Малечка се мислев дали да ти напишам , но морам. Вака вие иамте 6 годишна врска. Ти можеби не излегуваш, верна си му, но не секога значи дека другиот е како тебе. Имам другарка има 4 и пол годишна врска. Ти се верува ли дека го изневери над 10 пати, а типот никогаш не дозна. Не само на фб туку и на моб. се слуша со тие, а тој не приметува или се прави мутав. Поентата ми беше, дека се здосадува. Не е оправдување, ама тој ем си му ти сигурна, знае дека ќе се лутиш, ама ќе ти помине, си викаш е 6 год. не се фрлаат така. Значи не правам разлика машко - женско, едноставно не размислуваме сите исто. Ете може момакот твој си вика, сигурна е, може ќе ја женам, зошто сега да не прошетам? Не значи дека те изневерува со неа, туку само флертува. Па и тебе би ти одговарало некој да ти се додорува, да ти покаже дека вредиш, но да остане на тоа. Јас еве не приметувам колку пријатели имам на фб, ама па сестра ми секој ден вика абе бројов се намалил или зголемил, па како кога не сум чепкала? Друго, ако тој не сака да те загуби никогаш нема да ти признае дека се допишувал со неа, секоја чест ако е искрен и ти каже, а покрај тоа пак да сака да остане со тебе.
офффф...баш и ова ме мачи...дека знае оти само ке се лутам и ке ми помине...баш поради ова уште повеке мислам дека има нешто...потполно се согласувам со се што пиша и можно е стварно....затоа јас се траќам на кој начин ке биде најпаметно да постапам за да дознаам...оти како што викаш ако го прашам НЕМА ШАНСИИИИИИ да ми признае...го знам....ке чекам шо да праам ке чекам некако НЕСАКАЈЌИ да го "фатам" ако прави или си пишува со оваа...
абе фала богу дека не сакам крај со него....ама не сакам оти немам "ДОКАЗ" да бев од оние што ќутат ке го видев ова и ке се направев дека не сум го видела,ОТИ,оти ке сум сакала по секоја цена да бидам со него...ама јас се тракам да дознаам дали има нешто...зошто...оти најмногу на светот мразам некој да ме прави глупача....НЕМА ШАНСИ да поминам преку тоа ако има нешто значи НЕМА ШАНСИ.....затоа барав начин како да дознаам,а ако има нешто мислам дека кога тогаш ке дознаам....ако не дознаам ништо за неколку дена тогаш ке морам да го прашам лично и да расчистам со ова шо ме мачи
Малечка што и да е ќе излезе на виделина...Џабе мозгаш ти тука па и другите...Ако има нешто што треба да се знае секако ќе се дознае.Опушти се малку.
вчера му почнав муабет....се каравме до сабајле,не само за ова...работава испадна дека оти знаел дека му го дознав пасс-от и на секој 2саати проверувал дали му нема девојчиња,оти знаел дека ке му брисам....и кога видел дека му ги нема овиа две,намерно ме прашал дали му бришам икога сум му рекла дека не...он затоа скренал и го избришал профилот....и му викам а зошто тогаш ја имас есга и на новиот профил ми вика така ми се појави горе да ја додадам и ја додадов....и скрена буквално скрена и фана ги избриша сите сите до еден пријатели од фб-от и ме остави само мене...ц ц ц ц ц ц.....знаел дека ако има пријатели кога тогаш ке сум го прашала за некоја која е овааа,и он немало да има живци да ми ДАВА РЕПОРТ и ке требало да ми се скара,и после ке се каел цел живот и сеа од инат нема ни еден пријател
Maleckaa по ова што гледам сега поинаку ми се смени мислењето. Изгледа му смета тоа што си љубоморна како детектив си премногу го контролираш. Дај му слобода малку. Еве јас да ти кажам сношти што ми се случи со мојата љубомора. Бев кај дечко ми дома и тој си гледаше филм,а јас на фб си играв игрички.Доиграв и ми текна да му проверам хисторис.Леле како збудали,проверив на почетокот немаше ништо страшно.Ама знајш што? Не ме остави да му чепкам.Не сака да го гушам со мојте напади на љубомора. Потоа се смирија страстите си се смиривме и убаво си размислив дека правилно постапи дечко ми. Уште еднаш никогаш нема да ми текни да го направам овој потег. Дај му слобода.Мислам дека не те изневерува.
туф, туф греота, ги избришал сите од нервоза, сега да не треба да се каеш па да ги додаваш? Јас на твое место ете сега ќе ја оставам таа тема, ама сепак биди претпазлива, зашто ми е малку глупаво оправданието дека на два саати проверувал дали му бришеш пријатели. Па и да е така, решението му е пак да ги додава и да се расправа, наместо да седне и убаво да разговара со тебе дека ете можеби му пречи твојата љубомора. Остави го, ама биди претпазлива сепак.
Девојки,ако има некоја од вас тука,нека помага,затоа што јас ќе направам грешка уз нервоза. Типот го знам од пред три,четири недели,од ист град сме,онака се знаевме само.. И пред едно три недели,некако се најдовме заедно на излегување,заеднички пријател имаме и така..И скоро цела вечер,си правевме муабет,се зезавме,под дејство на алкохол бевме и двајцата,ама битно беше интересно.. Е сега. Останавме во контакт од тогаш,инбокс,на телефон,разбирате,и бевме пред неколку дена на кафе.Интересно беше кафето. А уште поинтересно е следново. Токму оваа вечер,малку повеќе ги отворивме картите. Значи,мене ми е убав,згоден,симпатичен,паметен,се тоа...Ама додека не го запознаам поубаво,нема шанси за ништо. Приказната е во тоа што знае дека сум заљубена во друг,и ми вели вечерва,зошто кога го сакаш тој другиот,пишуваш со мене? Од кога е забрането да имаш машки другари,можеби сакам да те запознаам,му велам,освен ако ти не сакаш нешто друго од мене...И сега муабетот се врти околу тоа,што е тоа другото? Јас му водев малку инает,ама на крајот вака му реков.. "јас не сум нефер играч,другото е шо јас не сум добила впечаток дека ти сакаш само да ме запознаеш,да не кажам погрубо.." Замислете,типот ми се изнасмеа,и ми кажа ок одам јас,ми почна филмот. А утре сме договорени да одиме на кафе. Е утре мене ќе ми почне филмот. Не си правам никави филмови,ниту се преценувам,го проценив и ептен е очигледно,па ако сакаш да ме ебиш,биди маж и кажи ми...А не вака пичкесто да ми бегаш. Коментар,било каков,е добредојден.
Зошто не му речеш вака, "Ако сум заљубена во друг, не значи дека тоа така ќе остане" Немој да бидеш груба, сврти му го вниманието на фин и културен начин
Му реков Офи. Тој ми кажа ти и кога ќе ме запознаеш уште ќе го сакаш него. И јас му реков,од каде си толку сигурен.. И после ми вика па што,може во мене ќе се заљубиш....Боже,несозреано...Не барам јас прстен да ми ставиш,не се секирај. Не му личе за годините,ама што да кажам..Мажи.
Наредниот пат тебе нека ти почне филмот. Добра тактика Ферхунде тактика Хммм, е си ме претркала А да не е очигледно ептен дека си заљубена во другиот? Знае како се однесуваш овој, со тој? Може и не му е сеедно да се заљубиш во него, па затоа и така ти рекол
Јас мислам да бидеш лизни-мазни, демек ептен си се загреала за него. И кога најмалку ќе очекува е тогаш да ти почне филмот
Машки бре. Никогаш незнаеш што ќе те сполета. Ами јас незнам што се мислиш олку околу ова. Излезете и утре и фино лепо ќе му кажиш дека не си врзана со овој што го сакаш, аман мислиш маж ти е. Нормално е да ти се допаѓаат и повеќе во исто време. Ако сака да си се дружите и запознаете повеќе океј, ако не педала. Ќе видиш како ти одговара, ич не се замарај со мислење од сега.
Според тоа што ти го рекол, или е несигурен во себе, или сака да го молиш и да му се правдаш. Ако е таков, бегај уште сега спасувај глава
Неможам да решам додека не го запознаам. А можеби има хемија,али... Мече ќе треба да роде.Па после овоа...
Малечкаа Јас сепак би била пак внимателна. И мојот ги избриса сите, па после и ФБ го избриса. Ама па се префрлил на МСН и таму продолжил да флертува. Затоа, внмимателно. Можеби ништо не направил, ама не е на одмет да бидеш внимателна.