Како да ме опиша мене , буквално и дечково како истиот сељак и манипулатор со кој јас се гледав едно време вака се однесуваше и за темите за брак исто скроз , еве ти од лично искуство мани го, доволно кажува тоа што кога сте му пишале од друг профил како се однесува , потешко и полошо ќе ти биде ако му веруваш на ваков сељак! Ќе најдеш многу подобар , не е вреден овој нека си тера со која му се најде , изгледа така ти викал дека сакал може да го засакаш па да те батали или те лажел ти симнувал ѕвезди, биди паметна и батали го, не е лесно, ама верувај уште помалце е лесно да те завлекува некој со глупи лаги како децата од 10год
Кој е способен за краток период да процени дека баш таа е личноста со која ќе го помине остатокот од животот? Кога ги знае само надворешните карактеристики
Премногу е рано да се осознае дали со таа личност ќе остане до крај. Тоа е финта, на која ние паѓаме.
Дечки ми треба совет и да поразговарам со некој за една ситуација. Знам дека е за тоа темава, но не сакам да пишувам јавно. Ако има некој време нека ми пише лп.
Како се справите кога дечкото е нервозен и си имат проблеми со домашни работи и на крај да ја оставиш девојката без разлика дали ја сака или не а после толку неколку месеци ?
Доколку некој е free да ми пиши во инбокс за мојот случај, би сакала да поразговарам. Бев премногу наивна и кревка, сакам да го сменам тоа
Што да правам... вака еден дечко ми пишува веќе месец дена, и му вика прашај отворено што те интересира. Го прашав дали раскинал со женската оти забележав дека нема слики затоа му вракам. И ми вика да крај е со неа А забележав дека уште ја следи на инстаграм Како да го прашам на фин начин а да не испаднам нападна. Како да ја отворам оваа тема пак глупо ми е
А што би го прашала? Зошто ја следи на инстаграм? Ако ја има на социјални мрежи, не значи дека сеуште се заедно. Најдобро ништо да не прашуваш. Разбирам дека сеуште не му веруваш, довербата се стекнува со тек на време, ама не мораш ни да му даваш до знаење дека го проверуваш и се сомневаш во него.
Епа баш затоа, што ако излезам на кафе и дознаам дека уште не ја забравил/расчистил со неа, уште одма ке се скараме..... затоа мислев преку пораки да го распрашам. Ми потврди дека не е со неа .... ама нејкам да испаднам утеха Бевме заедно еднаш кога имав 16 год детска љубов, се знаеме .... Ни оди маабетот
Ама што имаат врска социјалните мрежи со тоа дали ја заборавил? Веќе си го прашала и ти кажал. Тој ако сака да те лажи, ќе те излажи повторно. Или му веруваш или не. Другото времето ќе си покаже. Ако толку сакаш, прашај го, што да ти речам.