Знам дека не е лесно ама пробај да не му се плашиш он така ако ти се заканува за се .. од кај знаеш понатака дека нема да те тепа ,јас мислам дека не си ни заљубена во албанецот туку го гледаш на некој начин како издувен вентил. Раскини му на дечкото преку порака ако ти е страв во живо и ако почне да ти се заканува ти закани му се со полиција па ќе се посере у гаќи манипулаторот, ти не си негова сопственост па он така да ти се понаша ,мораш да најдеш решение и да пресечеш ,до кога планираш вака? Знам дека не е лесно но ќе собереш храброст и се ќе помине па ако треба и полиција умешај ако ти се заканува. Јас имав тип што ме следеше постојано ми го дозна бројот ми звонеше му викав да ме остави на мира не ме оставаше ,не сакав да му кажам на татко ми зошто знаев дека ќе ја направи голема работата ,само другарките знаеа дури и на нив им пишуваше за мене на крај му се заканив со полиција и ме остави на мира.
Ау, ју гот ми. Читај измеѓу редови аман. Не мисламдека е умно да се изложи на непотребна опасност ама ако стварно е насилник, боље да се мажи со него? Значи дека треба balls , треба ама ако алтерматова е брак со психо и мајка качена врз случај..хм. ај . Ти советувај. Ај рест мај кејс.
Јас не можам да сфатам како дозволувате да ве манипулираат со такви закани. Ако нема ништо што може да употреби против тебе, најлошо што може да направи е да ти извади муабети. А луѓето секогаш ќе имаат за што да оговараат. @thequeen95 раскини му и продолжи со другиот дечко, ама не избрзувај и дај време на таа врска да видиш дали е океј. Може само ти е убаво затоа што ти е како засолниште од моменталнава лоша врска. На мајка ти кажи и дека ако те сака ќе го сака и најдоброто за тебе, нека те остави сама да увидиш што е тоа.
Ти дали се читаш како прво од едно трескаш друго.Ти покажав што си напишала за да видиш и да не негираш.
Вака, со дечко ми идеме 2,5 год и последнава пола година цело време јас идам кај него. Еве денес полагав испит тежок на факс и он знае за тоа, се неаме видено недела ипол и му викам нешто за глеање он вика ај помини и му реков не можам сеа уморна сум. Него ич не му текнувада превземе нешто, он да дојде. Плус не е ни зафатен нема работа моментално. Не знам но више не се осеќам ок вака
Здраво дечки. Дали има некој посетено советувалиште? Не се работи за брак, туку за пар кој живее заедно. Дали имате препорака некоја?
Се пасивизирал, се на готово добива. Му треба предизвик. Нека доаѓа и тој малку кај тебе или одете некаде надвор. Скрши ја навиката, не оди некое време кај него, нека се мрдне и тој. И секако иницирај и нешто поразлично од стандардната шема. Во врска сте, сега ви е време за зсбавување
Во контакт сум со еден дечко, тој си има друштво и си излегува Му објаснив дека јас не излегувам оти нели немам некое друштво туку само на кафе. Дали мислите дека ова ке ми биде проблем во врската, кога ми пише пак ли си дома или сл, Малку ми е глупаво Јас сакам да се бидам со него, но заради вакви работи незнам што мисли оти сакам да правеме работи заедно ако одлучиме да бидеме заедно....
Имате различен начин на живот и тоа не треба да ти е пречка. Ќе излегувате заедно и на забави и на кафе и тоа е тоа. Зошто се замарате со вакви работи незнам..со бившиот ние бевме обратно, јас излегував со друштво по забави апсолутно секаде а тој само по кафиња со еден другар или ретко двајца, па бевме заедно седум години. Значи нема да ти е пречка, уживај
Бевме заедно 8 месеци, намерите ни беа сериозни цело време, планиравме за блиска и далечна иднина. Но во текот на целата врска имавме расправии. Тој имаше поконзервативни мислења, беше мн љубоморен немав другари ретко се гледав со другарките (тој цело време не ги сакаше). Често имаше периоди кога се нешто го нервираше беше нервозен и се лутеше за се но никогаш не разговараше да ги решиме проблемите туку по неколку дена ке ми се јави како ништо да не било. Имаше финансиски проблеми нр сакаше да работи сепак кјас му помагав колку можев. Јас со него прв пат имав односи . Е сега пред некој ден требаше да излеземе и кога отидов докај него нешто бесе изнррвиран вика и ти ме нервираш го прашав но не ми кажа што е проблемот о ми вика викни си такси јас плачев и со заминав а тој ништо дпма му кажав дека е крај и тој мр обвини дека го изнрвррувам. Многу ми е тешко мн го сакам мислам дека и тој мене... што да правам да се смирам или не?