Како да читам за себе Читај мене што ми се случува: 2 месеци е сам дома неговите се во странство јас за да му направам услуга претпоставував дека сака нешто по различно од хамбургери и пици а срам му е да каже па купив грашок и отидов да му зготвам нешто а во меѓу време да му зачистам дома. Тука следува неговата дебилна реакција: Ти ова озбилно? Грашок ќе ми готвиш? Оф леле како стара баба си, место да ме изненадиш со некоја пица и сл. ти грашок ќе ми готвиш Јас збеснав ама преќутев ilent: Следно одиме да купам нешто за новогодишната ноќ, наоѓам едно убаво црно фустанче со гол грб и он ми се врти, превртува очи и ми вика: По мртва боја неможеше да најдеш Разгледувам едни сивкасти џемперчиња и тука следува: Можеби требаше со баба ми да одиш на шопинг ист вкус имате Доста ми беше и му кажав дека претерува и дека е многу неблагодарно створење и дека воопшто не го цени она што сакам да го направам за него. Му објаснив дека неговиот вкус е живо демоде и дека неможе од мене да очекува да размислувам како него. Ми покажува некои алишта што се носеа пред 10 години ама битно него му се преубави Му кажав дека тоа си е моја работа и дека несакам таму да ми се меша се додека не го замолам за совет. За останатото му кажав на по културен начин да ми каже дека нешто не му се допаднало и да внимава зошто ме повредува со своите реакции. Ми се извини и рече дека незнаел дека ми пречело што е толку искрен и отворен со мене и дека ќе се обиде да се смени. Па ај да видиме
LeslyStujard доволно е што те изгубил . Поголема одмазда од тоа нема . Како што кажа мимс , со крената глава оди . Немој да види дека ти е лошо , а и не треба да ти биде . Тоа ќе го повреди
Вака искрено, него ич не му чуе дали ти ќе го оставиш или ќе му се одмаздиш не незнам каков спектакуларен начин, тргнувајќи од советите од другарките да му удриш шамар. Сочувај си го достоинството, ако треба да му се одмаздиш ќе си дојде само по себе тоа време. Дотогаш не се замарај.
Дали треба да се грижам?? На братот на дечко ми му дошле гости(брат и сестра) од друг град и сега ќе излегувале заедно сите, и дечко ми со нив! а пред да решат да излезат јас малку му се налутив затоа што типката со брат и ќе спие кај дечко ми дома! И тој после се пак си излегува со неа!
Полека, не се карај одма, па што може дечко ти да направи, не може да ги избрка луѓето, а веројатно и неќе сега да пропушти ете прилика да искочи, а не сака ни да е црна овца. Сигурно нема да е толку глупав со неа нешто да направи.ека искочи сега, а ти уште утре трк кај него дома на запознавање
не можам да одам, не сум таму јас! тој е битола, а јас прилеп! И ти мислиш дека треба тој да излезе со нив сега? поточно со таа типката?? ма дааааааааај.. знае дека не сакам, а пак прави така! е не е фер!
Ози, не знам зошто ама изгледа немаш ич поверење во дечко ти Олабави малку, ако се нервираме така за сите женски што ги окружуваат, до каде ќе стасаме? Таа му е другарка на брат му, можда не е такво девојчето, не се грижи ако немаш повод. Е сега маживе денес се па така, ти најубаво си го знаеш
Јас мислам дека не треба да паничеш. Ако си сигурна Оззи дека те сака и дека можеш да му веруваш ...тогаш зш да се плашиш. Нема потреба за паника , дошле на гости и сакаат да излезат и тој со нив. Јас мислам дека тој ако сака да направи нешто со некоја не мора да чека брат му да донесе гости. Ќе го осетиш деновиве како ќе се однесува. Не му се лути не е крив.
Тој е машко пред се!!!! А јас на мажите не му верувам и ова воопшто не ми се допаѓа! Што е тоа? Гледа дека не ми се допаѓа, дека се лутам, ем ќе спие кај енго, ем ќе злезат заедно! со некоја што прв пат ја гледа!!!
Јас те разбирам дека се нервираш зачто не е по твое, ама стави се на негово место. Како ти ќе се осеќаш ако ете брат/сестра ако имаш има гости? Нема да дозволиш да спијат кај вас заради дечко ти? Или пак ако те викнат сите на излегување ти ќе одбиеш заради него? Смири се, не е така трагично
Добро ...и не треба да им се верува баш ама па сега ако има женска некој не мора од цел свет да се одели. Нема да излезе сам со неа ќе излезат друштво. Хммм според мене оваа не е проблем. Ти не му веруваш и се лутиш , ти смета тебе тоа ...епа сега тој ако нејќе ти да се нервираш и ако сака да ти угоде нема да излезе сепак како што кажа ти прв пат ја гледа. Само Оззи едно да ти кажам . Ако вака го притискаш можете само врската да си ја уништите.
Па ќе одбијам. Јас разбирам излегување со сопствени другарки ама со другарки на жената на брат му(поточно)??? Ма ајде! ќе пукнам од грижи цела ноќ, премногу сум вознемирена!
Немој да се нервираш Ози. Нема да постигнеш ништо ако го ограничуваш, имај повеќе доверба ако планираш да градиш стабилна врска. Тој ако сака да направи нешто ќе направи и без да излезе. А гостите од дома не може да ги избрка. Замисли ја ситуацијата кога го викаат да излезе со нив. Што ќе рече тој, не можам на девојка ми и смета? Ако излезе поради друштво, не значи дека ќе те изневери. Ти гледај на тоа како на излегување со брат му, а не со друга девојка. Плус ако ја гледа прв пат - нема причина за грижа.
Оз, смири се ај малце, диши длабоко, не се карај веднаш. Ако со убаво не сака да сфати дека ти смета, најмалку со лошо ќе го натераш да те разбере и послуша Можеш само да влошиш. Утре убаво разговарај, и јас мислам дека може да не излезе ако веќе не ги познава , ако се другари на снаа му, ама ако таа го замолила? ете ако нема со кој да излезат? Имај доверба, вака без доверба ништо не бива
Кои другарки сега, ме збуни. Како и да е, не е ништо вредно и посебно за ти сега цела вечер да се секираш и да не спиеш. И така ако нешто има ќе дознае сигурно или ако ништо друго ќе ти стане сомнително. Не се нервирај за џабе кога ништо не е сигурно. А да, и да беше обратно, а да не искочеше, ќе седеше дома додека се сите надвор и ќе го пцуеше дечко ти. Не збори само напамет.
јас не сакам да правам работи што него му сметаат, затоа што го почитувам и сакам! А тој што прави?? Па јас не сум му забранила да излегува со друштво ама ова не можам да го прифатам јас! И знам дека не сум единствена.
Не си единствена нормално. Ај девојки признајте на сите ви смета кога сака сам да излезе со таму некои си. Мене ми смета, ама не сакам за глупост да си расипам врска. Ози и да ти речам да не се нервираш, ќе се нервираш, па и јас сум се нервирала за такви глупости. Ама ако се заинати да излезе ќе излезе, а и не кажа дали ти напоменал зошто се согласил да излезе. Ама ова е сосема нормално во секоја врска. Секој сака да има вакви испади, ама не по цена да се уништи врската.
Па реков јас, и јас би се налутила ако вака постапи Јас барам влакна и каде што нема сега поготово, ама една добра работа е што ти кажал. Можел и да си излезе, да не знаеш, да разбереш утре, задутре од други Со разговор само, ако сака ќе сфати, ама ако си сака да си шетка нема чаре, ќе направи така што и да кажеш ти
не ми напомена! само ми се јави и ми рече “ме викаат за излегување, ти се јавив да ти кажам“, демек биди благодарна што ти кажувам! јас нормално се налутив и му реков, ајде оди шетај ја и не и се јавувај!
Ози, дечко ти е себичен, по сите твои муабети за него, јас имам таков впечаток Немој да ми замериш, јас мислам така, не значи дека е вистина Без разлика, не се нервирај, утрото е помудро од ноќта, не мисли на тоа сега, сабајле кога ќе се слушнете, ќе видиш како ќе ти се пофали, како ќе реагира на тоа што си била лута. И ти реков, разговарај со убаво, ако сака да сфати тогаш добро е.Ајде не се нервирај, кога не можеш да си со него се е џабе, и нервози и не спиење