Што кога на прв состанок не почувствувате никаква хемија? Се супер во однос на разговорот со личноста но ја нема таа енергија и хемија, баш како со другар да си на кафе. Давате шанса понатака или кажувате како се чувствувате и прекинувате секаков контакт?
Не знам... Не кликнав со него како што сум кликнала со друг. Не можам ни да објаснам, но сум се чувствувала други пати повеќе од ова сега после прв состанок.
Не знам кој би бил најдобриот начин и како да постапам и дали воопшто вреди да дадам уште една шанса.
Мислам дека веднаш може да се осети разлика помеѓу некој кој ти се допаѓа како потенцијален партнер и некој со кој што можеш да оствариш само другарски однос и по мене, ретко дека се менува тоа чувство. И јас така имав една личност, ми беше смешен, ми помагаше доста, не изгледаше лошо ама не можев никако да се замислам да му бидам девојка. Го немаше "тоа" што и кај тебе самата велиш дека фали. Сум била со карактерно многу полоши дечковци од него ама во одреден период го имало "тоа" чувство. Ако му дадеш втора шанса има можност да го повредиш а и ти да се форсираш мислејќи дека од тоа може да произлезе нешто. Но, сепак тука сме да ти дадеме совети од своја перспектива, ти најдобро си знаеш дали можеш да дадеш втора шанса или не.
Досега ниту една врска не ми се погоди. А тој ми изгледа како фин, мирен и добар човек. Таков и ми треба во животов а не препотентни и самобендисани. Не сакам да го повредам, но се мислам дали може да пропуштам убава шанса, бидејќи се познаваше дека и тој не е 100% опуштен, можеби и тоа влијаеше. Не знам што да кажам, ако пак сега исчезнам од нигде никаде и тоа би било лошо и не би се чувствувала убаво.
И јас не би исчезнала веднаш, би продолжила со зборување секако доколку човекот ми одговоара за тоа. Можеш да дадеш шанса секако, можеби е само лош прв впечаток. Со среќа .
Прерано донесуваш заклучок, чекај нека помине некое време ќе видиш како е и што е, со тек на време , ништо нема да изгубиш ако излезеш пак и трет пат, па и тогаш ако не ти се свиѓа речи му пријатели да останете најдобро би било и готово.
Бившиот сака да се смириме но јас не сакам и тоа му го имам кажано, и денеска повторно проба и откако го одбив почна многу лошо да се однесува, ми набива грижа на совест и прави да се чувствувам лошо. Му ги игнорирам новите пораки но мислам дека нема да прекине да пишува. Сакам да го блокирам ама искрено ме фаќа страв што после тоа? Ми е страв да не ми дојде до дома искрено..можда нема, ама и сите овие пораки денес не ги очекував.
Ќе му кажеш фино лепо дека веќе не осеќаш ништо за тебе,ваљда не е толку будала да очекува да бидеш на сила со него
Му кажав уште пред месец дена раскинавме и од тогаш во ниеден момент не изразив желба да се смириме, се имаме видено неколку пати он инсистираше ама никако не направив нешто за да помисли дека сакам да се смириме а он постојано настојуваше на тоа. Искрено можеби и нема да ми дојде до дома ама порано никогаш волку несигурна не сум се чувствувала после раскинување. Можда ради зборовите ми ствара некое чувство на страв ама дека ќе се случи нешто повеќе не верувам..
Кажи му дека не сакаш да си веќе у врска со него, нека те остави на мир. Не гледам причина за да трча по тебе кога не сакаш да се смирите.
Мојот проблем е малце комплициран... Мојаата врска е 6 ипол години, но последниве неколку месеци ми избледуваат сите чуствата што некогаш не сакам ни да го бацам како на сила... Седнав со моите да побарам совет и татко ми почна да вика се и свашта и застана на негова страна како јас не сум била нормална... Објаснував што немав сила повеќе а неговиот последен збор беше ако не си со него јас ќе се откажам од тебе.. (дека сите го знаат пријатели и роднини)
Е затоа јас сум против и лично не сакам шетање по роднини, одење секаде, ни јас одам, ни пак сум го однесла кај роднини, многу сум против тоа, ни пак дома да иди на секое и јас кај него. Можи и со некој 10год да бидиш заедно па на крај да се скараш. Зошто мора одеше по роднини секаде со дечко ? Ако ти не чуствуваш ништо спрема него како ќе продлжиш со него : И можеби си блиска со татко ти не знам, ама јас лично не би правела за мојт личен живот и за мој избор со татко ми муабет за дечкото. И зависи и какви сфаќања има татко ти, можи дека сите го знаат дечко ти, по секаде носење, сигурно нема да му биди сеедно.