1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    До некаде си во право, ама и не.
    Ако се во брак треба да трпи затоа што со цела фамилија се знае, а сака да се разведе?
    Друго е за врска од месеци или па и година две, ама во 6 години не може да не се запознае. На родендени, свадби и секакви други настани нормално е да присуствува дечкото така да неизбежно е. Па дури и носење на гости не е страшно.

    @Tory стварно мислиш дека би се откажал татко ти од тебе?
    Седни го и објасни му убаво (а и мајка ти може са разговара) дека подобро е да раскинеш отколку да си во несреќна врска.

    Или евентуално спаси ја врската ако дечко ти е добар, пробај со нешто зачини ја можеби станала само монотона.
     
    На Martka, Brinetka, Ambitious и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Не знаете какви родители постојат.
    Имам другарка која ми кажуваше дека додека беа во врска со партнерот и додека тој беше постојано на пат мајка и' и бранеше да излегува со другарки, да оди на родендени, да се облекува во фустани и триста други чуда само за да не ја уништи врската и што уште не знам, доколку се случило тоа, да си ги пакува парталите и да си оди од дома. Таа беше принудена петок навечер да седи дома (во најубавите години) или да се крие и излегува, бидејќи колку и да седиш дома еден ден ќе пукнеш и ќе бараш начин да се социјализираш, како знаеш и умееш. Ама живееше во страв, не беше финансиски стабилна, и немаше каде да оди.
    Денес се во брак, уште полошо и е, 9 месеци во годината тој е на пат, затоа што вози камион, 3 месеци е во Мкд, си доаѓа само за празници, таа нема ни м од маж.
    Демек планира да оди сега со него, не знам како ќе испадне. Утехата ја наоѓаше во виртуелни пријатели, што до некаде ја разбирав но не ја подржував,иако негуваше чувства за еден а не смееше да се разведе од маж и, татко и почина, мајка и по болници, несреќа по несреќа, не сакаше да и додава додатен стрес на мајка и.
    Како и да е, сакам да кажам дека треба да си гледаме за себе, родител ко родител, имаат други сфаќања, треба да ги почитуваме и слушаме, не секогаш бидејќи не се секогаш во право, иако поискусни, некогаш грешат и немаат право да се мешат во одлуките на децата. Сепак се работи за туѓа иднина.
     
    На Blue.Sky, Brinetka, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Мислам дека она што те спречува да контактираш со други е стравот да засакаш некој друг и самата помисла дека некој друг би можел да биде поидеален за тебе од бившиот дечко.
    Вака можеби звучи контрадикторно затоа што велиш дека не чувствуваш ништо за него, но можеби самата помисла дека неговиот лик ќе биде заменет со лик на друга личност можеби те плаши.
    Јас сепак би ти рекла да договориш средба со некој од момците кои ти имаат пишано. Онака, најпријателска средба, ништо повеќе. Мислам дека треба да видиш како би се чувствувала после тоа, за да можеш да заклучиш што понатаму.

    Мислам дека една од грешките кои често ги правиме после не толку пријателско раскинување на врска е тоа што остануваме „пријатели“ на социјалните мрежи со бившите. Ништо добро не може да произлезе од тоа, само непотребно измачување на себеси.
    Мој совет бришење и блок на сите социјални мрежи како и на тел. број, ако навистина сакаш да расчистите.
    Да ти дојде дома нема шанси затоа што егото ќе му биде повредено после сите блокирања.
    Во случај да дојде, ќе си го пријавиш фино лепо и ќе се повлече.

    За врската јас би ти рекла да се обидете да смените места на излегување, одете на романтичен викенд, пикник, обидете се да ја промените рутината. Можеби само станува збор за презаситеност од секојдневието.
    Доколку ништо не се промени, тогаш секако дека најдобро ќе биде да разговараш со него и да му признаеш како се чувствуваш. Крај краева, ако навистина не оди, подобро би било сега да раскинете отколку подоцна.
    За татко ти, можеш само да му кажеш дека станува збор за твојот живот и дека причината за споделување на проблемот е за да ти даде совет а не да си го прегази сопственото дете поради „што ќе речат луѓето“.
    Кажи му дека те разочарал и дека понатака не очекуваш никаков совет ниту пак мислење од него.
     
    На Ta-mara и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  4. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    31.498
    Никаде не реков дека треба да трпи и пишав погоре како ако нема чуства како ќе биди со него.
    Инаку не е неизбежно и зависи каква блискост, како шо има секаде дечкото,женската носење, претерување како шо знам мн врски мислиш во брак се веќе и бетар.Чим таткото така реагирал, шо не оправдувам, не можи тој така да условува, како шо пишав погоре зависи и неговите сфаќања какви се.
    Ете јас сум против таквите блискости со дечко,девојка со семејство, така да секој различно.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    20.092
    @IM.TMKQ,
    никој не никого не му должи симпатија.Идеално би било да не сакаа назад оние кои ние ги сакаме ама за жал, светот не функционира така.
    Совет не можам да ти дадам, само сакам да знаеш дека е сосема во ред да пресечеш со некого „само“ зошто физички не те привлекува. Нека биде и најубав, највнимателен, најнежен...супер за него како личност, и супер за неговата идна девојка. Ама твојата среќа е на друго место. Во ред е да излезеш уште еднаш, ете, да видиш дали нешто ќе биде поинакво кога притисокот од прв состанок ќе го нема. Ама штом осеќаш дека нема хемија меѓу вас, тоа е тоа. Штом го гледаш како другар- го гледаш како другар.
     
    На Martka и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.507
    Пол:
    Женски
    Фала на советот.
    Ќе дадам шанса бидејќи се останато што го барам го има кај него.
    Чувствував и дека е срамежлив по малку и дека има трема.
    Затоа не сакам веднаш да прекинувам контакт, но времето ќе покаже.
     
    На candy.cane и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Дајте си двајцата простор, олабавете.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    21.154
    Пол:
    Женски
    Дај си време малку на себе. Посвети се сама на себе така ќе дознаеш што всушност сакаш ти. Не верувам татко ти да се откаже од тебе само заради тоа што нема да бидеш со него. Едноставно ако не иде, не иде. Не може со сила. Нека се стави татко ти на твое место па нека се откаже од тебе ако е толку лесно.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JanaMrava

    JanaMrava Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење
    Како одново да започнам контакт?
     
  10. Emilija7000

    Emilija7000 Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Имав купено карта за фестивал (под дејство на алкохол) и веднаш потоа одлучив дека всушност не сакам да одам, па кратко пред да отидам пробав да ја продадам (иако не успеав). Му кажав за тоа и веднаш ме нападна како тоа сум можела да не му кажам ако воопшто сум планирала, зашто сум криела.... не планирав и не криев само одлучив брзо да не одам и тоа јас го знаев па не ни гледав потреба да му кажам.
    Бурна реакција за ништо или?
     
  11. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    јас да ти кажам,чуството нема да се смени ни на втор ни на трет ни на петти состанок и јас сум осетила како е ,дечкото беше мноу фин и ми се допаѓаше физички ама ниту секунда не помислив дека можам да се заљубам во него и во право бев,убаво си поминуав со него не велам не ама го немав тоа чуство
     
    На mache007 и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Заедно требаше да одите? Ако да, со право се налутил.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Некој/а за ЛП? Совет од женска страна мислам дека би бил померодавен.
    Покомплицирано е не би сакал да пишувам тука.
     
  14. Tory

    Tory Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Eve me
     
  15. Wallflower107

    Wallflower107 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    158
    Здраво.
    Не знам дали е баш за тука проблемов, но сепак за да не отворам нова дискусија ќе го поставам.
    Сакам да ставам филери на усните, но дечко ми се противи. Имам многу мали и тенки усни, и тоа ми е комплекс веќе многу долго време. Имам свои средства, знам добар доктор што нема да ме за*бе и направи да личам деформирано, туку само малку хијалурон за да имам уста, не којзнае колку па да личам вештачки или не знам што.
    Неговиот аргумент е дека нема воопшто да му се допаѓам така, дека не сака такви зафати, дека сум во ред вака. Но, јас веруваѓ дека би била многу позадоволна и самоуверена доколку ставам филери.
    Мене ми изгледа како да не му е гајле како јас се чувствувам во сопствената кожа, и само тргнува од тоа дали нему ќе му се допаѓам или не. Зарем не треба да ме прифати каква и да сум, само да сум сампуверена и среќна со тоа како изгледам?
     
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Ако сметаш дека ќе се чувствуваш поубаво така, кажи му дека си е твоја одлука а он ако те сака нема да те сака поради тоа како изгледаш.
    Ама размисли. Чим очекуваш тој да те сака каква што си, нели сметаш дека и сама треба да се сакаш?

    И да ставиш малку филери, ќе ти се допадне и никогаш нема да престанеш.
     
    На Alisa22, Billy Idol, piksooki и 3 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.399
    Допаѓања:
    177.877
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тој трга од тоа дека ти го правиш ова за да го задоволиш него и/ли дека твојот изглед е тој кој е за негово задоволство, а не дека твојот изглед е уствари твое задоволство. Ама тоа не е така. Воопшто.

    Следно, за самодовербата, дали си се обидела да го решиш тој проблем на поинаков начин? Значи ова, независно од дечко ти, шо ти ќе решиш на крај ќе биди така зошто ова е твое тело и најважно е како ти се чувстуваш во него. Ако сепак решиш дека да, сакаш операција зошто ти ќе се чувстуваш подобро и зошто ти така сакаш - не дозволвај да ти вели некој дека ќе те сака помалку така.

    Ова е независно од тоа шо јас мислам и како се чувстувам за вакви зафати, туку е за фактот дека било каква промена, макар и боја на коса, не го правиме за задовослтво на партнерите, туку наше лично. И ако ти сакаш филер во усните не е за него, туку за тебе.
     
    На Nausicaa, Alisa22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  18. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    4.110
    Пол:
    Женски
    Ако после интервенцијата би се чувствувала подобро и посамоуверено, go for it. Најважно е ти добро да се чувствуваш, тој нема право да одлучува за тебе и твоето тело.
     
    На Stressed Out, Nausicaa, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.406
    Кажи му дека за 4-5 месеци ќе се ресорбира и дека и ти би прифатила ако тој сака да смени нешто на себе.
    Па не одиш побогу гради ДД да ставиш и задник Кардашијанс.
     
    На Milobebence, candy.cane и Wallflower107 им се допаѓа ова.
  20. Wallflower107

    Wallflower107 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    158
    Не, сметам дека има подобра верзија од мене, и не можам да се сакам каква што сум знаејќи дека може да изгледам подобро.
    И не, доколку јас сум посреќна изгледајќи на друг начин, сметам дека тој треба тоа да го прифати наместо да се противи.

    Но како да му објаснам дека го правам ова за себе?
    Тој верува дека го правам само за да задоволам одредени општествени стандарди и за повеќе да им се допаѓам на рандом луѓе. Но, не е така, ова би го направила само и само за својата самодоверба, за да ми се допаѓа тоа што го гледам во огледало.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.