Ne e podobro nekoe vreme da mu ugoduvam malce? Ako go stavam na ili ili za kratko vreme nema nisto dobro da se sluci.
Со дечко ми имавме мала расправија и буквално ме избрка од станот знаејќи дека немам автобус и дека ќе треба да чекам пола саат надвор на ладното. Значи се скаравме за буквална глупост, за лик од серија. Јас реков дека тој лик ми е омилен (ликот е стар човек кој изгледа добро) ама искрено не знам дали ми се допаѓаат навистина стари мажи но ете тој лик е буквално единствениот актер кој го знам по име дека изгледа добро и е воедно стар. Почна да ме притиска да му кажам кои други стари мажи ми се допаѓаат и најискрено не ми текнуваше друг човек по име и не можев да кажам секако. Почна да ми вика дека го лажам, дека нема потреба да кријам, дека многу го нервирам. А буквално кога почна да ме притиска така се блокирав и не можев да кажам ништо. Да, знам, буквално глупости. И ми рече ако не кажеш други кои ти се свиѓаат иди си. И мене ме ми текнуваа и си ги земав работите и си отидов. Знам дека е многу глупа причина за воопшто да се загрижи ама ете многу се изнервира и почна да ми вика. А јас се блокирав и не можев ништо да размислам и одговорам. Дали мислите дека ова е валидна причина да ја избркате девојка ви од дома и да оставите да седи на ладно пола саат?
Не е валидна причина за да те избрка, но е доволно добра причина за да ставиш крај на врска со таков човек. Еј кога за глупост вака постапил, што ли ќе прави за некои вистински, сериозни проблеми
Денес те брка на улица заради факинг глумец што никад нема да го видите, а утре којзнае што ќе направи. Бегај од лудаков... Што е со луѓево бре...
@Annahhh не знам дали е валидна причина за да избркаш девојка на ладното ама знам дека тоа бркање е валидна причина за раскинување
Шокирана сум.... не ни знам, зошто би постапил така?? По неколку пати се навраќам, што толку згрешив??? Буквално не го ни имам размислувано тој дел од себе, за дали ми се допаѓаат стари мажи па да му одговорам.. и одма почна, ти ме лажеш, ти ги знаеш тие работи само нејќеш да ми кажеш.. човече, не знам! Па не е ни битно бе, дали ми се свиѓа или не.. ко него да не му се свиѓаат некои жени. Јас никогаш не би исфрлила така на ладно кој и да е, освен ако не се расправаме за нешто навистина големо или сум многу повредена... значи без да види колку е саат, како е надвор, ми рече излези оди си.. а бев кај него само пола саат, а за да стигнам кај него ми требаа 50 минути.. Стварно сум збунета, и пак се осеќам јас виновна..
@Annahhh , каква виновна, ти треба да збеснеш од ова и да се згадиш од типов! Па и да си имала автобус, те брка и прво те напиња психопатски за актер?!? Па и да не е актер, шо ако кажеш за некој дека ти е ок лик?? А бе одма раскини му, ова е психичко насилство (у случајов и бркање на ладно...)
Виновна?? Нему око не му трепка за тебе ти виновна ќе се чувствуваш.. Така со било кој друг човек никогаш не треба да постапиш не па со партнер. Јас не би сакала ни да го видам повеќе.
Родила ми се маана. Тој сакал да се кара, немало за што па ај ќе правиме драми за ништо. Мислам ова има друга позадина. Мочко
Здраво Знам дека е против правилата ама дали има некој расположен за да ме сослуша во лп? Имам проблемче но не би го кажувала јавно.
Па тоа е поентата негова. Со тоа што ти рекол "Ако не знаеш да кажеш оди си" сакал да направи да се осетиш виновно. Јас во него гледам голема љубомора, постапката е несвесно изведена. Не си ти крива, а тој веќе не ти треба.
Откако не се интересира тој повеќе, наеднаш ти стана привлечен ... Батали скроз, и научи се да бидеш пријатна и со тие што се 'лесно освоиви'. Му раскина? Или пак сте заедно.. да му дадеш уште некоја шанса да те омаловажи и да ти ја урне самодовербата, изолира од светот и почне и да те тепа?
Сега зборевме, чисто ме интересираше што ќе каже и, не гледа ништо погрешно во тоа што го направил. И не се ни извини, јас сум била крива бидејќи сум го лажела и не сум признавала. Тоа е тоа, немам веќе ништо што да му кажам или да правам со него. Не сакам. И ви благодарам за советите на сите, ме охрабривте.