Па зошто машкото да плаќа кирија сметки и храна, а таа ужива? Може некогаш ќе раскинат, а тоа што таа седела за безпари, а родителите се фалеле еее ја финансираме за Скопје добро е ? Во ред е да не ја поддржуваат врската, да го вреѓаат а за безпари да седи таму? Како совесна личност таа би се потрудила да се среди проблемот, ај што не успевало кај нејзе и родителите нејзини одбегнувале.
Кога ќе раскинат нека и ги побара парите што ги дал за подароците за роденден и годишнини што и купувал Треба да размислуваат да им е убаво нив сега, а не да размислуваат за парите што ги дале доколку би се скарале, ако не нека си земат едно дневниче и рецки нека редат
Зошто ако се земат да не плаќа? Тоа прашувам. Што му сменува него дали се венчани или не? Демек ако се земат не мора да плаќа.
Па речено му било ако влези во фамилијава тогаш е наша, и ние ќе се грижиме за нејзе. А тоа што го прашуваш подполно се согласувам дали се зеле или не, треба да делат средства колку што можат, а не да се прави таа па ќе се плаќало па вака па така.
Нека и ги побара и парите за поклоните сепак мислам, дека таа не е вистинската, зошто да се трошат пари на неа?
Другар ти треба да биде маж и да пресече. Ја да сум, ако ја сакам, ја запросувам. Ако рече не, не сега, моите, ова-она.... Раскинувам и чао. Од моја перспектива и родителите и девојката му наметнуваат нему нејасна ситуација и тој ја прифаќа. tl;dr биди како Алекс и пресечи го Гордиевиот јазол.
Две фамилии со размислувања од 19ти вел. Ете ова покажи му го на другар ти. Се плеснале и сеа за фамилииве е срам да раскинат, па форсираат живеење заедно и свадба. Тешки глупости или измислици на некој со премногу слободно време.
Ај прашај го ''другар ти'' дали девојка му шо му беше чистачка цело лето во апартманите дали го заборај? П. С. Дали мајка му му го склопи текстов за на форум или за толку можит и сам?
Зошто сестра ти како чистачка ја гледаш? Зарем треба некој друг да го склопи текстов или слабо процесирачка моќ на мозокот? Слушај ваму, ради нејзе нема да сум дрзок (почит), ама гледај си го твојот живот и не се мешај во туѓиот, многу е ниско. Имаш две деца да раниш и одколку да седиш и да демниш што прави сестра ти, по форуми и социјални мрежи погрижи се за твојата околина.
@Devilsister992 @DevilGirl212 @DevilBoy212 @MotherOfDevilGir И сите фамилијарни девили, браќа, братучеди, тетка од братучетката на внуката од 25то колено, вујкото на полу-турчинот и злобната маќеа на внукот на султанот.. Имате јавна опомена да не ја нарушувате темата и вонбрачните и семејните проблеми да си ги решавате во 4,6,8,10..20 очи... Форумот не е место за вашите проблеми. Во спротивно ќе бидете банирани од темава, а ако продолжите да решавате приватни проблеми во друга тема, тогаш и бан од форумов. Очекувам разбирање од сите инволвирани страни..без разлика дали сте еден човек со 100 никови
Ова ќе биде еден пост од подолгите... Но морам некаде да си ја испразнам душата... Имам дечко, заедно сме скоро 2 години... До сега било се’ океј. Живеевме надвор од Македонија за наша (не) воља. Работевме.. Имено, заминав на 18 години од тука. Само што пркнав, решив да си ја барам среќата надвор, нели поучена од секого. Сега имам 24. Прилично нашетана, но неостварена. Не успеав да завршам факултет, не успеав да создадам нешто повеќе за мене. Немам кола, немам сопствен стан, немам положено. Од прилика, немам ништо ‘’позавидливо.’’ Мојот дечко има 29 години, има помал брат што исто така има девојка. Прилично остварена во животот. Стан, кола, факултети и магистратури ( не ме сфаќајте погрешно, не велам дела факсот е крај на причата за само-остварување, ниту пак другите работи набројани). Нејсе, девојката има работи што јас ете ги немам... Сум сакала, но не сум успеала да ги добијам. Како што дојдовме дома, мојата самодоверба ја снема. Почнав да се осеќам премало. Секогаш другата девојка била зборена со восхит, како направила ова, како направила она, за нејзината кола од салон итн итн. Јас сум како глушец, неприметна. Не се чувствувам добро, си викам љубомора е, ќе помине. Но, не. Не поминува. Јас суѓ таа што моли за превоз, јас сум таа што ја собираат од дома, а другата со восхит ја зборат немало да се троши за бензин сама ќе си дошла. Работам за викенди, ете и саботите и неделите ги работам, таква ми е работата... она работи државно. И тука топката повторно се свртува кон мене. Не можеме заради тебе ни да отидеме, не можеме со луѓе да се видиме за викенд, само ти работиш. И пак се осеќам мало. Сум пробала да укажам дека не ми одговара ваквиот однос, но пак продолжува. Просто и едноставно дечки, се осеќам омаловажено. Неспособна, ете. А сакам и јас, но не можам да направам ништо. Задолжена сум до гуша со кредит голем за да заминам од тука. Не останува ништо за мене. Ве молам, напишете ми по нешто... Благодарам...
Проблемот во врската не е успешната девојка на братот на дечкото, туку неговиот деградирачки однос кон тебе. Компаративните ситуации со нечиј туѓ живот се толку распространети и напорни за слушање што стануваат универзален модел по кој сите треба да се водат и да живеат без да се земат во предвид личните потреби, интереси и цел. Единствениот натпревар што секој треба да го засега е натпреварот со себе. Трудот и упорноста се исплаќаат, но некогаш исходот се случува подоцна. Се тешко се постигнува. Дај си приоритет на нешто и фокусирај се на целта. Млада си и животот е пред тебе. Не дозволувај да те понижува и да ти ја уништува самодовербата. Таквите зајадливи и завидливи коментари може само да ја продлабочат ситуацијата. Врска во која нема разбирање, почит и поддршка порано или подоцна ќе заврши. Стави крај... Никој нема право така да се однесува.
Другите ја раѓаат љубомората во тебе. Не го гледаат тоа шо на 18 си застанала сама против светот додека тие чекале 100 ден од мама за кафе туку гледаат некој друг што има, а ти немаш. Не е океј, ти си имаш свои достигнувања. Еве, имам факултет и со дипломата радо би си го избришала газот. Работам бизнис кој сама го создадов (ни мајка ни татко не ми помогнаа) и многумина пробале да ме омаловажат за видот на работата (физичка работа е). На крајот на денот, јас го работам ова со љубов и од што го сакам, сам свој газда сум, не чекам 15ти за плата и не се тресам кога ќе добијам отказ. И ти пробај успеј во нешто што те исполнува. Мене сега и 2000 еур плата да ми дава некој не одам да му работам, ни државно, ни приватно.