Веќе ти кажаа дека тоа што ја следи на инста не мора да значи ништо.И јас сум пријател со еден бивши на фб па никому ништо.Како и да прашаш секако ќе испаднеш нападна,ќе биде дека си проверувала кој следи он на инста.Он може расчистил со неа но некој не можеш туку така да заборавиш.Ти ни на кафе не си искочила а уште сега мислиш дека ќе се скарате,искочи,пробај дај му шанса.Веќе ти кажал нема ништо со неа нема потреба да навалуваш.
Во небрана ситуација сум и сакам да слушнам ваше мислење.. Веќе една година сум заедно со дечко ми (ако може така да се каже) бидејќи досега сме немале односи, ама се функционираше во најдобар ред и ме сака и почитува како никогаш досега...пред некој ден му кажав дека нема потреба да ме чека и да си го губи времето бидејќи не можам да имам односи со него (од различна вероисповед сме и некоја внатрешна сила не ми дозволува да имам односи со него) во меѓувреме се појави едно момче од работа кој почна да флертува со мене и тој сака да го избришам од секаде момчето, многу го сакам дечко ми и тоа што чувствувам за него е неосписливо ама и ова момче ми се допаѓа и во мојата глава се е измешано не знам што да направам И да го избришам ова момче секако нашата врска нема да трае уште многу а не сакам да има лошо мислење за мене и да биде со мислата дека сум го оставила поради друг
Ако се двоумиш значи не го сакаш дечко ти и ако мислиш дека нема да трае долго подобро раскини и терај си понатака до животот ,плус различна вероисповед ,секако таа врска нема да трае.
Глупости.Ако не можеш да одиш со некој од друга вера оди со некој од твојата.Очајни сте за вакви работи искрено.Да бев на негово место јас ќе ти раскинев уште кога ќе ми го кажеше тоа за верата.
Сите сте овци на општеството.Ако пред носот што ти се сите се со некој од нивна вера не значи дека тие бракови и врски на луѓе со различна вера не успеваат.
Абе прави се ти паметна колку сакаш ама во реалноста е сосема друго ,така да извади розевите очила и почни да гледаш реално.
Хахахахахах всушност ти извади ги црните очила наметнати од другите.И не давај примери како оној погоре кои не се точни.
Да не се лажеме се знае на Балканот како неславно завршуваат тие врски ,јас сум само реална не се правам као да се супер а у реалноста сосема друго. Познавам многу такви примери ,фати си дечко Албанец и кажи им на твојте па види како ќе изреагираат ,сигурно ќе пукнат од среќа .
Имам дечко од друга вера затоа и така реков.Не сум тип на човек кој нема да биде среќен за стандардите на општедтвото да бидат исполнети.Сега засега се оди супер од моја и негова страна.Исто така имам познаници кои успеале во ова.Точно повеќето нема да успеат затоа што се плашливи играчки во рацете на општеството.За мене тоа не важи.Љубовта ја ставам на прво место. Поздрав и убав ден.
Во врските од различна вероисповед , најважно е младите да се среќни и да се почитуваат меѓусебно . Потоа доаѓаат родителите и блиското семејство . Народот и онака ќе зборува , уста не можеш да им затвориш на луѓето .
Ти го оставаш поради друг, ама сакаш да ти дадат совет овде и идеја како да испадниш дека не е така. Биди храбра и кажи му.
Не си требала ни да почнуваш ништо со него штом проблем ти е различната имагинарна креација, зашто уопште си му губела 1 година од животот? Расчисти и продолжи понатаму.
Здраво. Се гледам со еден дечко веќе месец дена и многу ни е убаво заедно се сакаме ама моите воопшто не ја одобруваат нашата врска затоа што нема завршено факс а е постар од мене и тоа ми прави стрес многу мислат дека ми е пролазна фаза и дека само тепам време со него и дека треба да го откачам кога ќе се најде некој посериозен. А многу сме заљубени и стварно ми е тешко
Не се тие со него туку ти.Тоа ти со кој ќе бидеш е само твое право.Дури ни родител не смее да се меша.
Скоро сите бивши ги имам на социјалните мрежи, со овој последниот што раскинав дури и лајкови уште ми става а немаме никаков контакт. Он ти кажал дека расчистиле и тоа е тоа, ако те лаже сам се лаже, а ти биди си со мирна глава и не се замарај за глупости реално. Ако сака да биде ќе биде.
Можда, само можда... Раскинаа на пријателски начин. Или пак, не ја гледаат важноста на Инстаграм. Нема шо да прашваш. Дали уште ја сака можиш да дознајш само на кафе или ако директно прашаш. Пратење на социјална мрежа не е мерило. Можи да ја сака ама од инает да ја избриши, не можиш да знајш. Ако сакаш да бидиш до дечко ти - биди. Ако неќиш - раскини. Дали дечко ти го гледаш како навика и го сакаш како другар? Ја добивам та импресија. Одговори си прашањето. За тој новиот: изневерување е секогаш лошо. Ако планираш да излезиш со него макар и да е пролазно - раскини со дечко ти. Се сакате и сте заедно. За другите гајле да не ти е. Евентуално зборни со родители зошто не го сакаат. Ако има разумна причина - можиш да послушаш. Ако едноставно не го сакаат - немој.
Од како престанав да зборам со поранешниот поминаа 4 год, повеќе беше моја вина за тоа што раскинавме , иако секакви стресови преживеав...ми беше ок после некое време не паѓав во депресии и сл, но после тоа немам никаква желба да зборам со некој , ниту пак да бидам со некој , ми пишуваат многу машки на Инстаграм , немам никаква желба да зборам ни со еден од нив , немам желба ни да зборам на тел, камоли да се запознаам лично, убави се повеќето од нив, но толку имам изгубено желба што веќе почнав да се загрижувам , сепак поминаа повеќе години од како раскинав не ми ни фали искрено, всушност никој не ми ни фали, додека од друга страна понекогаш е подобро да имам некој, не знам што да правам не можам вака вечно...никогаш не сум била во ваква ситуација не знам како да си помогнам
Holaa guys, претежно сум не активна на форумов, меѓутоа имам проблем во врската, мој дечко има психијатриско досие, поточно кажано паѓа во ступор, дајте некој совет, што е ступор, што ако западне пак, како да му помогнам, многу е затворен во однос на таа тема, не знам што да правам, а доста ме мачи помислата на ова, посебно тоа што случајно дознав и негираше доста време, за на крај да признае, совеет?