Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ќе го блокираш од секаде нормално и ќе си наместиш забрана за приватни броеви.
    Мислам дека не е добра идеја да не одговараш на непознати броеви како што рече @nextredstyle , денес се сé случува и некогаш можи некој да ѕвони од било кои причини ( за добро или лошо ), но секако доколку ти ѕвони од други броеви кога и да слушниш дека е тој ќе исклучиш, а многу е важно колку го игнорираш, не се замарај да му објаснуваш да не те замара и сл., таквите дечиња не сфаќаат ( истата ситуација ја имав ), во краен случај смени број, ќе види ќе не види ќе се откажи :)
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    11.845
    Пол:
    Женски
    Може да им каже на семејството и пријателите да не вртат со скриен број.Тоа не е комплицирано,а на типот ич не треба да му крева,инаку нема да се откаже.
     
    На MeAfterYou му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Извини ако те разбрав погрешно, но јас сум против за кревање на приватни броеви, а на непознати, секако би се јавила, од кај знам кој е, што сака или ете во каква мака е..
    А доколку некој ти ѕвони со приватен/скриен како што вели @nextredstyle едно 99% немаат мака туку ради ете ајде деца да бидиме малце, тоа ми беше муабетот.. :)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Uniqpro

    Uniqpro Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    11
    Немам друго решение и немам од кого да побарам совет па решив да напишам овде.Вака се работи за тоа што сакам едно момче,цело лето бевме заедно(се бакнувавме,излегувавме....)Но сега незнам што да правам неможеме да се видиме бидејки живееме да речам 20-30km одалеченост но тоа не е проблемот(постојат автобиси)но јас неможам незнам како моите ми дозволуваат школо-дома а и да ми дозволат сестра ми мора да биде секогаш со мене.А исто така и он имаше женска но нешто се јако скарани и не одат и сега ме плаши фактот што повторно се пратат а тој ми кажа дека се јако скарани.Незнам што да правам,многу го сакам.Помош?
     
    На Packka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    2.320
    Пол:
    Женски
    Ти нема помош
     
    На Ladybug98, Sofi.ja, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    3.062
    Пол:
    Женски
    Јако скарани ... Колку години имаш?
    Значи тој ја изневеруваше девојката со тебе и сега ти се плашиш дека ќе и се врати? Па тој секако бил со неа, а истовремено и со тебе.
    Туку дај почни да се цениш себеси и биди со некој на кој ќе му бидеш единствена, а не резерва.
    Мала си, ќе научиш :)
     
    На Purplelilac, Sofi.ja, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sanja.com

    Sanja.com Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ako nekoj covek jasno ti dade do znaenje deka ne saka da odi da nekoi mesta a na istite mesta se slucuva da izleze so drugari/kolegi sto treba jas da pomislam?
     
  8. Alisa22

    Alisa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Да го прашаш зошто го прави тоа.
     
  9. marija305

    marija305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    2.212
    Пол:
    Женски
    Тој не сака другите да го видат со тебе, подалеку од ваквите.
     
  10. dead.flower23

    dead.flower23 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    zdravo jas imam 19 godini se zapoznav so nego pred povejke od godina dena na instagram i nikogas ne sum pocustvuvala pogolema konekcija ednosavno toj e toj,. posle 2-3 meseci pocnavme vrska..toj e od tirana roden e vo atina i ziveese tamu 14god pred da se vratat vo tirana. On e pravoslaven od mn dobro semejstvo kulturen so maniri i mnogu pameten. on dojde vo skopje da se vidime i odtogas zapocna se go sakam me saka onaka ludo kako sto otsekogas sonuvav. Moite roditeli se nacionalisti i rasisiti za zal.. jas toa go znaev i znaev deka mojata vrska so nekoj od albanija e nedozvoleno i im kazav deka e od atina i majkami srekjna mi davase pari da se gledam so nego i jas uzivav on ne znaese deka gi lazam.. se toa bese slatko se do pred edna nedela koga go vidoa poklonot tirana -skopje ramka so nasi sliki i togas pocnaa zakani kavgi mi kaza deka nemam vejke majka da se selam kako mozam da idam so ''neprijatelot'' pocna da me narekuva so pogrdni iminja ku*va ...pocnav da im objasnuvam no nejke da cue.. dodeka bese grk bese se ok prifaten dobar covek a sega naednas jas stanav ku*va.. On celo vreme place i nejke da me izgubi i jas nego isto povejke nemam pari da go vidam isto i pocnuvam fakultet za nekolku nedeli.. sve e haos ne se sedi vo kukjata samo zatoa sto on ima pasos sto na niv ne im se dopagja, Ako moze nekoj sovet kako da se spreci ovoj rasizam vo 21 vek :)
     
  11. (:strawberry:)

    (:strawberry:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    589
    Знам како е со такви родители , ама не можеш да ги смениш нели? Разбирам тоа што викале и те карале , ама да си го наречеш курва соптвеното дете , ич не ми е во ред. Види ако има тој услови бидете заедно , ама и не можеш ако си со него да не зборуваш со своите. Сепак ти се родители и ти мислат најдобро . Пробај да им објасниш дека тој пред се е добар човек и дека за љубовта не е пречка верата. Со среќа
     
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    3.469
    Пол:
    Женски
    Можеби другарите/колегите сакаат таму и не сака да ги одбие.
    Има места кои не ги сакам, а другарките сакаат таму, па одам, а со дечко ми не сум била.
    Сепак, прашај го.
     
  13. Sanja.com

    Sanja.com Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Нив не може да ги одбие а мене може? Иако ми е голема желба да излегувам на вечер со него музика пијачка., играње заедно како пар...
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    11.845
    Пол:
    Женски
    Не вреди да си го трошиш времето на таков.
     
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    3.469
    Пол:
    Женски
    Во тој случај не е во ред.
    Едно е да не сака на одредено место, друго е воопшто да не сака на вечер на такви места.
    Кажи му дека ти е желба, види како ќе реагира.
    Ако не, во право се членките погоре, не вреди да си го трошиш времето.
     
  16. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Сакам да зборувам за еден проблем, не се работи за мене, туку за моја блиска другарка со која живеам цел живот, куќни пријатели сме и комшии.

    Прв пат не знам како да постапам.
    Пред две години другарка ми стапи во брак бидејќи остана бремена од тип кој воопшто не е сериозен (од некои сознанија и сигурни извори летово беше избркан од станот во друга држава кај што работеше поради дрога и нарушување ред и мир) уште од кога започна бракот заминаа во странство кај нејзините родители додека и тие беа таму, бидејќи не ја прифатија неговата фамилија, па дознав дека типот ја малтретирал физички и психички, таа се разиде со него, се врати кај стариот дом во Мкд и по некое време пак истата случка со ист редослед, смирување и карање и враќање назад.
    Најлошо е што таа планира и трет пат да го стори тоа, лично од нејзе дознав.
    Се мислев дали да ги известам нејзините, бидејќи тие страдаат поради нејзе, страда и нејзиното дете а родителите се исушени од работа за да и овозможат да има се а таа планира да им врати на лош начин и покрај забраната да биде со него.

    Знам дека не е моја работа да се мешам во туѓи работи, но таа тоа што го прави не е нормално, се случувало наместо да обезбеди храна и облека на своето уште некој месец две годишно дете таа ги троши за себе, од скапа гардероба до наќит а детето да јаде сваки дан једно исто, коските му се бројат.
    Пред некој ден се случи нешто што не ми даде мир и ме натера да пишам овде... таа на мобилниот нон стоп се допишува, детето ја фаќаше за нога, се влечеше по нејзе плачејќи за јадење, оваа нема абер, морав да го занимавам детето за да му го одвлечам вниманието додека дотичнатата се допишува со кој знае кого.
    Размислувам да се изолирам некој период, но сакала или не сакала ја гледам секој ден, не знам како да и кажам, од една страна ќе испаднам љубоморна според нејзе во нејзините очи, од друга страна ќе се каам што не сум превземала нешто да се среди тоа.
    Жал ми е за нејзините, за брат и, за мајка ми, за сите нас што сме и блиски и го користи нашето добро, не сме луѓе кои би извисиле свој човек во најтешко ама илјада пати и е зборувано.
    И не ми е толку за нејзе, колку за нејзиното дете што мајка му го занемарува.
     
  17. piksooki

    piksooki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    2.320
    Пол:
    Женски
    Кажи ја.Знам дека е нејзин живот и бла бла но очигледно не е свесна на колку погрешен пат оди.Жално е и за детето бидејќи и ќе и го земат ако не се грижи.Кажи ја можеби тоа ќе и удри во глава па ќе промени нешто кај себе.
     
    На cresa-jagoda и A_star им се допаѓа ова.
  18. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го има и една моја комшивка. Според мене таквите потешко се менуваат, и мој еден збор шо често пати си го кажувам е: "Не се станува мајка само со раѓање", таа требала одамна да го пријави "мажот" за семејно насилство.
    Кај мене во комшиите исто трпеа многу, и на крај баба му на детето си го посвои внучето, а неа ја исфрлија од дома, со право шо јас го оправдувам.
    6 години овие "тортури" му ги праеше дома и на крај - видоја невидоја - ја исфрлија од дома буквално..
    Зборот не ми беше ова, само споредив пошто на ист пат е комшивката твоја, еден ден можат детето од социјално да и го земат и нема да пати толку, колку шо другите се навикнати на малото.
    А таа ако продолжи со тој памет и детето ќе биди вклучено во тоа семејно насилство за брзо, ама таквите "мајки" не размислуваат на ништо друго освен на к*р (се извинувам на вулгарноста)*.
    Потрудисе ти, зборувај и, прај се шо можиш ако сакаш да и помогниш, иако немислам дека ќе има корист, ама види, и не размислувај "ова ќе си мисли, она ќе си мисли", таа и онака "ќе си мисли" еден ден кај и е глата, ама касно ќе биди :)
     
    На cresa-jagoda, A_star и Milobebence им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    11.845
    Пол:
    Женски
    Извести ги нејзините родители и потоа не комуницирај со неа повеќе.
     
    На cresa-jagoda и A_star им се допаѓа ова.
  20. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Еве и да се решам да и кажам, а сум сигурна дека ќе го направам тоа, ќе го направам по некој месец, кога ќе се вратат од странство, не можам преку телефон, без докази и останато бидејќи таа е способна да изглуми жртва, да прикрие, да избрише разговори за да не можам да го докажам истото.
    Но не знам како се уште, не можам едноставно да кажам - вашата ќерка планира да го направи тоа и тоа, кога таа и пред нив глумеше убедливо дека не сака да се поврати повторно со него.
    Се тргнав од нејзе, неколку дена е игнорирана, па ќе видам како ќе одат работите во иднина.