Јас не би одела без да работам. Со дечкото кој се заканува внимателно. Од дома дај боже да те разберат, ама треба да знаеш дека може и нема тоа да се случи.
да и тоа што не сум финансиски самостојна ме кочи Со тој што се заканува пробав човечки да му објаснам над 16 пати не сака да чуе стварно не знам што да правам
Како животот ќе ми го уништел како ќе им го уништел бизнисот на моите Никогаш немало да ме остави на мира
Леле ама веќе од вакви родители.Ќе се самоубијам или не знам што.Врв на психопатизамДевојче како ти најубаво на тебе така а тоа дади им го дознаење на сите.Тој што ти се заканува гледај да го отфрлиш па ако треба викни полиција.Тоа што оној другиот е дечко од друга вера не се замарај, ако ти немаш ништо против продолжи со него.Многу од овде попрво би биле со некој кој ќе ги сокрши од ќотек отколку со некој кој нема да биде прифатен.Така да животов е само твој и како сакаш ти така нека биде
Баш ми е мило што си пораснала со супер родители, сега време е да ги тргнеш розевите очила и да сфатиш дека постојат секакви родители по светов, и себични и злобни и немој на нечија мака да дотураш чувства на вина само затоа што не сакаш да пораснеш и да разбереш дека не се сите родители како твоите мама и тато.
И оние што ќерките ги тераат да се омажат за првиот со кој се избушиле оти пробушени после нема никој да ги земе? Ова избушени сериозно го имам чуено. Скраја да е да раскинеш со првиот, без фамилија ќе останеш, седи таму ќути, мајка ти нека е среќна само.
Колку така уништиле живот со зборови, па утредента по раскинувањето тие први фатиле дечко/девојка. Шо туку паѓате на ниски финти кога не го сакате? Блокирај го и кажи му чао и нека спие пред врата на чергиче. Тоа е милион пати подобро од тоа да биде изневеруван и да го влечеш уште 7 години.
Моите посебно мајка ми мене ме обвинува ќе и кажам не го сакам не гледам иднина со него ми се заканува и она ми вика а зошто не го сакаш кој ти го мати умот тој е дете од фамилија многу си одговарате итн. И на телефон се слуша повеќе мајка ми со него отколку јас Овој другиот знае за целата ситуација сака да се запознае со моите мајка ми не сака ни да чуе бе кој век е ццц Тапкам во место буквално
Сакам да го запознае да види дека не е таков каков што мисли Не знам зошто си го сфаќа тоа толку трагично стварно ми е тешко да разберам Јас не сум религиозна уопште не е ни дечкото можеби затоа не ни смета тоа Не сум прифатена ни јас кај нив ни он кај мене А што да правам ? Не ми беше сон да се заљубам во Албанец ама јебига ете се деси
Јас на твое место само ќе стекнам финансиска независност и нека кршат глава. Ти се обидуваш упорно да направиш нешто за мајка ти да го види тоа што го гледаш ти. Мајка ти треба сама да сака да го види, не ти да ја убедуваш. Нема потреба никој да ве прифаќа ни тебе ни него ако вие се сакате. Тоа им е најбитно на балкански родители. Да е од фамилија, да речат комшиите браво за родителите на девојчето толку убаво го израснаа и се омажи на убаво место ( идејата е нив некој да ги пофали, родителите успехот од детето да си го присвојат како свој што е себично ), а не е битна среќата на децата. Извини, али за мене тоа е простотилук.
Е сеа...Ромео и Јулија ја напраи работата. Ако се заљуби " јеби га" ( твој збор) , скарај му се на дечко ти ( јакиот дечко) и прави што ќе правиш. И доста делиш цел муабет со мајка ти. Не мора се да знае. А декс ќе те оговараат, ќе те оговараат, особено идниот бивши кога ќе дознае. Не го варај туку скарај му се, израсни кичма малку. Храбра се мислиш а ти фуфка од сите.
Немам храброст знам Баш играм кукавички седам на две столици и пробувам да им угодам на тие околу мене
Дај малце храбро бе, што си свиткала кичма ? Зошто им даваш на сите да те управуваат како кукла на конец да си, покажи малку заби, бори се за она што мислиш дека заслужуваш. Друго, немој да му храниш его на манијакот од сегашниот ти дечко, немој да си покажала страв на неговите празни закани, кога ќе ти запрети, покажи му кај му е местото да не му текне повторно да те уценува. Зошто им дозволувате да ви господаруваат со животот, кој е само ваш ? Доволно е само полиција да му спомнеш, ќе се помоча во гаќи. Трето, зелено светло за новата личност. Не може една човечка творевина наречена религија, да е поголема од најсилната емоција на светот, а тоа е љубовта. Штом и двајцата не сте во тие води, се е многу полесно. Ќор сокак би бил ако дури еден од вас е религиозен, не мора двајцата, кога тогаш тоа би си го земало данокот. Јас на твое место, би се фокусирала на сопствена заработувачка, нека работи и тој, па здравје можете заедно да живеете под кирија, ако работите станат посериозни. На финансиски слободен човек никој не му може ништо, спротивно, гледаш и самата, уцени, закани. Среќно.
Последна година сум на медицина немам време за работа по цел ден сум на пракса и предавања а новиот дечко веќе работи има 30 години Ќе одам на специјализација некаде во друга држава тоа е сигурно тогаш ќе биде многу полесно Фала на советот
@thequeen95 јас одев со дечко кој ми се закануваше и ме тепаше и ме изневерувапше. И и јас ко тебе, се плашев да му се скарам. 3 години се влечкав, иако не сакав да сум со него, од пусти страв. Знаеш како раскинав? Престанав да се гледам често, значи.. најретко што може, на месец еднаш... и последниот пат кога го видов, односно се сретнавме на улица.. застана да ми зборни, и му реков да ми се мани од пред очи оти не сакам поќе да го гледам, ни да го слушам. Поќе не му зборнав ич. Ова беше пред 20 години... Знаеш што исполни од заканите? Ништо! Само што јадеше ла*на наоколу ваква сум била, таква сум била. И пријави го во полиција.. доволно е да му дојде полицаец на врата, за да го стреси малку. Мочко! А на мајка ти, нема што да и' докажуваш. Нејзините ставови нема да ги смениш. Трај си го животот, и не и' кажувај ништо, ако треба.