Веќе разговаравме два пати во живо, но не ми кажува ништо конкретно, се’ уште се двоуми и не е сигурен што сака.. Не сакам да го гледам таков. Не знам како можам да му помогнам.
Ќе му помогнеш ако го оставиш малку. Кажи му дека си соне, дека го сакаш, сакаш да сте заедно, ама не напнувај, остави го
Ах бе, другарче колку само те разбирам кога ради цифри те гледаат со други очи. Едно од најболните нешта што сум ги доживеала е да се замерам со многу сакани личности поради пари. Личности на коишто толку и материјално и духовно сум им се нашла, што пари не требало ни да бидат тема на обичен разговор, не пак расправија. Колку да ти кажам, твојата струка не е воопшто за потценување, само среќата треба да ти се насмее. Баш познавам една пријателка баш од тој сектор, многу јака плата зема. Над 30 беше сигурно, ако добро се сеќавам. Да погодам од трипати, но двапати во себе, нејзините исто така да не се доктУри? Пошо обично некои од нив си имаат оној еЌимски трип - на светов постојат 1) лекари и 2) други луѓе. Смејурија. Работоспособен, вреден, едуциран човек, пред се' што им ја гледа ќерката како капка вода на дланка само на искомплексирани луѓе може да не им одговара. Девојчето ако е погодено и те сака поради тоа што си и не ги дели сфаќањата на родителите, терајте понатаму. Но, ќе ти кажам нешто многу важно. Обидете се колку што можете да се створи ситуација во којашто ќе има цивилизиран однос во којшто никој никому нема отворено да му го искаже незадоволството. Односот со нејзините и со твоите е битен. Јер, ова е Балкан и во најмодерните фамилии, со младите заедно се венчаваат и старите. Сакале или не, ќе сакаат да бидат вклучени во вашите животи, само вие ќе штелувате до кој степен, тука за тоа никој не смее да пререче. Вашата љубов е најбитна, ама сеа пред да фатите поголеми чекори да праите, гледајте да се запознаете, колку што можете да нема лутина меѓу вас што ќе доведе до прекин на цивилизирани односи, да не дозволите понижување, особено тоа не, бидејќи според она коешто го прочитав, ти си искрен и пред се' горд човек. Избегнувај ситуации во коишто таа гордост ќе ти биде поразена затоа што колку и сега да викаш нема врска, таа негативна енергија понатаму може да ви се одрази на односот со девојката и таа може да страда од повредената гордост. Неговите вака ти рекле, па си се натажил, па твоите дознале, па еднаш, двапати, петпати, па на твоите ти си им дете на крај краева, не можат да се објективни, ќе им се испушти и така зачаран круг од негативна енергија. Ова многу добро знам дека е возможно. Вака, оди уште еднаш, разговарај фино. Кажи си ги намерите, ако нешто ти преречат на таа тема, кажи им дека ти е неверојатно мило што си во комуникација и блискост со толку интелектуално семејство и дека ќе ти биде мило доколку продолжи односот којшто доликува на такви лица, инаку пресекувај во корен секаква комуникација во момент кога ќе почнат навреди. По некое време, ќе видат ќерката колку им е среќна, ќе попуштат, ништо чудо и сине да ти речат. Само, избегнувајте атмосфера во којашто сите не се почитувани. Верувај, Ромео и Јулија да се, ќе им се одрази на односот.
Vrska vo koja ti ne se dvoumish dali sakash pauza ili ne, nitu pak edniot ochigledno saka da bide osaven sam i kako shto velish " ne se trudi".
Феминки здраво,ми треба ваше мислење.Бев во врска 8 месеци и прекинавме пошто на типот толку му биле врските не можел повеќе.А бевме цело време заедно и се беше во ред со врската.После раскинувањето се беше во ред,не комунициравме,не се сретнувавме ,он имаше нова женска(а се фати со нејзе 2 недели од кога раскинавме).И јас си мислев толку,нема да си се газам сама себе,ќе си се ценам и нема да мислам на него,не вреди едноставно.Вака беше 6 месеци.Пред 2 недели се зближивме и почнавме пак да се гледаме (заедно во друштво).Седиме заедно,ама јас сум ладна од надвор а од внатре мислам ќе прснам.И знам ама знам,дека пак ќе се деси нешто,осеќам.Многу ми се испомешани чувствата и не знам што да правам.
Очигледно на типот не му се приоритет сериозни врски туку цело време сака нешто пролазно. Не го кажувам ова туку така туку поради фактот што кажуваш дека после две недели бил во нова врска. Најдобронамерен совет тргни се од таков човек и смири си ги емоциите бидејќи се гледа дека ти сакаш нешто сериозно а тој си брка авантури. Бидејќи не мора абантурата да биде една вечер или една недела можњ и во ваков случај. Тргни се навреме за да не бидеш уштњ повредена.
Да,типот одма се фати со друга после мене.Ми беше премногу криво бидејки јас сакав посериозно.И знам дека ќе биде истиот крај ако се деси нешто.Еднашка бев повредена и се пазам да не бидам пак.А премногу ми фали ,но не можам да си го направам тоа на самата себе.Ќе испадне дека сиот овој труд со месеци го фрлам во вода.Држам дистанца од него,но ме копка нешто.
Не се предавај следи си го разумот. Не можеш да бидеш со некој со кој не делите иста цел. Секој заслужува да го добие она што го сака Ти заслужуваш подобро од него Нема што да те копка во 8 месеци е доволен период да го видиш некој каков е реално..нема што да видиш повеќе од тоа Човек не се менува
Ти продолжи со тоа темпо, дистанца, гледај како ќе поминва времето и што ќе се случува, остави се на времето, не прави чекор, не прави ништо, едноставно пушти се, но велиш уште имаш чувства кон него, ако е така гледај тој што прави, до кој степен ти се приближува и сл. Не се сложувам со коментарот од @JoanaS , Зошто? Човек се менува ( во овај случај барем да) , познавам толку големи "пичкаришта" што вчера збореа како сакаат само авантури, а денес "Сакам оваа да ми биди мајка на моите деца". Слушај го срцето, види што прави како прави, ако еден ден дојди до повторна врска, ти со него ќе си зборниш шо сака, а шо не. А исто така детето ти кажал каков е во врските, а ти си прифатила да продолжиш знаејки го тоа, ниту играл "прљави игри" со тебе ниту те лажел, кажал што е, ама тогаш, не мора да значи дека и денес е таков, не е табиет тоа да не можи да се смени, тоа е од простотилук и од "Види ме кој сум". Како велат, волкот го менува влакното, ама табиетот никако. Опушти се и дај му време на времето да видиш што понатаму. Среќно!
Не очекувај да се смени. Верувај и повторно да се смирите, тој истиот ќе си биде. После неколку месеци повторно ќе се испонаша исто, а тоа дупло повеќе ќе те повреди. Јас би ти рекла и дека не е баш добра идеја да бидеш во негово друштво додека сосем не го преболиш. Дај си време, преболи ја врската па потоа и да се најдете во исто друштво ќе немаш никаков проблем со тоа.
И што ако бидеш пак со него пак ќе те шутне за друга.И се така ќе се вртите во круг.Продолжисо со животот.
Моето е немање доверба кога се социјални мрежи во прашање. Еден бивши така си лајкаше и пишуваше и се договараше за средби. Сигурно и ваши другарки не го сакаат тоа лајкање кај ќе стигне, плус не зборам дека лајка славни личности туку девојки што на прв поглед се лесна мета, а дали се за лајк лесна мета или за друго тоа сами си знаат
@Chopard Jao шо го мрзам ова, крај ми е. Нека пише на сите кокошки фотошопирани, ево петче на раче, ко против нивна волја да учеле во теолошки школи и биле држени подалеку од жени и девојки па сеа, ајде све да пробаме. Пред сегашнава врска, излегував со еден таков. Многу кратко, кога приметив синдром неизживеаност одма пресеков. Па и на братучетка ме оговарал викам „ааа друже сељо со тапија си, ајт.“ Неизживеаност левел ... не постои толкава бројка. На една ѝ бев менторка лани, леле луѓе мои девојчево на инста дама, очи, коса, става. Во живо сосема поинаква приказна. Ај и јас се избрукав кога ми прати барање за пријателство ѝ пишав дали се познаваме Нишо, после се извадив дека профилната слика ѝ била во црно-бела техника па не сум ја познала веднаш. Бар овој сеа не се праи невина Мара, шетал свет, праел, бил, пустел, ама со него можам и литература и историја да дискутирам. Што и да биде помеѓу нас во иднина, засега, во секој поглед поминувам квалитетно време. Он е графички дизајнер инаку и на профилот влегува само за идеи во врска со проектот на којшто е ангажиран. Видел он, поминал тоа и не му е интересно више.
Здраво.... да прашам.... Имам дечко, во врска сме 1 година скоро.. Пред некој месец седејќи во друштво (во кое беше и он) ми беше досадно, па гледав во еден тип кој само мислам дека е згоден, ништо повеќе. Мислам дека изгледа добро и тоа е тоа, не би имала ништо со него ниту пак би го изневерила дечко ми со било кој. Е сега, ми беше досадно а дечко ми правеше други работи, и јас така гледајќи во типов почнаа да ми идат сексуални мисли, што мислам дека е природно бидејќи сепак, животни сме. Повторно напоменувам дека не БИ, и НЕ САКАМ да имам ништо со тој тип, чисто беше имагинација и истражување со мојот ум. Сега, после два месеца од случкава му текнало на тој момент, почна да ме притиска и да ми се заканува да му кажам, и јас од страв да не ме остави му кажав дека замислував сексуални ствари. Јас му кажав дека дури и би посетила психолог за да помогне околу ситуацијава. Кога го слушна тоа, ми рече дека сум гадна курва, ѓубре, стока, одвратна, дека сака да умрам, дека сака да ме убие, дека ќе ме повреди толку многу што самата ќе се убијам и дека не сака веќе никогаш да ме види, дека никогаш кон никој во животот не осетил повеќе омраза. Инаку, тој има гласно и ексциплитно пред мене коментирано за други тела, знаејќи дека имам проблеми со самодовербата баш за тие делови од телото, и ми има кажано со колку згодни колешки работи и дека се како од порнич излезени и дека го привлекуваат.
Да, а и дали е навистина толку лошо да можеш да си замислиш нешто со друг додека си во моногамна врска?
Мојот прв комемтар:Илл блак фуј одвратно. Незнам како можеш да одиш со толку одвратен тип како твојот дечко.Па одозгора на се ќе одиш на психијатарТи девојче се што треба да направиш сега е да го блокираш од сегде и да си продолжиш со животот.И на ова нема потреба од никакви совети се знае дека само крај е решението.
Нормално е да те привлекува друг. Раскини дур не почне да ти се одмаздува психопатот за тоа, па да страдаш.