Pa pomina veke edna nedela. Bas zatoa so sekogas ima drugi maski. Bas zatoa na prviot problem jas gi eliminiram site so poraka.
Зашо да ја бара ако она му раскинала? Мене така да ми раскине никад нема прв да ја побарам, ма колку и да сум заљубен у неа.
@beautu17 тој шо вистински сака не може ни да држи лутина, не па 1нед да не пишете и плус за глупост да се разделувате е бесмислено. Мислам дека и немало некоја баш љубов тука... Колку и да сме се испокарале со дечко ми, пак добра ноќ и добро утро ќе сме си пишале, не па 1нед да не збориме... Додуша само еднаш 2ч не му враќав дека стварно нешто се испоналутив многу и имав причина и едвај и толку издржав. Веднаш сме се смирувале, никогаш не сме дозволиле ситуација да ескалира до "ќе раскинеме". Мислам дека така и треба да се решаваат проблеми и препреки во врска. Ебате врската ако на мал проблем се испокарате и раскинете. Јас бар така гледам на тоа...
Донекаде и у право си, мада нејзиниот чин не го оправдувам. За најмала ситница одма ќе му пишам "ти раскинувам" па после оф леле те сакам не можам без тебе. Треба да се размисли пред да се направи некаков шит.
Јас не можам да се лутам на луѓе што ми значат. На тие шо ми се небитни можам и цела година и ни муабет да не им праам ама кога е некој што ми значи е друга ситуација.
Во ред ама сите сме различни. Еве јас можам да држам лутина ако има добра причина и со месеци па колку сака нека ми биде битна личноста.
Со импулсивно однесување во афект состојба може само да тонеш во проблеми. Никој не е должен да ги поднесува твоите неконтролирани испади. Свесна си за грешките и треба да поработиш на себе. Се може да се среди со разговор, доколку интересот е обостран. Коренот на твојот проблем е во меѓучовечкиот однос кој не е базиран на разбирање, толеранција и компромис. За успешна комуникација и врска(пријателска, партнерска) се потребни зрели и разумни личности.
Поената е да се најде решение за проблемот и да не се повтори истиот а не да се држи лутина со месеци а во меѓувреме да се однесуваш како да сте поминале низ проблемот но сепак потајно како да му посочуваш сфати си зошто вака ладно се однесувам и храни ми го егото. Никој не е должен да го трпи тоа, особено ако другата страна е свесна за грешката и е подготвена да вложи повеќе и да не дозволи истата да се повтори. Ако со месеци држиш лутина а нема напредок ни од тебе ни од другиот, ништо од тоа.
Ми треба совет.. Бевме излезени со дечко ми и со другар и другарка заеднички. Дечко ми реши да си оди дома бидејќи требаше да стане рано, а ние одлучивме да отидеме во клуб на пијачка. Он знаеше каде сме и слики му праќавме и се беше супер. Во меѓу време дојде еден мој другар од порано што дечко ми не може да го поднесе бидејќи тврди дека он ми вадел муабети дека имал нешто со мене што нема врска и јас се отргнав од него. Иако јас лично не сум слушнала такво нешто ама можно е да е вистина бидејќи он ме свиѓаше. Не сум скарана само немам комуникација некоја последнава година дена. Тој дојде од нигде никаде и застана на коњопој со нас, се поздрави, а ние како и да е бевме решени да си одиме и он се понуди да не однесе дома. Ние прифативме бидејќи се опуштивме малце и кнап бевме со пари немаше ни да ни стигнат за такси. Другиот ден јас му ја кажав ситуацијава на дечко ми и он се налути премногу што сум дозволила да не носи дома и почна да си прави филмови дека нешто повеќе имало, дека он пробал да ме баци и не знам што. Му се извинив бидејќи можеби стварно не е убаво, но не размислив во тој момент и не очекував дека толку ќе го повреди тоа бидејќи не бев сама , бев со заеднички пријатели и они се сведоци дека немаше стварно ништо страшно. Вчера цел ден се расправавме дури до раскинување дојде. Не знам што да направам бидејки стварно ми е криво, згрешив, но од друга страна криво ми е што не ми верува, а долго време сме во врска и ако сум сакала да имам нешто со некој друг немаше да бидам со него.. Ми треба мислење од страна дали треба да се повлечам и да го оставам неколку дена да размисли дали ќе може да го заборави ова бидејќи многу ми е тешко, а верувајте немам сили да објаснувам и да убедувам дека не сум го изневерила и дека воопшто дечково не проба ништо да направи со мене..
Кога веќе си свесна за проблемите што твојот карактер ти ги ствара зашто не одиш на психолог? Сега настрана овие муабети дали те сакал, зашто не се јавил, колку траела врската... Не е битно. Во принцип е глупо ко прво да раскинеш преку порака а второ и побитно зашто некој не ти вратил во рок што ти си сакала. Ако сакаш да се смирите побарај го и извини се.
Иако стојам до тоа дека не треба дечко/другар/родител да знае баш све, ама ти добро си постапила а тоа он шо има проблеми со самодовербата па после довербата во тебе е друг проблем, остај го некое време не се дообјаснувај и нема потреба да се извинуваш ама уопште не си крива, не си била како прво сама со другар ти а како второ никогаш не си ни помислила да имаш нешто со него, тој се понудил да ве однеси сите до дома и вие сте прифатиле. Крај прича.
Здраво девојки, бившиот на другарка ми и кажал дека ќе ја сака како ланскиот снег. Што сака да каже со таа изрека? Мислење.
Да не очекува ништо од него, не ја сака. Бивши е, што пак се враќа на него за да дојде до вакви изјави...