Неколлку пати деновиве го читав ова пред да вратам на советите. Не знам која е причината што сум ваква. Општо во последната врска, не се пронајдов себе но кога решив да започнам нешто со тој човек не се надевав на тој тек на настаните. Сметав дека е зрел човек, стабилен, додуша се наближуваше во годините во кои требаше да се однесува разумно, ама изгледа дека погрешив. Пред некој ден посетив психолог, чувствувам добра промена но кошмарите се уште се присутни, и не можам да го прифатам фактот дека се заврши така. Дека не чувствувал ни трошка љубов кон мене, а јас се наполнив со омраза кон него и цела негова фамилија која го оправдуваше. Физичкото насилство од негова страна го заборавив, психичкото не, затоа што од тие негови зборови ме натераа да дојдам до овој степен. Ќе бидам добро, за некој период, се надевам.
Ме радува што си се посветила на себе и се справуваш со твојата ситуација Ќе потрае, ништо нема резултати од веднаш, но првиот чекор е направен. Најискрено ти посакувам за брзо да бидеш среќна и за убави работи да ни пишуваш. Ако ти треба некогаш некој да те ислуша, слободно пиши ми лп. Биди добра
Добро е што си го направила првиот чекор и си излегла од комфор зоната и си била на консултација со психолог, пополека ќе работиш и со психологот и сама на себе и се надевам ќе стигнеш до фаза кога и покрај физичкото насилство ќе го заборавиш и психичкото насилство и дека еден ден ќе си речеш не ме натераа неговите зборови да дојдам до овој степен туку ме натера тоа што им верував на неговите зборови. И се надевам нема да дозволиш во иднина нечии зборови да те тонат. Главата горе и чекори сигурно и стабилно со искуството плус што си го стекнала
здраво Во долга врска сум а сум заљубена во друг човек можно ли е тоа Почна да ми пишува пред 2 год на почеток го игнорирав после извесно време почнав да му враќам и ете некако кликнавме а во меѓувреме врската ми беше тапа После една година пишување и убедување се согласив да се видиме на 15 мин само правевме малку муабет пред зграда кај мене и се чувствував ужасно врската со мојот дечко продолжи да биде монотона пробав да сменам работи патувавња ова она и џабе Пробав и да му кажам на дечкото како се чувствувам дека ми е досадно мислам дека немам чувства веќе да направиме пауза и не прифаќа после извесен период пак се видов со другиот и пак и пак..и еве веќе 8 месеци се гледаме на некои 2-3 недели имавме и односи едностсвно го сакам сакам да бидам со него тој ја знае целата ситуација и ме разбира ќе идам во странство за некој месец и тој ќе иде веќе најде работа таму значи сериозен е Не знам како да раскинам жими се не знам Делиме исти пријатели,исто работно место, и други икс работи Секој пат кога ми вика да имаме односи го одбивам не можам да легнам со него 4 месеци не сме имале едностсвно не можам Близок е со мајка ми таа многу го сака Не знам зошто се случи ова веројатно од монотонија и љубопитност да пробам нешто ново Жал ми е многу за него и ве молам без осудување Оти не можете да разберете додека не ви се случи на вас Како да сум во некој лавиринт многу ми е тешко
Биди храбра и кажи му дека немаш веќе чувства за него ( и ако стварно имаш муда, да му кажеш дека се гледаш во меѓувреме со друг), објасни му ситуацијата како е и разделете се. Ова те советувам како храбра личност да се соочиш со реалнсота и последиците ваљда ќе ти залепи в лице два три збора, наместо да му раскинуваш од типот знаеш не ни оди... ти си прекрасен итн... бла бла, нема да ти верува и никогаш нема да се откаже.
Дали новиот дечко знае дека немаш расчистено со другиот? Јас многу добро те разбирам и јас бев во некоја таква ситуација, само што кај мене воопшто не ни ми бараше да имаме односи бевме како брат и сестра ако ти треба подетално совет слободно пиши ми
Знае Ама и нашиот однос е таков само на работа ептен професионално ќе ми де јави еднаш како си шо има и тоа е јас не сум го ни бакнала
Raskini mu na prviot,bidi si so vtoriov.Slushaj go srceto,nemoj da bidesh vo vrska vo koja ne si srekna i ispolneta.
Со тој што сум 7 години не сме имале односи 4 месеци не сум го ни бакнала во уста долг период го одбегнувам цело време си велев ајде ќе сфати гледа се ладат односите он ништо А инсистира цело време за односи
Мој совет (а и јас истото го направив) правевме муабет му кажав дека ми фали внимание, љубов, ми се смачи да бидеме како другари, одевме скоро 6 год, тој ми рече дека си правам филмови и си замислувам, ама ок рече ќе се потрудам да не биде така, џабе пак исто беше и наредните неколку месеци, така да му кажав, најдобро е да се скараме не функционираме добро убаво си врвевме годиниве, ама не сме за заедно, ме молеше недела две да пробаме пак, наводно ја сфатил грешката, ама си стоев на зборот не попуштив, па се откажа.
Ќе му кажеш многу ми е жал и не сакам веќе да продолжиме.Заслужуваш да бидеш со некој кој реално ќе те сака а не некој кој глуми.Јас веќе некое време глумев среќа и повеќе не можам да ја носам таа маска и да уништувам два живота.Сето ова ќе помине и ќе бидеме добро и двајцата но не заедно.Чао (Кажи му го ова)
Јас мислам дека најдобро е да раскинеш. Не е фер да му го правиш тоа зад грб . Знам дека не е така едноставно но мора да бидеш искрена кон него.
Збунета си,се додека се гледаш со вториов нема да сакаш да го бациш не па односи да имаш со првиот. Бидејќи е долга врска,нормално е да дојде до монотонија,но треба да размислиш дали го сакаш првиот дали тој е љубовта на твојот живот? Дали сакаш брак со него? Вториот можеби мислиш дека го сакаш,можно е да е пролазно,како што и пиша од љубопитност,да видиш како е со друг. Знае дека си во врска и пак те тера да се гледате,а дали те тера да раскинеш? Да бидеш само негова? А ако раскинеш со вториов ќе видиш дека ке ти се врати страста и љубовта кон првиот. Е веќе и тогаш ако нема страст и љубов,не вреди да бидеш со него само заради долгата врска и заедничките пријатели. Мораш сама да расчистиш што сакаш и кој од нив го гледаш како иден сопруг. Вака од прва сите ќе ти кажат раскини со првиот,ама ти треба да одлучиш кој стварно го сакаш до тебе,мораш да се одлучиш за еден,се додека се двајца ќе бидеш само збунета.
Уште пред да се појави вториот јас почнав да станувам ладна И од кога се појави другиот видов што ми фали за сексот да не правиме муабет огромна разлика и не само тоа се општо
Знам верувај цели 2 години мислам на тоа само ете тоа што го напоменав имаме заеднички пријатели имаме исто работно место и такви работи ме кочат