Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    некој лп?
     
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Види вака, според мене основата на секоја здрава врска е компромис и разбирање.
    Без разлика на проблемите со кои парот треба да се соочи. Од најбанални до тешки животни предизвици.
    Би рекла дека вие се наоѓате некаде измеѓу, на тест каде што може да процените дали може да се носите заедно низ животот.
    Велиш дека имате функционална врска повеќе од 6 години. Тука подразбирам дека сте стекнале ниво на комуникација каде што се разбирате еден со друг.

    Прво мислам дека е нормално да приметите разлика помеѓу самостоен живот и живот со партнер, поготово на почеток. И јас кога започнав да живеам со дечко ми, сфатив колку многу ситници не сум ги знаела за него. Исто така има периоди кога се расправаме повеќе од вообичаено, но според мене битно е што секој од нас(вас) прави за тоа да се промени.

    Живеењето со дечко/девојка, цимер/цимерка не значи само 24 часовна близина за милување, гушкање, друштво за пиење кафе и излегување туку и одговорност кон тој што живее со тебе, да речеме рамноправност.

    Јас не би ти посоветувала веднаш да одиш контра, со инает, да се откажеш од чистењето за да му текне него сам.
    Би ти рекла смирено да разговараш, да објасниш колку труд вложуваш за да функционирате како заедница. Дека е нормално да ви треба период на адаптација со цел да се привикнете на меѓусебните навики, но и да бидете спремни да ги промените оние кои го уназадуваат вашиот однос.
    Дека веќе сте во по сериозна етапа од врската, каде и треба да пристапите на таков начин, со вложување на труд за тоа да успее.
    Можеби делува и банално, но ако треба и потенцирај важност на хигиена во секојдневието, за која не е доволно чистење 1 месечно. Можеби нема да има потреба за секојдневно чистење доколку тој се потруди првично повеќе да се организира самиот, а тек потоа на второ место да ти помага тебе.

    Ти го знаеш подобро, знаеш на каков начин би можела да разговараш за да допреш до неговата свест.
    Доколку го имате развиено тоа чувство за компромис, верувам ќе се потруди да промени баарем нешто за почеток.
    Сум имала и уште имам такви проблеми со дечко ми, но кога навистина ќе му потенцирам дека ми е потребна помош, дека некои постапки му се банални и незрели, гледам желба да ги промени бидејќи првично му значам јас.
    Затоа и мислам дека здравиот разговор е прва опција.



    Според ова што го кажуваш мислам дека дефинитивно не треба да брзаш.

    До пред една година си немала доверба во парнерот, ниту желба за деца. За краток период имаш тотален пресврт во приоритетите.
    Размисли колкава е веројатноста таа желба да ти се промени повторно како што ти се променила и сега, но кога веќе ќе биде касно?

    Убава е желбата за семејство, уште по убаво е што сте ја однеле врската на по високо ниво на доверба и сериозност, но би те посоветувала да застанеш тука.

    Да уживаш во надоградувањето на вашиот однос, во запознавањето и зацврстувањето на таа желба за заедничка иднина, плус финанскиско обезбедување на истата. Се до оној момент кога прашањата кои сега ти се несигурност, веќе не би биле пречка.

    Таа желба нека ти биде мотивација, да го завршиш факултетот регуларно, да се обезбедиш финансиски и психички заедно со партнерот. Верувам дека зачнувањето на дете во таков период делува како јаготка на шлагот.

    Ем првично твоите стравови за тоа како ќе се снајдете како родители ќе бидат минимизирани од клучните аспекти кои се потребни за одгледување на дете, ем нема да стравуваш од реакцијата на татко ти, а зборуваме за временски период од неколку години за кои имаш време да се осигураш во својата одлука.
     
    На Purplelilac, Fallen.Angel, NewGirl и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.439
    Допаѓања:
    40.939
    Пол:
    Машки
    Колку е само добар советов што го даде. Не само за овие проблеми, туку може истото општо да се примени, лекција како секоја врска треба да функционира.
    Не е поентата во една врска да се оди контра и прекинува при првата пречка кога ќе се појави на патот, туку истата да се совлада преку разговор и заедничко вложување во проблемите кои треба да се променат. И, секако, истрајност. Рим не бил изграден за еден ден.
    Уживав да те читам колку смирено и сталожено пристапуваш на проблемот. Со оваков пристап полн со желба и внимание и најтешкиот карактер можеш да го смениш и да го извлечеш најдоброто од него.
    Браво!
     
    На Fallen.Angel, Stark, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  4. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Ти благодарам на зборовите, ми го разубави денов :D
     
    На sj *O* и Billy Idol им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.841
    Допаѓања:
    41.043
    Пол:
    Женски
    Не се работи за мој проблем, но би сакала да слушнам ваше мислење во врска со ова бидејќи подолго време размислувам дали можам и како би можела да и' помогнам на една личност.
    Се работи за моја другарка, која што не би можела да ја наречам најблиска, но доволно блиска за да знам одредени поинтимни работи.Значи, во врска е веќе 2 години и е во една многу, многу токсична врска, во која мислам дека таа е жртва на психичко малтретирање.Од почеток не ни знаев дека се во врска, но дознав што се случува пред неколку месеци.
    Како што кажав, не ми е премногу блиска, така што повеќето работи ги знам од заедничка другарка која што и мене и нејзе ни е најблиска, а останатите или самата ми ги кажала или едноставно сум ги сфатила низ нејзиното однесување.Имам пробано да зборувам со нејзе, но или избегнува да зборува за проблемите или дава површни изговори, како: не ми е гајле, не се замарам со него и сл.Значи главното е што си ја прифаќа врската како нормална и или не е свесна или одбира да замиже пред тоа што и се случува.
    Најлошо е што другаркава што ни е најблиска и на двете, не ја сфаќа сериозноста на ситуацијата и дава изговори како:ама се сакаат, ама така си функционираат...
    Нема да навлегувам во детали, главното прашање ми е како вие би постапиле за да и помогнете на ваква личност?
     
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    21.896
    Пол:
    Машки

    Како прво јас не би имал право да поставувам граници и да одлучувам што е токсично или не, ако девојчето/момчето не побара да разговара со мене за совет или мислење.
     
    На buba4e89, Adorabela, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.841
    Допаѓања:
    41.043
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека имам право да го кажам тоа, со оглед на фактот што другаркава е сменета мноогу на полошо од кога е во врска, буквално се уништува секој ден, се соочува со ненормална љубомора, има прекинато контакти со многу луѓе затоа што дечко и' смета дека така треба, дури до степен да сака да напушти работа заради тоа што дечкото мисли дека таа таму цело време го изневерува и уште многу работи кои нема потреба да ги набројувам.
     
  8. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.933
    Пол:
    Женски
    Јас те сваќам и сум се нашла во положба да и помогнам на таква личност но истата таа личност го одбила тоа.Тие мислат дека е крај и можеби ако и прикажеш каков е животот и дека ќе функционира и без него можеби тогаш ќе свати и ќе поправи нешто.Не очекувај премногу таквите луѓе треба да бидат треснати од земја за да си сватат самите.
    @Stark некои работи се очигледно токсични.
     
    На sj *O* и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 додека некој не побара помош не можеш да дејствуваш..
    Откако ќе побара тогаш е веќе друго
    Засега нема што да се направи
     
    На sj *O* и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    Како што веќе ти пишаа, со сила да му укажуваш на некој дека има подобро утре за него, не може, се додека сам не покаже желба. Многу лесно можеш и да испаднеш виновна, доколку се работи за личност која е слепо заљубена, без цврст карактер.

    Но доколку чувствуваш некоја потреба да пробаш да смениш нешто можеш индиректно да пробаш.

    Велиш дека има работи кои ги знаеш, а таа не знае дека ги знаеш. При разговор со неа, кога не зборувате директно за нејзините проблеми, за нејзината врска, пробај да го насочиш разговорот кон некој пример од секојдневието, дискусија или нешто слично којшто е идентичен со конкретен проблем кој таа го има(а не знае дека го знаеш), осудувајќи толеранција на таков однос, давајќи поддршка на личност која евентуално трпи такво малтретирање и слично, со цел да поттикнеш да размисли малку подлабоко.
     
    На Angie1432 и sj *O* им се допаѓа ова.
  11. waterland

    waterland Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2018
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    10
    Вака, ја и дечко ми у едно сме доста различни а тоа е дека ја сум пожива, повише ми се шета, ми се излегува додека дечко ми е помрзелив, седи дома почесто и не му се прават ствари вака надвор толку често. Мене тоа почнува да ме живцира.. идеме доста долго време, на почеток и не беше до толку по тоа дремење ама сега е апла таков станат. Секое гледање ни е седење дома, ко да ни поминало и младост и се. И ќе му спомнам и ќе каже само дека не му се излага, ако сакам да дојдам и тоа. Не знам што да правам ама не можам вака
     
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.933
    Пол:
    Женски
    Ако те сака ќе сака и ти да бидеш среќна а не само тоа што тој ќе го посака да го правите.Некогаш ќе седите дома но исто така и ќе излегувате.Ако нема компромис во работите кои ги сакате и ако само едниот мора да се прилагодува на другиот тоа не е врска,тоа е затвор.
     
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    21.896
    Пол:
    Машки

    Ако нема компромис, само ќе се создава внатрешна нервоза, бунт и немир. Кога тогаш ќе пукне.


    Јас пример со девојката имаме различни вкусови на јадење, па пример кога купуваме сладолед купуваме од различни места, таа оди лево, јас десно (растојание е околу 50 метри) па се наоѓаме на пола пат. :D
     
  14. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба ваше искрено мислење дали сум во право или не. Со дечко ми сме заедно околу една година. Во Скопје (каде што живееме двајцата) немаме услови за да бидеме сами никогаш. Он живее со неговите, јас со моите. Он има куќа во друг град и тоа е единственото место каде што можеме неколку дена да бидеме сами, но тоа никогаш не се случило. А се договориме да отидеме таму него обавезно "му се става" некој. Дали другар со девојка/жена, дали сестра му со дечко и или другарки битно сами не сме никогаш. До сега имаме отидено 10 пати и секогаш е истото. Јас се лутам затоа што стварно имам потреба да бидам неколку дена сама со дечко ми, а плус секогаш сум јас таа што чисти таму и собира после сите затоа што никој друг не се замара. Имам разговарано милион пати за ова, но он секогаш со истиот одговор, што да правам, ми се ставаат, глупаво ми е да кажам не, па после ме напаѓа дека јас сум недружељубива. Ок е некогаш да отидеме повеќе луѓе, ама стварно ми смета што цело време е така. Плус секогаш ние имаме расправии ради другите што немаат осет. Еден сака едно да јаде, друг друго, еден сака ваму да иде, друг таму и на крај ние се караме. Сега повторно сака да одиме и јас го прашав дали ке доаѓа некој друг, он вика не, ама тоа неговото не воопшто не ми е верно зошто секогаш било не и секогаш доаѓал некој. И стварно не знам што да правам дали воопшто да отидам. Што мислите вие, во право ли сум што сакам еднаш барем да бидеме сами неколку дена или премногу барам?
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.933
    Пол:
    Женски
    Не оди.Тој ако не сака некој да дојде знае ного добро како да каже но вистината е дека не сака да остане сам со тебе.
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    5.661
    Пол:
    Женски
    За некој да ви "се стави" потребно е да ви ги знае плановите. Договорете се само меѓусебе и заминете без да знае никој.
     
    На Purplelilac, Belgin1, vaga95 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Прво би те прашала по колку години имате, ама бидеќи има секакви карактери не е до годините до детето е.
    Се што сакам да кажам е следно:
    Ако сака да останите сами и ако е доволно "возрасен", нема да сака да кажи "НЕ".
    Како тоа не можам да му кажам "НЕ", а сакам да останам сам со чупето/детето?! Едноставно нема свое "ЈАС", според мене. Неможи или незнај како да се спротивстави и се прифаќа.
    Можи да му кажи дури и: "Вечерва сакам сам да останам со неа, па ако можи порано да завршиме", на никој ништо..
    Или како што кажа @boo3 ви ги знаат плановите, ако не ти тој кажал и тие се веќе тука, значи неќел сами да сте.
    Ќе си седниш ќе си разговараш фино лепо со детето до што е проблемот.
    Друга работа, мене што ме нервира МНОГУ е:
    "Се јас чистам, а направивме хаос 10 души". Молам?! Како што одиш ти таму? Како чистачка? Како женска? Значи неќам да НАВРЕДАМ никој, НО сосема е ВО РЕД некогаш и да раскрениш, да зачистиш, да измиеш, да испериш, дури и да готвиш, за него, за вас, за останатите, НО НЕКОГАШ.
    Незначи ако ти е дечко дури и маж исто така и дека е негова куќата крај краева, нон стоп ти се.
    Нив му е сеедно и се така оставаат? Нон стоп? Океј де, стани и ти заминиси, не ја сфаќам со тоа поентата.
    Океј и јас имам дечко и јас се сум правела од тоа што го кажа и кажав ама никогаш СЕКОГАШ и ПРЕТЕРАНО, се има моменти се прави, се знае кога..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Епа проблемот е што неговото друштво си се многу опуштени меѓу себе и цел живот така функционирале, затоа немале срам и доаѓале, од друга страна не може ни да се скриеме зошто повеќето живеат во исто маало и работат заедно и он мора да им каже дека ќе оди, од друга страна и сестра му е без осет. И јас имам сестра па она никогаш не би ми се ставила така без прашање како неговава.. За чистењето стварно не ми било никогаш проблем, ама претеруваат, како што кажа, како чистачка се осеќам. Они сите ќе се најадат, ќе се тргнат и остануваат тон садови, а јас сум така родена да не можам да го трпам тоа и секогаш јас ги мијам, раскревам, усисавам затоа што ако не фатам јас нема никој, а јас во прљаво не можам да седам. И да сме само ние двајца нема проблем, ама зошто да чистам за 5 души? Не сме деца он има 30год, јас 25, но он така ги има научено на глава да му се качуваат и јас сум била сведок како без да ги викне он да си дојдат, но проблемот е што он мора да се научи да каже не, утре ако се земеме така дома ќе ни прават. Но не менува ништо, се нервира и он и се расправаме и стварно веќе не можам да го трпам тоа.
     
  19. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Доволно сте возрасни за да кажете "НЕ" на некои работи, значи пак ќе кажам има секакви карактери, ама земи ги работите во свои раце, никој неќи во валкано да седи нормално, но кога гледаш дека крајот на вечерта се приближува речи му "Ајде сега ние женските, нередов да го подсобериме", стани си и почни, ќе видиш, ако имаат срам ќе станат, ако немаат, тогаш златна ке си му кажиш на дечко ти дека ова не можи вака..
    Џабе бараш совет тука, зошто?
    Затоа што сама го делиш мислењето со нас, а пак ќутиш таму, неможи така. Ќе разговараш, ќе најдите компромис, ќе решите, а ако вака се однесува дечко ти и во иднина, тогаш.. дури си со него нерви ќе си имаш како што кажа
     
    На bebaa, cresa-jagoda и Darlingzz им се допаѓа ова.
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.933
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за оф топик
    Кога ќе излеземе од тој свет каде жените се тие кои мораат да собираат по пијаните мажишта?До кога вака бе луѓе?
     
    На Purplelilac, Purelove92, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.