Леле готово го реши проблемот раскини му и готово ,па девојката сака да најде решение с да сакала да раскине немало да бара совети.
Нека го шпиунира во телефонот можеби има нешто сомнително. Нема што да се советува освен да му каже него лично дека има потреба од поголемо внимание, пошто очигледно не сфаќа да чита меѓу редови или ако му дава некакви знаци на незадоволство. Што ќе ја советувате кога само кука тука?
А ти што ја посоветува? Раскинувањето е најлесната опција. Зошто ти не раскина одма со девојката туку пишуваше тука за совет? Епа истото е. Секој се труди да најде решение, не е целта раскини и готово нема проблеми.
Треба директно да му каже, ако е веќе дојдено до овде, All in. Па свесна е дека работи момчето, а сепак ја нервира. Или нека разговара диреткно вака и вака е проблемот или нека си чути и проба да се навикне на него или краен случај ако не можеш да се разбериш или трпиш, раскини.
Па одбегавај го малку, нека си се среди и он, не си дужна да трпиш негстивна енергија за работи кои влијаат само на него и ти немаш врска со неговата работа. Сите сме себични и глеаме само за нас а не пратиме како реагираме на другите со нашите постапки
Секако дека ќе разговара бидејќи на тој начин се решаваат проблемите, но тоа не значи дека не смее да бара совет во тема која служи за тоа, нели? За некој како тебе да се избаци и да и кажи дека кука, а до вчера ти бараше совети. Ако беше така лесно раскини и готово, немаше да постои темата.
Метастазирано е кај неа, особено коментарот што го цитирав. Вика те сфаќам се и разбирам, ама не можи вака. Сметам дека е во крајна фаза.
Период е, ќе помине. Ако се сакате биди покрај него, сеа му треба поддршка. Сите сме биле у такви ситуации, најлесно е да свртиш грб и да го оставиш партнерот кога највеќе му требаш ама тоа не е смислата на една врска.
Точно , сеуште сум со него и како што кажав, секогаш го сослушувам, му давам мислење/совет, и истото го очекувам од него. Периодов стварно и јас сум хаос прво со сопственото здравје, а потоа дома ништо не ми е како што треба. Он сето тоа го знае и ако јас не му кажам еј ова ми се случи, он нема да ме праша. Ме нервира тоа што се се врти околу неговата работа периодов. И јас имам потреба да се искажам, да се пожалам, да добијам утеха од дечко ми за било што, а тоа го немам. Или макар да излеземе на кафе и да правиме глупи муабети, а не цело време напнатост и нервоза од него. Погоре имаше пишано да му чепкам во телефон и такви глупости и да раскинам, јас не се сомневам овде дека ме лаже, ја знам целата ситуација со неговата работа и јасно ми е дека има проблеми бидејќи тоа е негов бизнис и не сакам да раскинам, би сакала да му помогнам да можам, ама не можам ништо освен да бидам до него како и што сум, ама барам само малку внимание и заинтересираност и за мојот живот и здравје. Бидејќи веќе разговарав, а нема промена мое мислење е малку "да оладам" во смисла да не спомнувам воопшто ништо што ми се случува и како сум, да продолжам незаинтересирано да ги слушам неговите проблеми и да се надевам дека за брзо ке се освести..
Многу зрело и паметно размислуваш. Објасни му уште еднаш вака како што напиша тука. Ако глумиш не заинтересирана мислам нема да сфати, само ти ќе се нервираш. И јас мислам дека се работи за период, продолжи да му бидеш поддршка, не отежнувај дополнително. Но нека има и тој малку разбирање, баш времето со тебе треба да му е за опуштање. Се надевам ќе те разбери.
@Darlingzz зборувај му, тој за неговиот проблем, ти за твојот. Пр. “Леле Трајко уште не ми плати, а Ристо чека јас да му платам, не знам што ќе правам” “Да срце, а мене докторот прееска ме препрати 4 пати да се снимам и крв да проверувам, не му биле јасни резултатите...” И ќе ви помине периодот.
Океј ова малце банално звучи можеби ама сакам мислења. Значи, бев кај него но само на еден час, и за тоа време ми се јадеше, па направив храна. Тој имаше пуштено музика (јас со музика или глателевизија не можам да јадам, знам чудно е, но ете не можам, и тој знае за тоа) и му реков да ја исклучи на 5 минути додека ја изедам храната која си ја подготвив. Ми рече епа не јади тогаш и не сакаше да ја исклучи. Ама си велам во ред, негов стан, негови правила, нема да се бунам. И после тоа ми превртуваше очи зошто молчев и не јадев. дали сум во право што бев навредена?
Нормално е да бидеш навредена, тој тебе треба да те стави како приоритет и да ја стиши музиката за да можиш да јадиш (без разлика колку е тоа чудно, чим тој го знае тој факт треба да го почитува). И без разлика дали е негов стан и негови правила тој треба да ги почитува твоите потреби, и јас кога би била на твое место, залак после тоа не би ставила во уста.
Прво му сметаа цигарите сега ова ти го прави. Факт е дека нешто не е во ред со вашата врска, а тој нема храброст да ти го каже тоа в лице, па ти става до знаење “колку му значиш” со вакви гестови, кои патем се бљак. Можда е време да го седнеш и да разговарате, па ако дошло време за крај...јбг
Он ако те сака треба и да те почитува. Љубов без меѓусебна почит и разбирање не бива. Он треба и без да му кажеш да ја исклучи музиката па чак и да седне со тебе друштво да ти прави.
Незнам како го трпиш,секоја ти чест на живците и нервите.Друга работа да не се лажеме но во вашата врска нема ни Љ од љубов,незнам зашто си губиш време со ваков,незнам ни што бараш со таков тип,но очигледно чим си уште со него ти годат неговите вакви испади.Човек кој вака се однесува кон друго човек за храна,за мене одвратно нешто,најголем непријател да ми е,ке го оставам да се најаде искрено. Љубов е безоконечен компромис,внимание,нежност,страст,грижа,во вашата врска има се,освен сите овие наведени работи.
@DevilGirl212 @СуперДевојка @Ostaveniot @ЕденЧлен ви благодарам на мислењата најпрво. И да, ми се чини како сѐ нешто да му пречи, само изнаоѓа работи. На пример ова со музиката и храната/телевизијата (за кое потоа ми се налути мене зошто не сум зборувала и јадела) никогаш претходно не му било проблем, без да му кажам исклучувал било што. А сега ми се испонаша велејќи “епа нема да јадеш тогаш, не јадела со музика втф бе” а знаеше дека бев мртва гладна и искрено ми се одјаде кога го слушнав тоа. Инаку имаме разговарано за нашата врска многу пати и имаме дојдено до скоро раскинување ама не се случило. Тој вика дека од Август смета дека работите во врската не се взаемни туку тој само се труди за мене а јас сум пасивна и ништо не правам и не покажувам. А не сметам искрено дека е така бидејќи јас чувствувам премногу работи за него и буквално што и да направам позначајно во животов е за него. Исто така пред една недела не зборевме два дена и кога го прашав како му биле тие два дена рече дека се осеќал прочистено и дека се осеќал убаво и мирно бидејќи јас не сум била таму да му правам негативна енергија. И искрено и тоа ме навреди и му реков епа тогаш тоа е тоа, нема што да правиме веќе заедно ако се осеќаш поубаво без мене отколку со мене. Тој на тоа ми врати “прекини да мислиш само на себе, само тебе ако те засега е битно” (бидејќи исто така мисли дека само јас се ставам себеси на прво место а не гледа колку работи имам пројдено поради него, и жртви направено поради неговите уцени) Не знам што сака од мене веќе.
Сум била во ваква ситуација и мислев период е и ќе помине. Последните месеци се беше околу неговата работа, како тој не можел да престигне и нема време, а имаше за да гејма и за да оди да се види со пријателите. Мој совет е да видиш колку долго ќе трае ова. Ако продолжи со месеци не мора да трпиш. Поентата на врската не е само ти да изиграваш психијатар. Сега кога ќе размислам подобро може и тој изговор и преправање за работа да биле само глума и добар изговор за да се раскине.
Незнам веќе што да кажам,освен дека си во токсична врска,со човек кој сам со себе си има огромен проблем,нема љубов од негова страна тоа е факт.А што ке правиш понатака,само ти си знаеш и никој друг.Ти посакувам среќа