Во последно време сум многу нервозна....колоквиуми,учење,проблеми дома... се. И гледам дека тоа ми се одразува и на врската.Постојано наоѓам причина да му се налутам на дечко ми.А он одбегнува расправија на секој можен начин и се обидува да ме смири.Денеска беше и он нервозен и повиши тон на една негова роднина и јас кога си отидовме му реков да не се однесува така дека не е убаво.А он само ми одговори дека тоа не е моја работа. Толку се изнервирав што не му зборев скоро цел ден. Знам дека е во право бидејќи и јас би му го рекла истото ама ете се изнервирав.Работата е што несакам да го изгубам. Мислам дека таков човек нема да најдам.Некогаш помислувам да му речам да раскинеме ама кога ќе се подзамислам си викам каква глупост ќе направам. И не знам веќе што да правам. Како да се ослободам од нервозата, како да се смирам????/
Нервозата мора негде да излезе. Ако ја собираш само ќе излезе во најлош момент и кај што не треба. Јас така кога ќе ме пукне, му се дерам. Ама он ме научи веќе, па ќе почека само да ми помине исапдот и ќе ми рече- Заврши? И ќе ме баци, па не можам да не се насмеам. И толку е од нервозата. Се разбира до следниот испад.
ehrgeizig123 ти изгледа премногу ги анализираш работите и се’ си земаш при срце. Пробај малку да се опуштиш и да не мислиш на проблемите. Звучи тешко, ама многу е едноставно. Како што гледам, дечко ти не е виновен за твоите проблеми и ти си свесна за тоа, па нема причина да си ја расипуваш врската ако си сигурна дека вреди да ја задржиш. Го сакаш ли? Ако одговорот на ова е да - тогаш вложи повеќе труд во себе и својата самоконтрола.
Ех да беше лесно така да почнеш да се контролираш. Јас понекогаш се фаќам за секој негов збор како давеник за сламка. И на крај ќе се налутам, а он нема ни да знае за што сум се налутила. И кога ќе му кажам ваков останува. Се чуди каков филм јас сум си направила од некговите зборови што воопшто нема врска. Ама и тоа го знае веќе, па само ми вика- Ајде срце да ја слушнеме твојата верзија
И мене многу често ми се случувало и тоа баш ме имаше фатено таков период пред околу две недели. Едноставно, кога си многу нервозна избегнувај да збориш со него или барем предупреди каква е ситуацијата Ако веќе не можеш да се воздржиш, убаво извини му се потоа. Размислувај колку ти значи и дека не е крив за така да се однесуваш. На крајот на краиштата, многу поубаво е да му ги кажеш нервозите за да може да те расположи, отколку и со него да се скараш па додатно да се нервираш. Како и да е, само ти е период и е голем плус што и самата си свесна каква е ситуацијата, па колку толку ќе можеш некогаш да се исконтролираш
Во врска сум веќе 2 години, и се е супер, никогаш сме немале некои сериозни проблеми. Е сега проблемот е во тоа што се чувствувам дека ме зема здраво за готово... како што знаете беше нова година и толку многу се потрудив за подарокот, за он да каже дека бил многу педерски и дека е резултат на моето дружење со еден мој другар кој он не може да го смисли.... истото се случи и за роденден кога му беше..се изнамачив за на крај да го добијам истиот коментар - “зошто се трошиш?!“, и тој негов израз на лицето што ме вади од такт! стварно не ми е јасно зошто се однесува така, и зошто на крајот на краиштата барем не ми го почитува трудот што сум го вложила...зар е толку тешко да се насмее и да каже барем фала? Имам чувство дека што и да направам за него нема да го допре, а која е целта на нашата врска кога јас за 2 год не сум сконтала што му значи во животот?! Не знам, може ова и не ви личи баш на проблем, ама морав да го постирам, зошто стварно ми треба објективно мислење.. позз,
јами дали некогаш си разговарала со него за ова,искреноста секогаш се цени,зоштo така да се однесува не ми е јасно,ако те сака ќе го цени тоа или па можеби е посебен карактер кој не сака многу изненадувања?
Значи има луѓе кои едноставно не знаат да примаат подароци. Кажи му како се чувствуваш и дека ти е жал што не ти го цени трудот и вниманието. Наредниот пат прашај го што сака за подарок, за да не му го утнеш пак. Или па веќе воопшто не му купувај и готово. Однеси го на вечера и тоа нека биде подарок.
седни го и кажи му дека ти смета тоа што така се понаша...дека ти си мислела што за подарок да му купиш, со љубов си го купила и си мислела што и како....единствено нешто само да разговарате отворено....може е карактер кој што не сака да с еотвори и таков е!!!! единствено само разговор....
Може дечко ти не сака подароци, не му се важни. Кажу му дека ти пречи и ако ти одговори дека не сака подароци договорете се веќе ништо да не си купувате.
И јас имам(имав) проблеми од ваков тип, дееека не обрнува доволни внимание и ме зема здраво за готово. Тоа ќе го решиш со тоа што најпрво ќе го прашаш што го мачи и на што се должи тој однос према тебе. Кажи му дека го сакаш и се трудиш да ви биде убаво и на двајцата но дека тој не го цени тоа и те зема здраво за готово. Кажи му дека би го поддржала во се, но да биде повнимателен спрема тебе затоа што колку и да го сакаш таквото однесување може да ја убие љубовта, кажи му дека може да те изгуби така, иако ти тоа не го сакаш воопшто! Другата опција е и ти да глумиш лудило и да играш како него надевајќи се дека ќе сфати дека не треба да се однесува така спрема тебе. Не верувам дека ова само за поклоните се работи, сигурно има и други работи каде што не го цени тоа што го правиш и е доста невнимателен кон тебе така? Мене дечкоми секогаш ми вика несакам ништо да ми купуваш ова она, но сепак роденден е или некој празник како да не му купам, и иако несака подароци ги прифаќа со насмевка бакнеж и фала, и нормално пак ќе рече што си се трошела мужи бе!
Јами, Потполно те разбирам. Не е во подарокот туку во односот. Исто, ти си поставуваш некои други прашања што произлегуваат од тоа. Затоа, седнете и кажи му дека ти смета тоа. Нека се потруди тој да те слушне. Позз! П.С. Јас не добив никаков подарок, а му подарив него нешто. И сега тој вика дека не мора да биде денот. Толку многу се налутив, што од после Нова година, три дена го игнорирам. Не е подарокот, бнајчесто е друго, незадоволство од односот.
Ми треба итно совет од вас На нова година јас и дечко ми славевме на различни места а таму славеа и некои мои други пријатели. Отидов таму каде што тој славеше со една моја другарка да му честитам нему и кога влегов го гледам тој со друга седеше и ја прегрнуваше.Јас кога го видов целата се избезумив и незнаев како да изреагирам затоа што тоа за мене беше како гром од ведро небо.Иако ние пред тоа бевме нешто како скарани јас тоа од него не го очекував сите можни ситуации што можат да се случат кога ке отидам таму си ги замислував ама тоа беше нешто што никогаш немаше да ми падне не памет дека ке го направи. Така избезумана не знаев што да направам ми се стемни пред очите а не можев да се вратам назад и отидов и и честитав на другите пријатели а на него не и излегов.Надвор стоеше еден мој пријател и му реков да го викне да излезе кога тој излезе јас само го прашав што е работата и му свртев грб и заминав а тој не ми одговори.Не можев ништо друго да направам бидејки во моментот не бев способна ни да размислувам( се покајав потоа зашто требаше да му удрам шлаканица за што подоцна ме советуваа и моите другарки).Сега незнам што да правам дали да ја кренам главата високо поминувајки покрај него или да му се одмзадам(но како).Јас би сакала повеке да му се одмаздам но не сакам да помисли и да зборува дека го сакам и трчам по него бидејки не сакам мојата гордост повторно да биде повредена.
Нема потреба од одмаздување....Биди ти таа што е со посилен карактер и продолжи си со животот, БЕЗ НЕГО!!!!! Од една караница отишол кај друга? Па да ти кажам право и не заслужува друга шанса...затоа продолжи си со животот без некакви испади и кроења на планови како да се одмаздиш... Тоа ќе го заболи најмногу !!!
Дечки фала ви многу на советите Само да надополнам уште нешто на стето тоа.. најтрагично е што подарокот си го зедов назад, а тој не ни приметил дека му го нема??!!!! Или пак изиграва мајмун... дафинитивно, како што кажавте мора да се разговара за тоа.. фала уште еднаш
Јас мислам дека најдобро ке ти биде да продолжиш понатаму или како што велиш да ја кренеш гордо главата. За одмазада не ни помислувај. Со одмаздување ништо нема да добиеш, а со самото тоа ќе покажуваш дека уште се замараш со него. Затоа мој совет, остави го и заборави го, игнорирај го целосно!!!
Јас би те советувала да си продилжиш поната гордо и со крената глава. Ако некогаш дојде да ти праи муабет и да се обиде да се смири со тебе што сигурно ќе го направи тогаш ќе му кажеш дека те повредил и дека веќе несакаш ништо со него, дека толку многу те разочарал што несакаш повеќе да контактираш со него. верувај дека подобра одмазда од тоа да продолжиш напред и да го заборавиш нема! Ти посакувам се најдобро!
Дечкото не вреди за таков труд..............значи не се мачи за одмазда, не вреди ни 5 пари, чим отишол со друга!