Барав од дечко да се смириме и се смиривме, само за уште полошо да испадне дека се однесувам со него и дека го манипулирам. Вежбаш за да каже дека си се посветил на себе ?! Тоа е само за тебе, индивидуално, а не за неа. Кај секој човек си има граница до каде можеш да одиш со твојата злоба и алчноста. Кога ти попушта некој му се качуваш на глава се додека трпи, а кога не се трпиш веќе крај. Не чекам некој да се смени, ниту ќе се смени. Секоја дадена втора шанса е нов обид за очај и мизерија. Мене ми дал шанса најверојатно зошто во меѓувреме ни си нашол некоја друга, ама ти со главата во ѕид си одиш. Секоја врска има крај. Ќе заврши или со брак или со раскинување. Најчесто ова второто е.
Може си се сменал ние кој сме да велиме не. Ако треба да се смирите ќе се смирите. Ако не, валда не можеш да ја обвиниш. Ако ја сакаш навистина ќе сакаш да е среќна дури и тоа да е со друг. Извини али морам да искоментирам баш ме насмеа со никот
Секако, се надевам нема повторно да ја повреди некој и по грешка да се заљуби во некој како што бев јас. Мило ми е барем што те насмеав после се
Јас можеби верувам дека си се сменил, знам по себе затоа што јас сум многу сменета во моменталната врска за разлика од предходните. Еве еден најпрост пример ке кажам. Порано кога ќе сум се скарала со дечко прво што ќе сум направела ќе излезам со другарките, ќе пијам, ќе ставам слики со други машки, се ќе направам за да го направам љубоморен и да го повредам, а другиот ден само јас сум била повредената и глупавата и никогаш немало корист од тоа. Сега кога ќе се скарам останувам дома, он кај сака нека иде, јас си имам чиста совест и нема само бетер да ги направам работите. Сосем ми е сменет начинот на живот, размислувањата и по тоа верувам дека и други луѓе можат да се сменат. Ти си направил што си направил, нема назад и по тоа што го кажуваш некако барем јас не гледам некаква иднина со вас, она секогаш ќе се потсеќа на минатото и на тоа што си и правел.. Не може преку ноќ да прекинете комуникација и да се заборавите, барем јас мислам дека подолга врска не може туку-така да се прекине без да се видите уште неколку пати, дали само да разговарате, дали за секс или од друга причина, секако тука е битна и причината за раскинувањто, ама мислам дека треба да ги оладиш работите, она си игра топло-ладно, можеби не знае што сака, можеби има чувства, а се плаши, можеби само пополнува време додека не се појави некој друг.. Што и да е јас мислам дека веќе треба да ставите крај, да престанете да се гледате и комуницирате затоа што двајцата си губите време..
Ми се допаѓа еден дечко ама е многу послаб од мене а ја сум така пуничка и ми е страв дека нема да си одговараме физички. Смешно ли изгледаат вакви парови според вас???
Да не се разбереме погрешно мене ми е мило што тој се разликува од врсниците, што толку работи и се труди. И не инсистирам секој ден да се излегува да се иде по кафичи, кафани или диско, далеку од тоа. Меѓутоа сметам дека барем еднаш неделно треба да се излезе барем и до паркот, барем на по едно кафе, барем еднаш месечно на вечера или диско и сметам дека не барам премногу. Се чуствувам како да стоиме во место со врската, каква е таа врска постојано дома седење во едно место еве не знам. Пробав да разговарам синоќа со дечко ми и се изнервирав уште толку, земал уште нешто да работи уште една работа која не одзема многу време ама нели сепак е обврска плус. И го прашувам зошто??? Навистина не ми е јасно, тој е добро ситуиран има свое место за живеење, кола исто и неговите се добро ситуирани. Да немаше пари, да беа проблем финансиите ќе разберев дека се труди, знам како е кога се нема ама тој има и повеќе од доволно и пак е алчен за повеќе. Го прашувам зошто ја земал и таа работа кога реално нема потреба од тие приходи ми одговори дека луѓето пари направиле на тој начин. Не знам што да мислам го сакам, сакам да останеме заедно ама се плашам дека вака само ќе се одалечиме еден од друг. Имам јас другарки излегувам меѓутоа не е исто, сакам да поминувам и време со него. Ми здосади да ги слушам едни исти муабети колку е уморен. Се уморив и јас веќе, не знам што да правам.
И никогаш нема да го разбереш. Бизнисот кој оди напред станува опсесија. Правиш пари, сакаш уште пари. Успеваш во една работа, сакаш да успееш и во друга. Магичен круг е тоа од кој не се излегува лесно. Може да разбере само некој кој е во него.
Не кажав дека е "проблем" ама обично паровите покрај карактерно складно изгледаат и физички еден покрај друг. И речиси секогаш девојката е таа што е послаба од дечкото во врската а не обратно.
Физичките пропорции не треба да се третираат како општо прифатлива и универзална карактеристика за партнерска компатибилност. Очигледно те засега "обратното"...
Чуствува нешто штом прави од толку зближување до моменти кога едвај 5 пораки разменуваме. Тоа е нешто што ми дава надеж за дека можеби после не знам колку време ќе може да ме погледне и да рече можеби бил таков но сега веќе не е, иако тоа е претешка работа што скоро никој не може да го направи и тешко кој би можел пак да верува. Сепак сите мали ситници ми даваат некакви знаци дека колку и малку да е чуствува нешто, нема да ја форсирам на ништо само ќе оставам времето да покаже се. Верувам дека со време може да види дека навистина ништо нема да е како претходно и да и покажам дека ќе бидам најдобар партнер што може.
Na pocetok sum so edno momce sto mi se dopaga pa se slucija nekoi raboti i potreben mi e sovet, dokolku e nekoj raspolozen neka mi pishe u inbox )
Пиши ми Баш сум љубопитна што е тоа што девојчето не може да го прости, многу ме интересира што си направил, па ако напишеш а она чита фемина од кај знаеш може да ти прости после сиве работи што ги напиша, стварно
Те сфаќам. Никогаш мене работата не ми била на прво место ниту на мажот ми. Фамилијата прво, после се останато
Јас и дечко ми сме такви. Јас сум си пуничка а тој е послаб, плус полесен од мене во килограми, но тоа никогаш не ни претставувало проблем нас, а за другите не е битно што мислат. Најбитно е да си одговарате карактерно и двајцата да се сакате. Кога бев тинејџерка и јас така размислував, дека само подебел дечко би одговарал за мене, никој друг не би ме погледнал но не е така. Ако има знаци и од дечкото дека му се допаѓаш дајте си шанса.
Преходно имав напишано во кратко што се случи ама еве. После една случка поврзана со другарка се сменив. Станав ладен на нејзините пораки враќав ладно, се карав почесто (од гледањето на татко ми како има краток фитил станав како него, многу нервозна личност која на мали работи се нервира премногу, не размислувам кога сум нервозен, нешто што денес пробувам најмногу да го отргнам и да бројам до 10 секогаш), ме нервираа секакви ситници, не ја гушкав многу и за рака не ја држев период. Поминаа неколку месеци и почнав нормално како дечко и девојка да се шетаме ама караниците останаа. Од денот кога раскинавме сеуште search-нувам по старите пораки и гледам што сум зборел и не си верувам себе си дека воопшто сум го мислел а помалку да сум и го кажал неа. Не можев да поверувам каква личност сум бил. Кога ќе плачеше некогаш немаше да ја гушнам иако ме молеше бидејќи претходно ќе се скаравме за нешто кое можеби моја можеби нејзина вина беше, ама ништо не оправдува тоа зошто не сум ја гушнал ништо... Сум бил гомно од човек.. морон, дебил, бесчуствително говедо од човек. Човек не сум бил... Знам дека не сум достоен за таква личност после се тоа и не ја заслужувам. Јасно ми е тоа. Имам среќа што воопшто збориме а не па што се гледаме. Ми доаѓа да се фрлам од негде кога ќе се потсетам на тоа. Ништо нема да може да го поправи тоа што го направив. Ми имаше после тоа кажано зошто сега сум толку фин со неа и зошто гледам да и угодам да добие што сака, зошто не сум продолжел да се однесувам како порано, да сум си останел истиот тој. Сака да си се вратам на стариот себе си за да не и е криво. Ама не можам колку и да ме тепа некој и да ме парализира нема никогаш ни на момент така да се однесувам кон било кого. Ќе се подобрувам секој ден се повеќе и повеќе да бидам најдобрата личност што можам. Колку и да се сменам и да знае дека сум сменет искуството ќе и кажува дека не сум. Кога ќе види дека сум сменет и ќе се зближи одма после се одалечува. Планови дури правевме пред недела две за тоа кај да работиме во Америка да имала некои поблиски таму да не била само со другарки нејзини не толку блиски. Ситници се се фаќам за глупости ама ете. Тоа е ситуацијата и каква личност сум бил...
Било кој би ја почитувал повеќе од што ја почитував јас тогаш. Знам дека возот поминал и веќе е касно за се ама ете. Ако некогаш смени мислење тука ќе сум за неа.