Извини, Уште нешто шо сакав да да додадам е: Не му помагаат чупињата, а ти гледаш да има помош од мажиштата..
Девојче изгледа не свати што сакам да кажам а тоа е дека дескриминираш.Еве сега и со овој коментар истото го правиш.Разбудете се веќе и сватете дека нема разлика меѓу машко и женско.
Ти не ме сфаќаш.. Или не ги сфаќаш Македонците/Балакнците.. Значи од 100%, само 10% знат дека нема разлика меѓу машко и женско, а другите 90%? Не дискриминирам, ја зборувам реалноста, отвори очи, знам шо сакаш да направиш и јас тоа го сакам, ама не се сменува ништо. Се извинувам ако некој навредив со наредните коментари
Промената почнува од тебе.И нема да дозволам реалноста да ме тресне затоа што таа реалност не треба да постои и не планирам да подлегнам како вас другите. Убав ден
Секој ова како тебе го кажува, но никој не е сменет, апсплутно за се, а за реалноста што зборуваш, исто така и за "како вас другите", лично за мене зборувам, реалноста кај мене е што имам дечко што е како останатите 10% и реалноста е за мене само таа и никоја друга, значи се што сакам да кажам е што не се "суди" со една реченица, а кога знаеш дека реалноста е (ова е чист пример) - маж ти е останатите 10%, но брат ти, е 90%.. Убава и пријатна ноќ. ❤
Се ова океј, ама ми остана во меморија како ти не беше сигурна дали го сакаш момчево, не пиша овде што и како се случи? Инаку за некој да ви се приклучува сигурно се "фалите" дека ќе одите и некој си се поканува сам.
Нареден пат кажете дека ќе одите на друго место пр. на викенд во Маврово и ако речат некој од друштвото да дојдат договорите се и пред да тргнете откажете им и заминете во куќата
@Darlingzz Ќе си кажете фино лепо овој пат сакаме сами да си бидеме, јас би додала и дека од луѓе сакам малце да одморам за да им дојде плус незодно. Не знам што е чудно да се каже не неможе да дојдете планираме сами да идеме, нема што да ви е вас глупо туку нив што се без осет.
Како нема да подлегнеш? Ќе ги фанеш за гуша и ќе ги натераш да мијат садови? Еве кажи ми искрено како би, јас мака си мачам со дел од другарите со години и секогаш е истиот проблем. Едноставно некои машки се такви што не фаќаат ништо и нема начин да ги смениш. Мајка им не ги научила, ти ќе ги научиш. И кај мене во друштвото ги има. И тие се истите кое на секое собирање со прст не мрдаат. А богами и не знаат. Јас другар ми на 25 години го учев дека во шопска салата не се става оцет. Не знаеше. Не се замара. Ако му ставиш на маса ќе јаде. Ако не, нема да стане и да направи. И женски има овакви, што се на готово чекаат иако машките се далеку поголем број. Последниот Мај се сеќавам дека никоја од нив не стана да раскрене нешто туку со цигарчето во уста си муабетеа. Јас со девојката на другар ми ги миевме чиниите додека он си седеше со нив и муабет тераше за Митра, Петра, Станка... И на крај, најбитно е да се подели работата рационално. Секој да го работи она во што е најдобар. Ако вие сте подобри да го зготвите јадењето, згответе го, ние ќе ги изнесеме и наредиме масите/столевите, ќе запалиме оган ако е зимо, превозот е исто така најчесто наша работа, скарата секогаш ја прават машките, како и сите физички работи. Кај нас во друштво сите си знаат која им е обврската и си ја исполнуваат. Освен тие 3-4 кои никогаш не станале да фатат нешто и нема виша сила што ќе ги натера.
Здраво девојки, ми треба помош од вас..вака сега имам дечко и сум во врска 2 год. Е сега што ме мачи.. дечко ми сака да оди на размена во др држава амаааа јас не сакам да оди затоа што не можам да му верувам целосно..ќе си речете овие 2 год се во врска а ти не му веруваш како така..епа вака пред 4 5 месеци ме имаше "варано" со една од срб ама преку нет знаете како иде тоа срцка мрцка прати слика ова она..и сеа јас тоа го заборавив и му простив ама сега ме копка пак да не направи нешто а јас нема да дознаам.. плиссссс кажете ми што треба да правам мн сум збунета
--- лелее деца што ви направи нетов,,,, па јас сега ве замислувам си седите на кафе и преку вибер комуницирате,, само сексот ви е заеднички ... без навреда ама така ве замислувам..
Уживај млади сте ќе си најдеш друг ако најде друга ич да не се замараш животов ќе ти носи поголеми проблеми нема потреба да му ја мислиш за ситници