Имав сличен проблем со бивш дечко. Секогаш нешто му сметаше, секогаш наоѓаше маани, и често правеше испади за кои јас според него бев виновна така да те разбирам како ти е. Не си ти должна да го трпиш тоа негово однесување, треба да дозволи да му бидеш подршка а не поради неговите проблеми да трпиш и ти. Бегај од него додека е рано, не заслужуваш таков човек покрај тебе. Па плус и мисли дека го изневеруваш, што ќе биде следно? Бегај.
Секој човек прво треба да биде во хармонија со сам себе и да се сака и почитува, за да може тоа да го бара од другите луѓе. Човекот што го опишуваш има многу комплекси и војува самиот со себе и своите емоции и проблеми во животот, и тоа е исклучиво негова вина и негов проблем. Да, за луѓето кои ги сакаме треба да сме тука, да им понудиме и пружиме помош, но за тоа треба првенствено личноста да сака да направи промени. Велиш дека човекот е љубоморен. Тој треба да работи на љубомората која ја чувствува, да биде свесен за штетата која ја прави. Не ти, тој. Ти можеш да му помогнеш, но тој треба да го реши тој проблем. Доколку не сака и не може, тоа се уште е негов проблем, не е твој и не смее да биде твој. Не смееш ти да патиш за туѓ проблем, без разлика што ти ја сакаш таа личност. Истото важи и за се' останато. Не сака да работи и има финансиски проблеми? Мора да работи на тој проблем. Ти си присутна до него, можеш да му пружиш подршка, љубов и совети, па дури и пари, доколку му требаат. Но се додека е во границите на разумноста. Велиш дека е нервозен, па дури и ти вели дека ти го нервираш. Повторно, тоа е негов проблем, тој треба да работи на нервозата, да најде кој е изворот, да се соочи и да побара решение. И покрај сите негови проблеми кои ги става како товар на твојот грб, а притоа звучи како да не бара решенија, тој те брка да си одиш? Ти прави услуга. Оди си. Колку и да сакаш некого, доколку тој самиот не се бори за себе и не се труди да си помогне, психички, емоционално и финансиски, НЕ СМЕЕШ да трпиш лошо третирање. Во никаков случај, не смееш да трпиш лошо третирање. На врв на се, збори против твоите другарки. Доколку има вистински проблем создаден од вистинска причина кон некоја од твоите другарки, тоа треба да сподели и да разговарате. Тој не е должен да трпи лош третман од никого, доколку тоа е случајот. Доколку не е тоа случајот и го прави чисто од инает и љубомора, тогаш ти не си должна да ја трпиш неговата опсесивна посесивност. Ти не си предмет и тој не те поседува и не смееш да дозволиш да те контролира. Тој ти е партнер, а тие ти е пријатели. Мора да биде свесен за односите и да ги почитува. Никој не го тера на сила да се дружи со нив, но може да одржи цивилизирано културно однесување и да не создава конфликти. За крај последната реченица: "мислам дека и тој мене", според начинот на кој те третира, тој не те сака. Човек што сака некого, не го третира така, туку со најголема нежност, љубов, страст и разбирање. Знам дека ти е тешко, но уште потешко ќе ти биде во иднина доколку останеш со ваков човек каков што го опишуваш. Затоа, не, немој да се смириш.
Ваква врска завршив пред два дена која траеше година и кусур. Па сега да се изјаснам, премногу го сакав и го сакам, ама со таков човек нема иднина. Секој ден беше нервозен и неможев збор да му речам попреку, дека ако речам ќе се расправаме, секогаш трпев, кога и да го прашав за што е нервозен тој ми се понашаше. Чашата ја прели кога јас бев појдена во друг град за да го видам за тој да ми речит "баш денес најде да дојдиш" и во тој момент ми закачи нож в срце. И можеби ми е тешко ама ќе ми помини. Подобро тешко отколку животот да си го поминам така во нервози и плус под притисок и команда на неговите.
Те оддалечува од блиските, не сака да работи, постојано бара повод да се расправа, тебе те обвинува, расположен е како ќе дувне ветрето... Што повеќе причини би ти биле доволни за да сватиш дека треба да го оставиш. Ќе боли не викам не. Но верувај, уште повеќе ќе те боли ако останеш со него бидејки ќе ти го уништи животот.
Ти во 8 месеци немаш осетено освен нервоза,бес,ништо друго според ова што го кажуваш.Каде е љубовта тука?Зарем самата не гледаш дека од негова страна,нема љубов?Колку год си? Мене не ми е јасно али искрено не ми е јасно,како може некој да ве контролира стварно неможам да разберам,нема да имаш другарки?другари?како бе вака?Свесни сте дека тоа се психопати?Тој сам не се сака ке ти ги сакал другарикте,девојче бегај од вакви швркнати ликови,овој има да ти го упропасти животот,што ке неможе после тоа никој да те спаси и нормализира.Нервозен бил цело време,па човекот има проблеми сам со себе,незнае што да прави со животот,незнае каде тера со животот,затоа и ке биде нервозен.Не сака да работи сеа,а некогаш ке работи?Не нема никогаш да работи,и иднина и сериозна врска не се планира,све доаѓа спонтано,тоа не е плукни залепи работа,тоа се сериозни ствари,кој доаѓаат сами по себе,ете и самата си видела колку бил СЕРИОЗЕН за вашата иднина освен нервози ништо друго. Да се смируваш со ваков?дај те молам немој такви грешки,фатални грешки ке направиш,бегај и само бегај од вакви,ако сакаш нормален живот,што подалеку толку подобро од вакви.
Истото беше и кај мене, не дека ми бранеше да излезам ама ќе излезев и после цела вечер расправии, па сама си се повлеков од излегвење. Ги изгубив сите најблиски, сите друштва, роднини, сестри а за малце и родителите. Толку добро знаеше да ме изманипулира секоја чест. За работа не спомни му, сама имам кревано фрижидер да го наместам додека тој си играт игри и уште триста такви случаи. А за нервозите да не прајме муабет.
Ти направил услуга верувај. Такви мамини синчиња учени од дома, разгалени, на кои не смее влакно да им фали, зошто ако им фали ќе се крене трета светска војна, па после и во брак и во врска ќе се однесува распредено а ти не смееш да писнеш зошто се плашиш дотичнатиот да не го повредиш.
Џабе јас еве како маШ неможам,и неможам да разберам,како може некој нешто да забрани,партнер да забрани,да искачам?Па ја во затвор ли сум бе,или со човек кој ме сака и почитува?Секоја чест каде ги наоѓате лудациве,извини ама за мене ова се лудаци,нормални луѓе неможе да се,да ми забрани ејј со роднини,сестри,браќа,пријатели па ке зажали што ме запознале во животот.Живеам за да работам,искачам,сакам,љубам,шетам,каде сака и каде сакаме,без никакви пречки.А ако сака некој некого да изневери има 100000 начини да го направи тоа,ни сум изигравал џандар ни сум лудак,фала му на Бога што сум се родил нормален,и со нормални разбирања за се во животот.А во љубовта ГРАНИЦИ НЕМА,има разбирање,почитување,сакање,ако ова го нема турете и пепел на врската.
Незнам кој како размислува,но јас размислувам како што кажав горе во постот,и на друг начин незнам.Сега диши и уживај во слободата.
@zorica66 Тој можеби има друга па затоа така да се однесува, за се те обвинува па уште викаш и тој ме сака мене не не те сака туку те искористува, не работи од тебе чека ти да го финансираш па и ти со цел памет пари му даваш бегај подалеку од тој не те сака и ќе ти подобро без него ќе го преболиш верувај
Знајш како претешко ми е на моменти, ама ко ке ми текни дека љубовта шо ја имавме ја прокоцка за муабетите од мајка му полесно ми е...
Се се тоа филмови, посесивност. Овој немал друга работа, вртел сучел и на крај си го добил. Уште на смирување ќе мислам? Ма бегај.
Епа вака имам проблем па ми треба совет. Има еден дечко кој го запознав пред скоро три години,ме додаде на фб и така се пишувавме и двајцата сме од ист град ама јас живеам во странство па затоа не можевме да се видиме така неколку месеци се пишувавме гледавме на камера,тој постојано ми велеше дека ме чека да дојдам да бидеме заедно да се запознаеме подобро. По неколку месеци јас си фатив дечко и кога си дојдов за мк бев заедно со дечко ми и му кажав дека имам дечко и тука прекинавме секаков контакт. Со овој дечко бевме во врска 10 месеци и раскинавме,тој постојано ставаше статуси,песни посветени на мене како јас сум го повредила и дека сеуште ме сака и тој ми пишуваше некое време сакаше да останеме другари ама јас видов дека не можеме да бидеме и дека е подобро да немаме никаков контакт и го блокирав од секаде. Од кога го блокирав бившиот по неколку месеци ми пиша овој што го спомнав на почеток дека се пишувавме пред да си фатам дечко и така пак се пишувавме баш во тој период се погоди да дојдам за мк и се видовме така неколку пати се беше супер и имавме и односи. (Не ме напаѓајте знам дека е погрешно за толку кратко време веднаш односи ама ете сакав и јас и тој и се случи). Е сега тој така ми се допаѓа,добра личност е ама додека бев со него тој така беше љубоморен сакаше секој мој чекор да го знае,каде сум со кој сум и тој мисли дека се пишувам со други а јас со никој друг се не пишувам а тој така постојано тоа ми го кажува. Јас мислам дека тој не сака врска со мене и дека за тоа време со мене бил само така за да имаме односи,што секако не можам да кажам дека не ми одговараше. Го прашав што мислиш за мене дали чуствуваш нешто спрема мене,дали планираш врска тој само кажа дека не можел за кратко време да се заљуби. Сега се пишуваме така ама не знам дали да продожам да се пишувам со него или не,искрено единстевно ми се допаѓа тоа што е добра личност и добро се однесува,можеби ке ми треба време ама сепак нема да се видиме 8 месеци како тоа ке биде и дали тој ке издржи само да се пишува со мене не сум сигурна. Јас имам 20 тој 23 години.
Од сам старт штом покажува знаци на љубомора- тргни си се додека уште е тазе работава. Понатаму може да стане и полошо, да се осмели да навредува, да прави испади, скандали, да се заканува и слично. Ако имаш време читни во темава наназад, што нема по светов.
Вака, јас не сум пушач но понекогаш палам цигара. Не смрдам цело време на цигари. Дечко ми го мрази мирисот на цигари и секогаш се оддалечува од мене ако пушам. Тоа е во ред, го разбирам бидејќи не сака чад. Но денес како и секогаш откако ја испушив цигарата, си земав мастика, измив раце, се тоа за него да не му мирисам. Сепак ме избегнуваше, не зборуваше со мене, ме игнорираше. Се поради една цигара. Инаку нема проблем да биде физички блиску до други луѓе кои пушат, и не ги избегнува и игнорира цел ден ако види дека пушеле цигара. Што да правам?
Pushac si, samo ne strastven. Ne postoi izmegju. Ili pushish ili ne. Ako cigarata e pricina za oddalecuvanjeto, a toa ne go pravi so drugi lugje neka se zasrami. Ko se fativte znael deka si pushac, na kraj kraeva. Neka si najdi nepushac ako tolku my e precka vekje.