Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    Малечка ако мислиш дека има нешто а не само негов инат, ете и сама викаш дека намерно не би ја избришал...Не го прашувај директно да не се скарате, тестирај го! Или па најпаметно прави се на тошо демек ништо не те интересира за неа, биди ладна.... ;) Овака само поголема причина му даваш и го гушиш и пак аман со тој фб :D И да не постои фб ако некој некого сака да изневери ќе го направи тоа! :) :*
     
  2. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    да најпаметно ке ми биде да се праам на тошо :@ па ако недај боже има нешто ке се дознае...абе да точно е и да нема фб ако сака ке изневери...ама ако нема фб сигурно нема да се "задеваат" во некој кафич или слично....може и нема ништо со оваа ама мене ми смета и тоа "задевање"....глупости :@ ајде сеа ке си пишуеме ја многу мразам такви работи....абе пишуј си со тие шо живееш или па ако не е некој "страшен" муабет,прај го пред мене....никој не може да ме убеди дека кога јас не смеам да видам со си пишува со таа или било која,тогаш тоа е нормален муабет....не ни може да биде нормален пошто знам дека не живеат онака,ја гледам и таа иде у кафичот кај шо дремеме и ние секој ден....ако живеат ке си викаат барем едно здраво....освен ако ЈАС нетреба да знам дека они живеат....
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Малечка колку време сте заедно?
     
  4. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
  5. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Јас само ке го кажам ова..Пред некое време маж ми од профилот мој го избришал еден другар (случајно го начекал отворен мојот профил додека сум била на раб. инаку лозинката не ми ја знае, ниту пак јас неговата)за кој јасно ми има дадено до знаење дека му пречи и несака да се дружам со него. Јас тоа го приметив дури после некој месец или два кога поново добив покана за пријател од другаров. И маж ми ми кажа дека го избришал тој пред повеке време, а јас несум приметила
    затоа што не ми било галје за него
    . А ако не мати нето дечкори со таа, сигурно немало за 2мин да забележи дека му ја нема ``френдицата``. Ете сега јасно ти е што сакам да ти речам? :^)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Малечка јас се согласувам со Пеперутка.Ништо чудно тој да прави нешто со пријателката од фб.
    6 години сте во врска?-тоа е голем период за вака да се однесувате.Искрено детски.
    Кажи му што ти смета,лути му се,па колку сака нека биди инаетлив тој.Не му попуштај. :!:
     
  7. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Уфф колку ме нервира само тој ФБ значи !!!! Приватен профил си е приватен,тоа со дознавање лозинки и влегување во туѓи профили ми е мнгу глупавои..исто како безбеднсна камера некој да ти закачил на тебе и ај сега да те видам зборни нешто...секој збор поинаку ќе ти го интерпретираат....И јас имав опсесивен дечко што кога пред некоја година јас имав ФБ воопшто не го интересираше ниту пак знаеше што е тоа...Минатата година и тој си направи и дозна дека можи да пишува со која сака девојка и почна да мисли дека и јас истото го правам ..слики со другари цел живот што ми беа другари и тој ги знаеше и беше близок со нив ги имав ставено па збеснуваше човекот,(сликите беа наивни се подразбира ништо компромитирачко на нив) почна типот шизофренија да фаќа...Мислам дека тој нов виртуелен свет не е за секоја будала,тој е начина за подобра комуникација во реално време,а сите говна што мислат дека е нештто повеќе од тоа треба да им се забрани..па луѓето почнаја да не излегуваат од дома и да седат на интернет...сериозно колку што е добар сто пати повеќе е деструктивен.....
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Доволно време да ви досади еден од друг, особено ако имате од онаа типично македонска врска, во која се е стисни-прдни (со извинение). Пари за на одмор - се нема, пари за излегување се нема, пари за поклончиња се нема... Некој ќе рече не е суштината на врската во тоа, ама е, и тоа како е, можеби не целата суштина ама голем дел од ова игра и те како улога во една врска. Станува монотоно ако ги нема овие работи, нема ништо ново, се е исто ништо не се менува... Ова само моја претпоставка :angel:
     
  9. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    :( :( да за жал многу ми е јасно ..... :(
     
  10. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    морам да правам муабет....утре само да начекам прилика,сеа да не биде преку тел,морам....уффф можеби стварно му е здосадено веке,оти стварно е долг период 6 години,ама барем да си знам да не се влечеме не сме мали деца....и мене ми е здосадено од нашево т.с. неговово однесување....не можам ништо да речам во последно време ништо да прашам....одма се дере одма ги врти работите јас да испаднам крива,убаво знае со тоа шо ке го кажам шо сакам да кажам,ама не,он си го "превртува" 360 степени наопаку и само се караме....сеа и за воа....искрено уште сеа се мислам како да му почнам муабет....како...оти знам дека ке почне да ми се ДЕРЕ знам и накрај јас ке испаднам таа шо сум болно љубоморна,ке вика дека мене се ми смета :( знам веке го научив....ама морам неможам да се праам слепа при здрави очи....
     
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Лелееееее..Побогу! |( ....Проблемот во врските како твојата, ако ми дозволиш, е што меѓусебно се влечете кон бездна..Он е љубоморен, па ти си, па он е па ти си, заглавувате у срања до колена, не од љубов туку од таа проклета психичка несигурност, од тоа его што ве боли и од тоа класично одрекување дека си заглавил/а во врска ДОБРОВОЛНО - што те влече надолу. Не е ЗДРАВО да си со некој што те стресува на дневна база, со кој што пазиш што збориш за да не ти се раздере, на кој што не му веруваш, и НАЈБИТНО - кој што прави да се осеќаш како да вредиш помалку од некоја си фб френдица или каква и да е. Неговата работа е да направи да се осеќаш посебна и сакана и единствена. Треба д аму е чест да ја носи титулата на ДЕЧКО. А тоа нема да се деси додека ти не научиш да се вреднуваш себеси а не да се деградираш со вакви потези - му проверуваш фб и му бришеш и не знам уште што. Не сте врзани со ортоми. Макар и биле заедно милион години... Разбуди се и поработи на себе и на твоето расудување за што е ок а што не е. Сакај се себе ако сакаш да те сакаат. :fubar: :fubar: :fubar:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    јас оти се вреднувам и оти се сакам себеси,мразам кога треба да се правам зорле слепа....да не се вреднував,ке го видев сето ова што го пишав,и ке се правев дека не сум го видела,оти ке сум немала "храброст" да се споредам со таа...и сите кавги што ги имам со него се баш поради тоа,што не му попуштам и што се "ценам" (ме свакате)...само сакам совет....како да постапам во ситуацијава....и како кога ке му речам нешто,кога ке почне да вика како да ''ГО СПУШТАМ" на земја со еден збор,а не со карање...и двајцата сме тврди глави и никој не попушта,и ретко некоја караница да завршила со решение....се е со -добро ајде доста-
     
  13. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Фино-лепо ќе го седнеш дотичниот на фотелја, а ти во неговото скутче (за да нема кај да ти бега) и ке почнеш.. Златоо, како запримети ти дека `френдицата` ти ја нема во пријатели? Јас не би приметила толку брзо, освен ако секој ден не го отварам тој профил..Ти нема потреба да го отвараш нејзиниот зашто ЈАС сум ти девојка а таа пријателка. Така? Или можеби грешам? Е тука тој веке почнува да вриска и да се дере, ти фино молчи си и убаво слушни што зборува и како се правда (ако лаже обавезно нештата нема да се покопат) Ете ти ја причината и `нештото` со кое ке го `спуштеш на земја`.. Ме свати така? :* Поздрав и кажи ни како напредувате со проблемов
     
  14. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    те сватив да...ама финтата е шо ОН кога ме праша "ти ли ми бришеше ПРИЈАТЕЛИ" јас му реков НЕ....(значи никој,ни јас ни он не ја спомнавме нејзе,он не ми нагласи дека НЕЈЗЕ ја нема,ни па јас му кажав дека НЕЈЗЕ ја избришав)....и по неколку дена јас пак одоколу го прашав "добро викам кој ти го снема некња,со толку скрена" и коо демек другарите му ги немало :fubar: и јас си поќутив....сеа и јас сум "кабаетлиа" незнам како одново да му почнам муабет,оти ОДНОВО ке се караме...оти прво му реков не ти бришев,а сеа па ке му викам јас таа ти ја избришав :$
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Леле аман чудото големо ако му фалат пријатели веќе. Нека си ги додаде пак. Па и ти што толку му се притресуваш, кабаетлија оти си избришала две девојчиња. Бог да чува. Многу мразам кога си ја префрлате вината сами на себе :fubar: :fubar: :fubar: :fubar:
     
  16. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Зошто си ги оптеретувате мозочињата со толку небитни работи,а ти посебно ако ја додал ја додал...не е со неа со тебе е !! Поголем доказ за тоа нема..Сите си имаме скриени пријатели не заради тоа што нешто чувствуваме за нив туку чисто онака колку да имаме ,да се замараме со глупости, со читање безвезни статуси,гледање кој бил во врска зошто се ксарал,слики ..итн...И јас од љубомора сум правела сцени за тоа и само самата себе си сум се замарала ,никој друг...не гледај толку небитни ствари ,гледај си ја стварноста ,ако си згрешила извини се смирете се и готово ..и повеќе лозинки буричкање НЕ !!! Премногу е стресно да размислуваш за секоја ситница...!!!
     
  17. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    За Малечкаа

    Море гони го таму у ПМ. Прочитај ги моите постови како го фатив на ФБ. Случајно му беше отворен и муабет со една. Па типот демек збесна, исто ко твојот, како сум смеела да му чачкам???
    Што испадна на крај. Со неа бил цели 2 месеци, не знам како успеал двете да не мавта, јас никогаш не го контролирав, демек доверба. Доверба????? Никогаш доверба во маж, секогаш 4 очи отвори, да не те прават будала. Расчисти го тоа, имаш право на тоа. Што треба, несоници да имаш, да живееш во страв, да осекаш немир во срцето??? Не го тинтрај многу, заедно сте 6 години, нека ти објасни што е работата. Мене ми е матно тука нешто. Од обичен муабет се почнува, ама станува интересно, па ова-она. Што му е? Се навредила типката што ја нема во пријатели? А како ти е тебе? Единствена грешка твоја е што си му бришела без прашање, но секое зло може за добро е. Да си знаеш на што си и точка. Знам како ти е.
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Тој не кажал кој му фали во пријатели, така? :^)
    Можеби бројката на пријатели забележал дека му е намалена, и сфатил дека нешто си чачкала (бришела) :?: . А што рекол некои другари му фалат... :?: што знам... не знам... Не морало воопшто тоа да го спомнува дека другари му фалат во пријатели, ако сакал да се извади можел едноставно на тоа да остане дека ја забележал бројката намалена, и толку.
     
  19. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    ги прочитав мислењата... :puke: ...ми се поврака од вакви работи искрено...како што си рекла дека изигруваш детектив...истото беше, и усте е со мене...и јас пред околу 3години така нешто го фатив како си пишува со една....немаше ништо повеке од пишување ама скренав...незнам колку време ми требаше да престанам да се замарам...секој ден отчекував дека ке го фатам со друга како си пишува или слично....до ден денеска ме маваат филмови...уште го проверувам ама он незнае...така и беше сега...јас му го отворив и ја избришав таа и се случи сето ова...некогаш се караме и за тоа демек оти јас ништо не сум му верувала...пред него се правам "ладна" ама при првата прилика јас само гледам да чепнам нешто....ова стварно мн ме копка...мислам дека не е случајност....иначе ОВАА синока ме адд-на на фб и ја прифатив,од едниот профил,а има два...уште се мислам дали да му речам дали да почекам,може поарно ке биде да почекам некое време,да видам со свои очи ако има нешто...а вака може само да ми замачка очи и шо НИШТО пак ке се живцирам :@
     
  20. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    да да не кажа....по неколку дена (го пишав ова погоре)кога го прашав ми кажа демек другарите му ги немало,а баш синока видов дека тиа другари шо ги спомна уште го имаат од тој профил,пошто не го избриша профилот,туку само смени име,податоци избриша слики....да ако сакаше да се извади така ке речеше...