1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    @thequeen95 те читам од почеток. Ти мора да пресечеш еднаш засекогаш. Ти сама одлучуваш и сама донесуваш одлуки во врска со твојот живот. Живееш за тебе, не за другите. Ако си сигурна дека не го сакаш, а врз основа на тоа што го кажуваш јасно е, тогаш одлуката е донесена. Раскини му и соопшти и ја конечната одлука на мајка ти, а не што планираш да направиш. Мислам дека многу детали споделуваш со неа, секоја твоја постапка и размислување. Ок разбирам, може си блиска со мајка ти, ама ете кога гледаш дека не те разбира некои работи задржи си ги за себе. Откако ќе раскинеш, тогаш кажи и зошто така си одлучила, објасни и дека добиваш закани и уцени од негова страна и дека е тоа најдобро решение за тебе. Другиот дечко нема што да го плеткаш уште сега. Прво реши си го проблемот што го имаш со овој. Ако и после се што ќе и кажеш на мајка ти, не добиеш поддршка од неа, тогаш имаш проблем со мајка ти. Мајка ти е, ама не може да ја жртвуваш твојата среќа и твојот живот заради каприци на некој трет.
     
    На Dadusicka, Purplelilac, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  2. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Се согласувам немој да живееш во страв.Ништо не правиш така.Биди храбра и спаси се одбрани се не дозволувај некој да ти се заканува.Оди до таму што викни и полиција ако треба но никогаш не трпи закани.
     
  3. Шеќер4е

    Шеќер4е Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Почнав да се гледам со едно машко и ме интересира ваше мислење, дали сметате дека е подобро кога на почетокот се гледате лабаво, но сепак има почесто гледање, повици, пишување но сепак немате некоја обврска еден со друг или оправдувате кога започнувате врска од второ, трето гледање?
     
  4. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки

    Тебе како што ти одговара така да си тераш. :D
     
    На Purplelilac, Ostaveniot, Шеќер4е и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Што има ние да оправдуваме или не. Ова дефинитивно зависи од луѓето. Само немој да влагате у филмови двајцата. Чекај ќе го игнорирам, да ме заведува, ќе го праам љубоморен, или тој тебе, некои игрици што се играат на почеток на врски ми се тотално смешни.
     
    На Dadusicka, piksooki, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Шеќер4е

    Шеќер4е Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Сакам да кажам започнавме со лабаво моментално па сакав да прашам за мислење бидејќи стварно ми се свиѓа а вака се осеќам ако е од почеток лабаво, дека едноставно така и ќе продолжи?
     
  7. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    не знам каков е дечкото, ти би требало да го знаеш најдобро и да процениш ситуација и често женските си знаете да тестирате и да сфатиш за каков дечко станува збор. Само не се залетувај многу.

    Ова ти го кажувам ако машко. :D
     
  8. Шеќер4е

    Шеќер4е Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Па баш сум фина со него и не сум некоја што ќе се занаша на почеток, немав едноставно таква причина. Само можеби и правам грешка што сум толку добра од почеток па да злоупотреби, повеќето машки го прават тоа
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Сите машки го прават тоа, сите женски се курви. Ако сте двајцата зрели овие работи ќе ви се смешни. Најмногу ме нервира губење на време непотребно. Бидете реални и искрени.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bela Vela

    Bela Vela Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2017
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Help
    Дечко ми кога сме скарани и имаме некое проблемче незнае со разговор да го решиме и намерно не ми крена , туку на месенџер ми пишува секој пат така (зборам за 28 годишен дечко ):^)
    и овој пат беше исто и му реков не ми пишувај, звони ми и не ми се јави продолжува да пишува. И секој пат кога сакам да разговараме за некој проблем ми глуми жртвено јагне , незнае да каже извини или пак да признае вина
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    таков му е таблетот
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Девојче не обрнувај внимание на некои си луѓе.
    1.Дечко отфрли го.
    2.Биди си со албанецот и ич не се замарај.
    3.Мајкати нека побара стручна помош.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Има зли луѓе и од македонците има и од албанците.
    Нејзино право е кој ќе избере, со кого сака да биде, таа ќе ги сноси последиците доколку нешто тргне лошо...
    Но исто така и мајка и ќе гледа како таа страда доколку, повторувам нешто се случи.
    Кои сме ние да судиме и да кажуваме што е правилно, што не?
    Сепак на крајот таа ќе си тера по свое.
    Многу сакате да лепите етикети и да солите памет, бреј.
     
    На MarianaBT, Blue.Sky и piksooki им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски

    Нормално дека нема да нагазиш. Ќе нагазиш на некоја проста што одговара на твојот карактер.

    Леле мајка и и татко и ќе биле разочарани од нејзе. Немој ќе плачам еј. Ќе се разочараат луѓето пошо цел живот живеат за комшиите. Какви зрели луѓе, такви зрели луѓе треба да се почитуваат, нема што.
    Ако не те мрзи, исчитај се што напишала па после коментирај, а ако те мрзи не коментирај уопште. Она ќе требало неговата вера да ја прифаќа, он немало да попушта. Иако таа рече дека ни таа ни тој не се религиозни. Ама мора малце да се драматизира.
    За дечкото што не ја остава да му раскине ич не го жалам што е изневеруван. Он не и дозволува да живее слободно, али она ако го изневери ноќна мора е. Очигледно немаш појма што значи посесивен маж кој те држи во страв. Али она е ноќна мора. Ти кажав не се секирај, нема да налеташ на некоја како нејзе. Она сфаќа дека понашањето од дечкото е лошо. Се дрзнува да биде со албанец во држава каде знаеме какви се односите меѓу албанци и македонци. Се спротиставува на родителите што живеат во минатиот век наместо да ја редат среќата на своето дете на прво место. Веруј нема да нагазиш на таква. Ти ќе нагазиш на некоја која мисли дека најголем успех во животот и е тебе да ти ги пери гаќите. Паметните и храбри девојки нема ни да те забележат, уживај.
     
    Последна измена: 22 октомври 2019
    На piglet1, sj *O*, Annora и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Се плаши од соочување, од емоции :) Не попуштај за желбата да разговарате во живо, но биди внимателна како разговараш со него. Немој да му скокнеш, нека сфати дека разговорот очи в очи не боли толку
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    35.982
    Не романтизирај :)
    Нит се Ромео и Јулија нит таа е Јованка Орлеанка
    Ич не е храбра оти го тегне ова долги...години ко што сфатив.
    И кажавме овде мислења и пак ќе ја видиме за пола година со дечкото швалерот мајка и подзавршен факултет.
    Ама човек само ако сака се менува. Ако не сака , џабе...
    За ксенофоби и националисти, секаде ги има...
     
    На Purplelilac и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не романтизирам јас ништо. Ова треба да е нормална ситуација за која никој нема да се потресува.
    Ти кога ќе бидиш во таква врска ќе те видиме колку си храбра. Кога ќе ти се заканува дека ќе му направи нешто на некој твој близок. На форум сите сме храбри. И сите што немаме доживеано слични искуства исто така сме храбри. Убаво и викаш, само закани се ништо нема да направи. Веројатно да. Али ако направи? Има секакви луѓе и ти на форум од две реченици не можеш да процениш на што е спремен дечко и.
    Ако ја видиме за пола година во иста ситуација тоа веруј ќе е заради мислењата од луѓето ко тебе. Кога човек има поддршка излегува од лоши ситуации. Али после ние сме најпаметен народ, ние сме современи, библиска земја со најголем потенцијал само нас никој не ни дава шанса. Политичарите се криви, сите освен ние самите. Види со што уште се занимаваш.
     
    На honey.11 и piksooki им се допаѓа ова.
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Мантуб ние овде и велиме да собере храброст но не ја знаеме ситуацијата во целост.Не го знаеме човекот каков е.Можеби е спремен на се.Можеби е ств психопат.Најлесно е да се осудува преку форум.
     
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.403
    Допаѓања:
    35.982
    Хм. Јас и минатиот пат и одговорив. Да заврши факултет и да го остави.
    Јас коментирам на нет а ти отиде лично да и помогнеш како вигиланте ? Дај не ме смеј...вака на 20 се рамислува што впрочем таа и не е далеку.
    Јас со библиската земја немам врски баш многу и се отселив во небиблиска. А дека некој ради мене и мои глупи совети пател или ќе пати, мало сутра.
    Види си ти за занимање, јас знам со што се занимавам. Аман од соушал џастис вориорс .
     
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Не рече таа дека ќе оди да и помогне но исто така не ја осудува дека не е храбра за разлика од тебе
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.