1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Јас сум била во слична ситуација,не успеав да си го завршам факултетот,имав турбулентен период од животот,работев исто како тебе,нон стоп,во една врска се осеќав како тебе,а не да ми влијаело,премногу,уште сум лута на себе што од првенец на генерација на стигнав до диплома но ете,со мм воопшто не се осеќав така,тој е магистер на науки а свесен е дека јас сум поинтелигентна од него,свесен е колку многу маки сум претргала,дека на свој 34 години сум поминала ко за 60,никогаш не сум се осеќала деградирано покрај него,сега работам административна работа,подобро е во секој случај. Како прво преиспитај се за околината,си разговарала со дечко ти за ова? Пробај оди на курс за сметководство,земи лиценца за брокер,нешто што би ти донесло подобра работа. Ти посакувам секое добро и потполно те разбирам,мораш да излезиш од таа токсична средина,се повеќе ќе тонеш,а нема потреба.
     
    На Fleur-De-Lis, sj *O*, Anon и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Никогаш не е касно да направиш нешто за себе. Имам колешка што е 24г, ние сме 18-19г и е 1г со нас на факс. Ако имаш желба и сакаш да студираш можеш, верувај. Не поради девојката на братот, комшијата, братучетката, снаата на оној, овој, туку поради тебе. Ако имаш желба, можеш, верувај, млада си уште. :)
    Друго, нема никој право да те потценува. Не е проблемот во девојката на братот туку тоа што кон тебе се однесуваат така.
    Треба јасно и гласно да си кажеш, не дозволувај некој така да се однесува со тебе, никако не си ништо помалку од некој друг.
    Ама размисли, не е доцна да видиш дали сакаш да направиш нешто повеќе за тебе, да се насочиш кон нешто друго и да размислиш дали и си среќна во оваа врска. Можеби и тука лежи проблемот.
    Преиспитај повеќе аспекти и не дозволувај да имаш чувство на пониска вредност поради околината. Сите вредиме подеднакво.
     
    На Fleur-De-Lis, sj *O*, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Девојче..ќе те ословам со девојче затоа што си 5 години помала од мене, се надевам не се лутиш:hug:

    Не е проблемот во тебе..
    Не е проблемот во твоето образование..
    Не е проблемот што немаш возачка и кола..
    Не е проблемот што работиш и за викенд...

    Проблемот е што сама себе не се цениш..
    Гледај од оваа страна...
    Ти си успеала да застанеш на свои нозе на 18 години, некои и на 38 се зелени и незаинтересирани да бидат самостојни..
    Ти работиш и чесно си го заработуваш својот денар..
    Ти си доволно храбра секогаш да почнеш од почеток, од нула..како што си направила на 18год кога си ја завршила етапата - средношколец и си решила да работиш..

    Доколку околината во која што си не те прави среќна, барај друга.
    Разговарај со дечко ти и кажи му дека ти смета неговиот однос и односот на неговите. Кажи му дека од далеку се гледа дека не те ценат ни тој ни неговите и дека се чувствуваш понижено од нивна страна.
    Ако ништо не се смени, јас ти препорачувам да си најдеш некој друг што ќе те цени поради тоа каков борец си и поради самата ти како личност.
    Никој не заслужува да биде омаловажуван и потценет..


    И уште нешто...
    Си заминала на 18 и не си завршила факултет. Сега си позрела и знаеш што сакаш. АКО сакаш, запиши се вонредно и ќе го завршиш. Ако не сакаш, не се форсирај себеси. Но, за така амбициозна девојка како тебе мислам дека факултетот би и бил само уште едно нешто што ако сака да го исполни (заврши) ќе го исполни.
    АКО сакаш да полагаш, полагај за возачка. Ќе дојде и колата сама по себе.. денес барем има коли од 700 евра до тешки милиони..


    Гледај ти да си среќна. На тебе да ти е убаво. Ти да си исполнета. Ти да си задоволна од самата себе. Ти да се сакаш во тоа издание во кое што си.. да го правиш тоа што ти сакаш, затоа што ти го сакаш и не ти е гајле за другите
    Тие што те ценат ќе те поддржат и така и вака во животот.
    Тие што не те ценат избриши ги, не го заслужуваат твоето време и твојата почит.

    Ти посакувам правилно да избереш што со иднината:hug:
     
    На Fleur-De-Lis, GirlRose, sj *O* и 27 други им се допаѓа ова.
  4. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    @Yalishandela Горе долу ќе ко пишев истото како @Dust горе. Види, за секое нешто што не ти се допаѓа тебе кај себе си, никогаш не е касно да го смениш. Од изглед, до работа, до образование, се буквално.

    Ако си во можност да полагаш за кола и имаш желба да возиш, тоа може да ти биде навистина од корист, не е многу време за да се положи. Коли сега има ефтини на старо, не ти треба скапа кола, само практична.

    Факултет размисли дали би ти се исплател. Од мое искуство факултет бара време, пари и нерви да се вложат. Не би го правела само за да стекнам некој статус на дипломиран човек, ако не работам со таа област после. Но ако ти е желба и можеш да го искористиш понатаму, зошто да не. Познавам девојка што работи во козметички салон попладне, а преку ден студира. Притоа има дете од 10тина години и повозрасна е доста од тебе. Ништо не е изгубено, имаш 24 години, млада си :)

    Но пак ќе речам, гледај пред се што и да правиш да го направиш за себе. И немој да толерираш луѓе кои наместо да те мотивираат, те туркаат назад. Не сфатив дали дечкото ти префрлал, или девојката на брат му.

    Ајде сега глава горе :) Имаш многу со што да се гордееш :)
     
    На Fleur-De-Lis, sj *O*, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Со денови собирам храброст да побарам мислење во врска со мојов проблем кој многу месеци наназад го туркам под чергиче одложувајќи го решението.

    По природа сум друштвена девојка која е храбра, амбициозна, и која сака да помага на луѓето без да очекува нешто за возврат, но исто така сум на моменти затворена и наивна девојка кога се работи за проценување на луѓето.
    Пред една година излегов од врска во која бев физички и психички малтретирана од партнерот. Од тогаш работам на себе да се пронајдам како личност, во многу сфери во животот но секогаш завршува без успех.
    Како и девојката погоре, од тогаш па се до сега се борам со анксиозност, одбивам да се дејтам со дечки од страв кој не ми дозволува да бидам она што сум, немам самодоверба, а сум во годино во кои прилично се осеќам изнемоштено од борба, осаменост, тага при што го изгубив колосекот.
    Една година се немам дејтано со дечки и веќе сум во години во кои како кажав се чувствувам осамено.
    Со дечките со кои контактирам од време на време сум прилично дрска, лоша бидејќи откако ја завршив врската во која бев тепана и навредувана си поставив бариера за да се заштита ама сепак тие воопшто не се сериозни кон мене па затоа го имам тој одбранбен механизам.
    Имам поставено критериуми со каков маж би сакала да градам иднина, јас сум доста скромна личност но од маж барам човек покрај која би се чувствувала заштитена, сакана, чувана, дали премногу барам ?
    Се појави човек за кого бев сигурна дека би ми го пружил она што го сакам и знаејќи за мојата ситуација да му дадам шанса. Кога се решив за тој потег тој изненадно се повлече поради глупави изговори, а толку се трудев да стекнам доверба во некое машко, но да бидам искрена го туркав од себе бидејќи се работеше за личност која бараше многу работи од мене. И ете го прекинав контактот и се чувствувам малку виновно поради тоа, но учена од минатите врски не сакам повеќе да молам за внимание а никако да се согласам на проклетиот дејт од страв дека нема да му се допаднам.
    Откако ја прекинав врската, од сето она што го набројав погоре јас драстино се променив.
    Преку ден сум среќна, со желба да го освојам светот, а навечер сум личност која се бори со анксиозност и депресија анализирајќи се што се случувало и се што допрва ќе се случува. Преку ден се смеам, луѓето често ме прашуваат дали се дрогирам зошто секое утро се будам насмеана но сепак навечер често плачам, почнав да се потам додека спијам, бргу да ми лупа срцето, да имам почести главоболки да губам апетит при што посегнувам по лекови за побрзо заспивање или алкохол а сум спортист.

    За сето ова е запознаена мојата мајка и друштво во кои можам секое доба да се потпрам, но во последно време почнав сите маки да ги чувам во себе за да не ширам негативна енергија.
    не дека не сакам да дадам шанса но 80% од дечките со исклучок на оној погоре, се дечки кои од мене очекуваат само секс, а јас не сум воопшто личност која би сакала врска само поради секс.

    Дали е во мене грешката што многу барам и многу очекувам?
     
    На sj *O*, ЕденЧлен и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Според мене апсолутно не бараш многу, а и ми звучи дека треба да си дадеш време да си сингл. Психо-физичкото насилство и траумата од него е нешто на кое што треба да работиш. Размисли за психолог. Мораш прво да заздравиш психички, дотогаш се плашам дека нема да имаш успех во врските. Дај си време и работи на своето психичко здравје. Ти посскувам се најдобро :hug:
     
    На Fleur-De-Lis, sj *O*, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Мене за анксот ми помогна терапија и за мн кратко време бев како нова,си зедов и кученце,ми се смена животот,ако си во можност те советувам да си земиш.
    Не бараш многу,еден ден ќе го најдеш баш тоа што го сакаш.
     
    На Milobebence, sj *O*, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  8. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    @bicycle не е погрешно многу да бараш и многу да очекуваш додека и ти нудиш многу...Сепак најдобро во животот е кога не се очекува премногу, така ќе се намалат и разочарувањата од многу големите очекувања.
    Најдобро е да се живее во согласност со своите цели и замисли без да се сопнуваме на старите грешки, лоши искуства, непотребни луѓе кои само ти ја трошат енергијата. Во таа смисла треба прво да разбереш дека ти воопшто не си виновна што си била во таква токсична врска и да сфатиш дека тоа било и поминало и дека сега имаш искуство повеќе и најважно да знаеш дека сите машки не се такви и не се сите луѓе исти. Во ова може да ти помогнат пријателките што си пишала запознаени се со овој проблем но ако не успееш со нивна помош нема ништо лошо да се обратиш на психолог иако можеби добро е да посетиш и психијатар да утврди дали станува збор за депресија и дали треба и терапија со оглед на тоа дека со пречеста употреба на лекови за побрзо заспивање или алкохол можеш да си создадеш зависност. А за споделување на маки со мајка ти и блиските не е тоа ширење на негативна енергија, сепак тие најдобро те познаваат и можат да ти дадат најдобар совет, но ако не сакаш да ги оптоваруваш со проблеми секогаш имаш опција за стручна помош.
     
    На sj *O*, Annora, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Koнечно еден нормален одговор
     
    На sj *O* и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    Девојко 24 имаш. Не 54..има време за се. Ако сакаш факултет и за факултет. Но не би ти препорачала заради други да студираш. Студирај ради сама себе тоа што сакаш ти. Ако ти е само до диплома можеш да си купиш во Македонија, што не ти препорачувам.
    Кредитот ваљда ги вложи парите за нешто, ќе се исплати еден ден.
    Мене најмногу ме сецна таа забелешка, девојката на братот сама ќе дојдела, немало бензин тие да трошат. Колку ефтини, патетично -смрдени и опортунистички души можат да го кажат тоа. Ако го кажал дечко ти, знај дека е гомно селско. Ако е некој друг, такоџе. Ова ти носи само фрустрации. Аман , девојката не е виновна дека направила тоа што направила. Очигледно си живее сопствен живот најдобро што знае. Што и тебе ти го препорачувам.
    Еве јас на 40 тек сега нострифицирав диплома во странство. Да ми рече некој дека Петкана или Станка на 33 нострифицирале, ќе им честитам. Мене успешни луге ме радуваат и ми се инспирација. Не ги мразам и да им љубоморам. Пробувам да бидам најдобра ЈАС а не најдобра Петкана за Митре и Ристана да се среќни и да велат браво. Фак дет. Живеј си го својот живот а ако некој те ремети, испрати го ....знаеш каде:devil:
     
    На Fleur-De-Lis, sj *O*, elenaxbbg и 10 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Едно кратко прашање, да не отворам нова тема:
    Како ги разликувате ситуациите кога некој/а е чисто онака фин/а со вас, пријателски настроен/а, или пак флертува, сака нешто повеќе, затрескан/а е?
    Кои се знаците што најлесно ги забележувате?
     
  12. Orphic

    Orphic Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Прашав неколку од овде но да прашам и тука.Дали оправдувате врска меѓу луѓе од различна вера?Дали треба да се следи среќата или пак желбите и оговарањата на непознати луѓе?
     
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Секако дека среќата.
     
  14. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Tи за кого живееш? за себе или другите?
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Луѓе ко луѓе секогаш ќе оговараат, дали вака или онака. Вреди ли заради небитни луѓе да се откажеш од љубов? Терај си го животот како ТЕБЕ ти е убаво а не на некои други.
     
  16. Orphic

    Orphic Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Многу ви благодарам на советите.Јас ќе одам за љубов па кој што сака нека прави.Исто ценам ги ценам и спротивните мислења на една девојка од која побарав совет @Alisa22 која ми рече дека со албанец и ром не треба да одам но тоа е нејзино мислење.И го ценам многу нејзиното и вашето одвоено време.Сепак јас бирам љубов.Многу ме охрабривте многу сум ви благодарна...
     
    На sj *O*, piksooki и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    Работата е во проблемите кој ќе следат понатака а народо шо мисли и дали некој ја оправдува врската то не е битно.
    Ако си спремна за кавги напади и ако си спремна да се откажиш од многу работи тогаш ок. На почетокот се ќе течи нормално али одпосле е друго.
    Поарно прекинија врската и совреме и најдиси личност од иста вера,од искуство ти кажвам.
     
    На tigrica92 и martovsko cveke им се допаѓа ова.
  18. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас би одвоила време да поразговараме малку во ЛП? Не сакам овде да пишувам...
    Се извинувам за off topic.
     
  19. TeonaZ

    TeonaZ Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Секако, пиши ако сеуште ти треба некој за разговор.