Абе ајде ко само таа да е од толку девојки на светов ти готово во сестрата на таа што сте имале односи . Инцест
Па и она те повредила тебе пошо се омажила ако глеаме така Дека е малку awkard секако дека е али ништо страшно не е, па мајку му не си бил у брак со неа. Пробај си ја среќата
А знае ли таа за тебе и сестра и дека сте биле интимни? Ако знае и не и смета, нема ништо лошо во тоа да пробаш и со неа. доколку ти е за несериозно како што ти пишав предходно. А за посериозно знаеш и самиот дека е малку незгодна ситуацијата.
Признај нема да имаш најдобро мислење за девојка која била со двајца другари а па не со браќа. Двојни стандарди.
Се сложувам. Плус, не се само тие две убави, кога веќе се води по плитки срања ко убавина. Уште полошо, не му е за ништо сериозно него сака да го брцне само, епа извини друже али гнасно.
Во контекст со муабетот погоре за двете сестри и членот. Во комшии имам две сестри, сега се возрасни, мажени и двете и имаат големи деца. Кога биле млади едната и го преземала дечкото на другата, дури и сега е во брак со истиот тој. Тогаш се скарале сестрите, ама сега комуницираат ко ништо да не било. Таа другата после откако сестра и и го земала дечкото си нашла друг со кого е во брак. Ама се чудам како може да комуницираат, да се гледаат во очи, да седат на иста маса? Бившиот на едната, е маж на другата. Како не им е непријатно? Да си го гледаш цело време бившиот, како е со сестра ти... Плус таа како си ја гледа сестра си во очи после тоа што и го направила? Јас не би можела да простам такво нешто, не би сакала веќе пред очи да ја видам таквата сестра, а него уште помалку. Би ги отпишала од живите. Во случајов со членов не станува збор за преземање на дечкото, бидејќи со сестрата со која бил членов одамна раскрстиле и таа е веќе мажена. Ама сепак е непријатно. Нека не се плетка кај што не треба. Непријатно е да се плетка со две другарки, а не па со сестри. Без разлика колку време поминало од една до друга врска. А да не зборам за изневерување на девојка со нејзина сестра/другарка како што го кажав примерот погоре.
Значи човек не може да покаже интерес кон женско, а да не биде само за секс? Можда за врска сум заинтерсиран?
За врска треба многу повеќе од физичка привлечност. Сега сите ќе те советуваат да не правиш ништо и да најдеш друга
Па што друго може да ти е кога само убавина спомнуваш и велиш не сте во никаков контакт, ако не чиста привлечност за секс? Разбирам полабав пристап и терање врски само за секс, ама пак со две сестри е некако помината граница, толку ли нема други привлечни девојки наоколу... Свашта.