав дека сакам. Но размислувам како ќе биде прифатено од останатите. Всушност ме загрижува една личност, а тоа е татко ми. Тој ми е единствен родител и не сакам да го разочарам. Не знам како ќе реагира но знам дека нема да биде среќен бидејќи тој сонува јас да го завршам факултетот и да имам успешна кариера и постојано ми ветува дека ќе ми помогне да најдам добро работно место. Инаку и сега работам но не заработувам многу. Максимум земам до 10 000 месечно и сметам дека не би биле доволни доколку одлучам да имам дете. Имам и заштеди во банка но сепак потребна е поголема финансиска стабилност. Да разјаснам, и покрај се што споменав сигурна сум дека сакам да имам дете со овој човек и не сакам да одолговлекувам бидејќи долгите врски што сум ги имала и што ги имале мои блиски другарки или познаници, сите завршиле лошо и голем дел од жените се трудат со сила потоа некој да ги забремени само за да станат мајки(познавам многу) некои се согласуваат дури и да останат не мажени но да си имаат дете(познавам 2). Се што ме зсгрижува е мојот татко.. Не сакам да го разочарам..
Длабоко во тебе те загрижува и фактот што не си финансиски стабилна за да го издржуваш тоа дете. Сама кажа. Значи, не е дека само ќе го разочараш татко ти, туку и ти сама си свесна дека за да гледаш дете, не е доволна само желбата, туку многу повеќе од тоа. Ти сакаш да имаш дете, ама сеуште не си спремна за тоа. Гледај да не се разочараш првенствено самата себе.