Па гадно ама кога таа сака да има секс со други не е во ред да го изневерува дечкото а вака барем ќе е искрена и ќе се на исто.
@Alisa22 , не гледам како од врска (колку им е сериозна они си знаат) може да се премине во отворена врска. Тоа по дефолт значи прекин и понатамошно гледање само за секс. Никоја паметна личност ова нема да го прифати, освен нели, ако и нему му е само до секс. Да е обратно, на старт да тргнат со отворена врска или пријатели со бенифиции е друго, овака тешко. До девојката: Да си ги зауздаш нагоните. Сите ги имаме и сите понекогаш ни се јавува желба за нешто недостижно или нешто што сме го имале, а веќе го немаме, ама тоа не значи дека ни преставува проблем и не можеме да го контролираме. Нагон е, моментален, ако се бориш да го сузбиеш, ќе помине за кратко време. Уживај со тоа што го имаш, ако си задоволна, ако не си, барај си ја среќата на друго место.
Абе аман шо збораш. Еве јас сум доказ дека и отворен брак може да функционира. Заедно сме тотал 19 години.
Се може да функционира ако се настапи јасно и отворено кој што сака и ако двајцатасе одлучат за некоја варијанта. Ама често сме сведоци дека едниот нема доволно “јајца” да пресече и да си ги каже желбите и потребите пред партнерот и затоа се тапка во место и врската не чини.
Ама Били кажува дека е потешко врска што не била таква, да стане. Вие како што знам од старт сте со отворени карти.
Пред неколку години имав секс со една девојка. Сега ми се допаѓа сестра ѝ. Дали е ок да ѝ се пуштам? И ако да како постапам со таа информација... П.С. На мајка им медаља треба да ѝ се даде што ги родила толку убави... ❤️
@Billy Idol така, така, учи ги да сузбиваат нагони, нека се фрустрираат и правец кај мене да си завршам истражувањето. @Shmizla94 раскини и/ли разговарај со моменталниот дечко дур се решиш на шо си. Не за друго, греота е. Секоја друга опција можи да го повреди. @Anon ама пази да не видиш и мајката, штом се двете убај после и неа око да не фрлиш.
Мислам дека идеш у слепа улица, друже. Постојат некои непишани правила околу дејтање на екс од другарка, а камо ли па сестра. Еднострано е ова свиѓање или имаш приметено и од нејзина страна вајб ? Ако е само од твоја страна, седи си мирен.
Ако со првата сестра не си имал ништо повеќе освен секс за една ноќ, а сакаш и со другава само секс, тогаш пробај.. ама доколку сакаш нешто повеќе пр. врска, глупаво е... Јас се имам смувано со двајца браќа, постариот ми се допаѓаше и се смував 2-3 пати, а за тоа време брат му на нова година ми призна дека е заљубен во мене и ме бакна пред постариот... заебана ситуација... му дадов шанса на помалиот али знаев дека нема далеку да иде врската... така да размисли убаво.
@Anon од моја перспектива гледано, без разлика дали е намера само за секс, или нешто повеќе, а уствари и не можеш од старт да знаеш, е неубава работа Ама ич. Се сложувам дека има некои непишани правила и мислам дека од тоа може да произлезе само да се наоѓаш во awkward ситуации понатака . Замислувам само, колку е непријатно, да сум на местото на било која сестра, дали првата дали втората небитно. Ќе седите заедно на слави? Фамилијарни ручеци? Исто и да е една девојка помеѓу двајца браќа. Секогаш ќе има некој неспокој. И за секс да е само пак е лошо. Покрај 2ве сестри има уште многу убави девојки, не си ставај вакви предизвици, ништо добро од тоа нема да излезе.
Не ми изгледа баш добра идеја. Од толку женски ти баш 2 сестри ли најде. А може и знае за тебе, ако се блиски и споделуваат информации меѓу нив, па уште поглупо да е. У секоја варијанта како и да гледаш глупо искача... нишо добро не би ти донела ваква ситуација.
Очекував вакви одговори... Btw Wild, не верувам дека ќе ја повредам првата зашто е веќе мажена. Сеедно и е нејзе. Од сите одговори досега аргументите против се: глупо е и ќе биде незгодно. Значи, знам. Немаше да пишам на темава да не знаев. Ќе си бркав работа. Битно девојката ми се допаѓа подолго време. Не сум презел чекор зашто знам дека е глупо. Како и да е, двајцата сме слободни сега. Знам дека ќе се каам ако не пробам.