Зошто се плашиш да бидеш оставена од некој кој не те почитува, те омаловажува и потценува? Тоа би ти била најубавата работа што може да ти се случи во врска со таков човек. Воопшто немаш што да му објаснуваш, тргни се од него. Млада си, сигурно ќе најдиш некој што ќе те почитува и ќе третира како човек, а не како објект.
Fala vi na sovetite, izumiv uahte vcera da vi pisam, devojkata mi rece deka mnogu me saka se cuvstvuva sigurna i saka da uspeeme so vrskata bez razlika na se. Vo kratki crti toa e, iako sedime i po 4 5 saati i pominuvaat kako saat.
Helouu decki sakam da ve prasam spored vas koga e vreme za da se fati decko poso site imaat a mene ne mi e rabotata samo da fatam nekoj i da se falam
Кога ќе бидеш спремна за врска. И секако кога ќе најдеш некој соодветен, мислам да се погаѓате во муабет и во другите работи, се по ред
Дечко не е само колку да имаш некој, оти другите имале. Кога ќе најдеш личност со која сакаш да си во врска, тогаш е време да бидеш.
Дечко ти е психопат и треба да го оставиш.Замисла и реално неверство не се едно исто. Нормален човек само би ти се налутил,а штом дечко ти ти прети,треба да се оддалечиш од него. Не треба да фатиш дечко поради другите,туку поради себе. Кога ќе ти се допадне некое момче,ќе знаеш дали е материјал за дечко.Треба прво да бидете добри пријатели,да се запознаете.Треба време за тоа.
Здраво на сите! Со дечко ми сме заедно три години.И двајцата сме над 20години. Во тие три години имало многу карање и смирување. Во врска со интимен живот никогаш не сме дошле до крај. Тоа е заради моите недоумици и преголем страв од бременост, болка и слично. Јас сум таков тип на човек што сакам многу отворено да се разговара за се и сешто и да прашувам разни прашања, што нему воопшто не му се допаѓа и затоа не можам никако да се ослободам. Сепак мислам дека ако дојде до тоа воопшто да не го прашувам ништо ќе го изгубам интересот за него. Оваа година би требало да одиме на одмор заедно. Дали тоа е правилно, дали ќе се споиме повеќе или да не си губам веке време? Сепак јас од секогаш сакав со него да го направам "големиот чекор". Дали јас сум забегана или сепак сум во право? Сепак немам големо искуство со машките.
Треба да разговараш со него и тоа поопширно.Врската нема да издржи ако има многу тајни или дури сомнежи. Дечко ти не е должен да ти дава извештај,но не треба ни премногу да крие. Не го притискај,полека пристапи кон разговор. Размисли дали тој е вистинскиот за тебе.
Се обидувам да разговарам на сите можни начини, ама пак не знам како толку го напнувам со секојдневни теми што од секој обичен човек би добила одговор. Сепак јас така ја сфаќам една врска. Постепено зближување, разговарање на различни теми и заедничко растење. Не велам дека е толку лошо ама кога ќе дојде до убав течен разговор се плашам да не згрешам нешто па ќе прекине муабетот. Многу бавно дознавам се за него, од почеток беше интересно а сега губам нерви. Што повеќе мислам, повеќе се блокирам и повеќе се двоумам.Многу overthinking ке ме убие. Сепак три години не се мал период.
Искрено, штом за 3 години не си успеала да се опуштиш со него, а плус и односот меѓу вас не напредува, можеби не е лошо да размислуваш и за прекин на врската. Многу си млада да пробуваш да спасиш врска која се гледа дека има недостатоци на многу нивоа.
Кажите ми совет бивши ме упорно замарат ја ги откачувам ама и со непознати ѕвонат и ми наштетуват на сегашната врска, и дечкоми ми се за глупости луте и сумја?
Не одговарај на непознати броеви некое време,а разговарај со дечко ти,посвети му се повеќе. Затоа направи широк разговор со него.Кажи му дека вака не ти е пријатно и ако не се согласи да биде поотворен,речи му дека ќе му раскинеш.
Едноставно блокирај да не може да ти звони непознат број и решен проблем. Колкави ли ти се бившите што се понашаат ко мали деца ..
На твое место јас би му дала телефон на дечкото , па тој нека се расправа со нив ( ако немаш опција за блокирање на непознати броеви ) . Ако имаш опција за блокирање на непознати броеви , блокирај и аривидерчи .
Ќе го блокираш од секаде нормално и ќе си наместиш забрана за приватни броеви. Мислам дека не е добра идеја да не одговараш на непознати броеви како што рече @nextredstyle , денес се сé случува и некогаш можи некој да ѕвони од било кои причини ( за добро или лошо ), но секако доколку ти ѕвони од други броеви кога и да слушниш дека е тој ќе исклучиш, а многу е важно колку го игнорираш, не се замарај да му објаснуваш да не те замара и сл., таквите дечиња не сфаќаат ( истата ситуација ја имав ), во краен случај смени број, ќе види ќе не види ќе се откажи
Може да им каже на семејството и пријателите да не вртат со скриен број.Тоа не е комплицирано,а на типот ич не треба да му крева,инаку нема да се откаже.
Извини ако те разбрав погрешно, но јас сум против за кревање на приватни броеви, а на непознати, секако би се јавила, од кај знам кој е, што сака или ете во каква мака е.. А доколку некој ти ѕвони со приватен/скриен како што вели @nextredstyle едно 99% немаат мака туку ради ете ајде деца да бидиме малце, тоа ми беше муабетот..
Немам друго решение и немам од кого да побарам совет па решив да напишам овде.Вака се работи за тоа што сакам едно момче,цело лето бевме заедно(се бакнувавме,излегувавме....)Но сега незнам што да правам неможеме да се видиме бидејки живееме да речам 20-30km одалеченост но тоа не е проблемот(постојат автобиси)но јас неможам незнам како моите ми дозволуваат школо-дома а и да ми дозволат сестра ми мора да биде секогаш со мене.А исто така и он имаше женска но нешто се јако скарани и не одат и сега ме плаши фактот што повторно се пратат а тој ми кажа дека се јако скарани.Незнам што да правам,многу го сакам.Помош?