Предвремено извинете за долгиот пост но ми стоеше на душа да си кажам и да видам ваше мислење Одевме заедно година и осум месеци. Најпрво бевме најдобри пријатели 3 години а после тоа нешто повеќе. Се беше океј се до една ситуација која смени тоа како се однесувам кон неа, кое за жал направи да ја третирам како нешто што таа воопшто не е. И уништив година ипол од животот со таги, солзи и лузни кои ке и останат засекогаш. Никогаш не сум ја изневерил или сум ја повредил физички, но сум ја повредил душевно премногу. Покрај се таа сепак наоѓаше начин да ми прости и да ме сака. Ме сакаше повеќе од се. Прекинуваше што и да прави само за мене да ми помогне, се за да ме направи среќен. Јас како моронот што бев не го гледав тоа туку ја обвинував за глупости и ситници... Почна да оди на часови за кола и инструкторот кој беше психолог и помогна премногу да ја крене како личност и да почне да си гледа за себе си. Одлучи дека е време да прекинеме и веќе 3 месеци не сме заедно. И претходно сме збореле за раскинување но овој пат сфатив дека е крајно и не знам дали ќе ме разберете ама одеднаш имаш друг поглед. Како само што да сум се разбудил. Почнав да се навраќам на пораките што сме си ги праќале и сум сфатил дека сосема сум бил јас виновен за се. Не сум бил со неа во моменти кога највеќе сум и требал. Едноставно кога ќе погледнам не се гледам себе си таков. Не можам да помислам дека сум бил таа личност. Сум бил најлоша личност за неа покрај се. Откако прекинавме сакавме да си останеме во контакт да си останеме пријатели. Зборевме секојдневно како и претходно но после некое време гледаше некако она да прекинеме да збориме секој ден но некако останавме така. Месец откако раскинавме се видовме на beerfest и бевме заедно со уште неколку пријатели и ден два после тоа она рече да искочиме. Излеговме се беше супер се смеевме останавме до касно и некако се зближивле и заминавме со тоа што се испративме со долга топла прегратка проследена со задржување за рака но не сакав да направам потег за нешто повеќе да не ја оддалечам. После тој ден почна да ме вика да и правам друштво пред тренинг, да оди до продавница да види нешто, да искочиме пред курс да јаде нешто, почнавме да збориме секој ден/втор ден да збориме на vid call кое беше нејзина идеја, таа викаше секој пат да збориме, дојде кај мене еднаш и јас бев кај неа и готвевме. Почна да се закачка со мене како порано но сепак не направив ништо бидејќи не сакав да ја повредам со тоа што ќе направев, бидејќи знаеше дека јас сеуште имам чуства за неа и се тоа. Но одеднашка еден ден се смени и почнавме да не збориме толку, да ми кажува дека не седела на телефон, не сакала така да поминува време, читала книги. Не се имавме видено скоро 3 недели и сакав да прашам зошто и да и кажам нешто што одамна го имам пишувано кога ми беше тешко тој период. И го кажав тоа но таа не го чуствуваше истото за мене. Кога ме гледала се потсеќала на тоа порано каков сум бил и колку тешко и било. Верувала дека сум се сменил но искуството и кажувало друго, дека се повторно ќе се врати како што било. Се извини ако погрешно сум ја сфатил со тоа дека имала чуства за мене. Ја сфатив и оставив период не форсирав разговор ниту ништо ама си останавме повторно така да разговараме, и некако после 2/3 дена повторно почнавме да збориме повеќе, да спомнува за нешто да и правам друштво и после 5 дена откако и кажав како се чуствувам и се тоа ми се јави на instagram и зборевме нешто и вечерта беше на журка на која повеќе испи и од сите кои можеше да ги исконтактира да и помогнат ми побара мене, да дојдам и да и помогнам. Веднаш отидов да и помогнам и кога бев со неа сакаше да ја гушнам. За да не влезе дома одма сеуште пијана, седевме во кола некое време. Додека бевме легна во мои прегратки и ме фати за рака и сакаше да ја гушкам. После неко време и помогнав да легне дома кај неа во кревет и бараше да ме гушка додека спие, да ми ја држи раката и да спие. После тој ден повторно се зближивме и почнавме да излегуваме преку ден не како на дејт и да збориме на vid call. Но после две недели се се врати како што беше. Повторно да е ладна и да не сака да збори. Знам дека е прекасно за се и дека ми дала милион шанси кои не сум ги искористил туку одма после последната сум сфатил се. Некои можеби нема да веруваат дека се имам сменето, но кога нешто ке ти се случи во животот и кога ќе сфатиш која личност си ја изгубил се ти се менува. Нешто одвнатре ми кажува дека сеуште можеби чуствува нешто но не сака да го чуствува тоа бидејќи мисли дека ќе е како претходно иако знам дека никогаш не би можел повторно таков да сум... бесчуствителен. Воопшто не сум тој од порано и правам се за да го види тоа. Можеби е касно за се сега но кога она не се откажала од мене и ме трпела таков година време ке правам и ја се и нема да се откажам само за да и покажам дека не сум таа личност и може повторно да сме заедно. Знам дека после се не треба да ме погледне а воопшто да ми збори. Секој ден ми е се потешко и потешко, само кога со неа зборам се враќам во живот. Сеуште имам надеж дека после се тоа сепак нешто чуствува колку и малку да е сепак ако има шанса да сме заедно би чекал колку време и да треба и би направил се. Извнинете повторно за долгиот пост, фала ви.
@Nije Mi Lako тешко се менуваат луѓето, тешко и ти да си се сменил. Девојката си игра топло-ладно и сака да си тука за неа за емотивна поддршка. Се сфаќа се од кога ќе се згреши. Нема назад, тешко е ама ќе помине. За наредната внимавај како се однесуваш.
Јасно ми е дека тешко се менуваат и тешко кој верува во тоа, особено личност што си повредил. Ми имаат родители и пријатели кажано дека сум се сменил а и по себе си знам. Ќе бидам за неа цело време тука барем тоа можам сега. Се надевам нема прекасно да види дека навистина сум сменет и дека може подобро. Инаку не знам.
Не ли ви е малце безвезе да ве третираат како малоумни, да ви одредуваат што да зборите, како и со кого, како да се облекувате, каде и со кого да излегувате, како да се однесувате на социјалните мрежи ? До толку ли не допира тоа до тебе, па да ставиш прст на глава и да се запрашаш кого имаш до себе за партнер, дали си куче кое минува низ дресирање за да газдата биде задоволен, или си човек со сопствен карактер и живот ? Малоумна ли си ? Ако не си, отвори ги очите на време. Да не ви бидат криви еден ден родителите што нема да ве земат назад, неговите, тој, системот и државата. Ако некој е виновен што утре ќе се најде во опсесивно контролирачка врска т.е брак, пропратена со психичко и физичко насилство, е исклучиво потчинетата особа. Жално.
Луѓето не се менуваат освен на полошо, ти мислиш дека си се сменил ама јас сум сигурна дека да се смирите после одреден период од врската ќе си продолжиш по старо . They all do the same .
Тоа е тоа што ме боли од внатре што колку и да објаснувам нема никој да ми верува. Вие не ми верувате а не она. Се менуваат само ќе ви кажам, колку и да не верувате кога ќе им се сруши светот луѓето се менуваат. Не сите, ама се менуваат некои. Тие што се спремни и што не се откажуваат колку и да е тешко. Јас сум спремен да направам се и ќе си стојам на тоа. Дечко нека фати јас сеуште ќе си стојам на зборот и после се. Кога она од мене не се откажуваше после се што проба, нема ни јас.
Ти е криво дека она те шутнала и дека може без тебе. Ако стварно ја сакаш, како викаат во филмовите..let her go. Aко и се смени мислење, ќе те побара...
Имав многу блиска другарка која гледаше да раскинеме и откако дознавме јас сеуште сакав да останам во контакт со неа дека веќе 4 години се знам со неа а и во тој период бев наивен и ако некој во момент беше добар кон мене ја го сметав за добра личност. И после тоа почнаа лошите денови. Почнав да ја обвинувам неа зошто прекинав да се дружам со другарката и од тогаш за било која ситница, која гледано наназад воопшто не е ништо, сум се лутел. Во моменти кога сум требал да ја гушам и да и помогнам не сум го правел тоа дека сум бил нервозен за нешто што ќе ми кажела. Едноставно сум бил бесчуствителен дебилен морон. Нешто што никој не би трпел ни месец дена. И уништив период од животот и и направив лузни кои никогаш не можам да направам ништо за нив. Колку и да се извинувам и секој ден нема да е доволно. Јасно ми е дека нема да можам никогаш да надоместам за тоа. Единствено можам од тој ден натаму да и помагам за се што ќе и треба и да и бидам морална и емоционална подршка. Се што да и притреба во било кое време да бидам тука за неа. Да види дека од монструмот што бев нема никаква трага. Да може една и последна шанса да ми даде да течат работите најпополека што може. После се знам дека премногу барам и скоро нема ниедна што би сакала повторно, сепак се надевам дека можеби ќе види каков навистина сум станал како личност, иако мислам дека веќе знае само што стравот е поголем од се. Што е најнормално. Дали после се чуствува нешто бидејќи работите што ги правевме откако прекинавме колку и да е малку ми кажуваат дека сеуште има нешто.
Не знам дали читаш убаво кои се одговорите на другитр за тебе. И јас ќе ти го кажам истото- правиш ГОЛЕМА грешка. Можеби сега е рано да сфатиш, еден ден ќе ти стане јасне. Не знам точно што мислеле другите, ќе ти кажам што мислам јас: објави си слики кои ги сакаш, нека полуди тој колку сака, одлучи си дали сакаш да тр контролира и во зависност од тоа остани или не со него. Не е ни прв ни последен. Јакиот тип. Сељак неотесан.
Ми е криво што прекасно сфатив се. Знаеш нешто колку ти значи откако ќе го изгубиш. Знам каква личност е и знам дека ме сакала уште долго порано пред да сме заедно. Најискрена љубов и најчиста душа има. Ако прекинува со некој да збори повторно не стапува во контакт доколку другите не стапат. Всушност веќе ја иам изгубено иако се лажам себе си дека сеуште има шанси. Единствено надежта ме држи моментално од темни мисли.
Ме потсети на темава, како одговор на многу поставени прашања тука. Чисто дека се е изговор и сите имаме време да пишеме порака или да се јавиме на кратко. Ниту работа, ниту не знам што не се оправдување за негрижа и невнимание. Тој што сака секогаш наоѓа време. И не добивањето на внимание е одговор на многу прашања...
Имаш прејака желба да се вратиш со неа. Но верувај ми дека не си сменет, туку ќе мислиш дека си сменет додека не ја вратиш назад на ден, два или недела, месец нека е. После ќе почни пак стара прича. Волкот крзното си го менвит, табиетот не. Можеби и мислиш дека си сменет и се убедвиш во то. Ама вистинскиот ти ќе излезит на површина кога би ја вратил.
@Nije Mi Lako остави ја и не и зборувај за минатото и што чувствуваш. Проба, не оди... пробај да и побудиш нови чувства, нов ти, не тој стариот што ја повредувал и ја сакал. Не и спомнувај веќе чувства твои, и дека ја сакаш, се додека не отвори таа тема на таа проблематика.
Јас мислам дека си продолжила таа со животот и баш и е гајле за тебе. Во случај да се смирите само полошо ќе ја третираш, зошто луѓето знаат да ценат само кога ќе изгубат некого. После сморување иста песна. Нема што да се залажуваш дека си се сменил. Од што ти е криво мислиш дека се менуваш, ама истиот си ти.
Ти си како бившиот мој. Додека јас изигравав будала како некој девојчиња погоре, не дека не сум смеела слики да објавувам ама сепак ниту сум за оправдување. Себе си си се ставав на последно место само за тој да е среќен, колку пати само изиграваше идиот и ме расплакувал што секој ден што би требало на некој начин да биде посебен за мене тој го расипуваше. За матура заминав последна да се шминкам ајде тоа што јас се бавев настрана ама успеа да ме расплаче и тој ден и на сликата сум како надрогирана. Сега да ми е пред мене би му заврзала еден шамар два пати да се сврте. И на крајот кога ми се отворија очите и кога јасно видов што заслужувам немаше назад. И денес ме моли и ми го кажува истиот муабет што ти го кажуваш ама во моите очи не е тоа што беше. Да и јас знаев да му се јавам да одиме на кафе, да јадиме ама мислам дека тоа највеќе беше пошто бев навикната на него. И колку и да се трудам џабе е
Јас не мислам како другите.Знам дека е многу тешко некој да се смени како во случајот ти, но не е невозможно.Поради постојаното простување од нејзина страна ти не си се исплашил дека ќе ја изгубиш се до сега.Не си знаел да ја цениш нејзината љубов и тоа е твојата грешка поради која не заслужуваш да бидеш со неа.Со личност која дава безусловна љубов.Но...секогаш има но хаха.Ако ти навистина си се сменил како што велиш мој совет е да се трудиш многу за да ја придобиеш повторно.Но прво седни и размисли дали навистина го можеш тоа.Затоа што ако не го можеш знај дека ќе ја уништиш.Но ако имаш сила да се трудиш тогаш бори се до крај.Ништо не е завршено.
На човек може да му смета до моментот да не пушиш до него. Се' натака е твоја работа не негова. И не се уфилмувајте дека некој бил алергичен на тутун, од мирис на цигаре нема да паднете во анафилакса без гајле Демек она е толку јака будуча докторка али нема муда да му постави кочница на коментарите од мама и тато? Услуга ти направила веруј
Можеби сте имале случување во кои личноста не се сменила или после некое време се вратило како порано што било. Да знам дека ќе ја повредам пак воопшто нема да пробувам да ја вратам. Затоа кога раскинавме иако премногу сакав да направам се и да ја молам за уште една шанса не го направив тоа бидејќи не се чуствував достоен на тоа, не после се. Оставив времето пополека да ги менува работите и со време да се сменам, бидејќи човек од денес за утре колку и да е спремен не може сосема да се смени. Од сосема интровертна личност станав човек кој не се срами да си изрази чуства и да збори за нив. Почнав да вежбам и да се усовршувам секој ден се повеќе и повеќе. Никој не може за еден ден да се смени, но ако седнеш размислиш доволно време за се и ќе почнеш од почетокот да видиш кои грешки си ги правел и што можеш да смениш, и тоа што било добро може подобро, но само со упорност и со броење до 10 пред да се одлучи за нешто. Иако сите велат дека не се менуваат луѓето колку време и да помине се надевам некогаш ќе видите дека сепак не е се така. Ако се сака се се може. Жал ми е што така испаднало навистина. Можеби никогаш нема да го смени мислењето но сепак јас не се гледам како таков повеќе, кога ќе видам што се сум и кажувал ми доаѓа да одам и да се фрлам од негде дека воопшто не заслужувала ништо од тоа. Сигурен сум дека можам натаму да и пружам среќа и љубов, и да биде со постојана насмевка на лицето. Бидејќи нејзината среќа ми значи Се. Ако не може да ми поверува никогаш повеќе тоа е. И години да поминат секогаш ке си стојам на зборот дека ќе бидам тука за неа. Да ја опишувам со денови нема да можам да ви објаснам колку прекрасна личност е. Не можам со зборови да опишам. Но не се откажувам, ќе се борам секој ден се повеќе и повеќе. Што и да правам ќе оставам кога ќе ме побара. Не бев тука за неа како дечко, сакам барем како другар да сум тука за неа и да и помогнам за се. Без разлика колку е тешко и колку време ќе трае не се откажувам. Се надевам некој ден ќе може да ме погледне со други очи и ќе сфати дека сум нова личност, не таа што беше претходно.