Значи, не знам што сте сватиле, еве уште еднаш, да биде јасно: ми се допаѓа, не сме во контакт, не сум направил ништо зашто и мене ми е незгодно, па затоа пишав на темава да добијам мислења. ОК? Не правете конструкции во мозокот.
Ако ти е незгодно ондак не стапувај у контакт со неа шо да ти кажам друго. Демек ако ти даеме амин со советиве нема да ти биде незгодно веќе? За мене не е којзнае колку страшна работава, малку незгодно е али не е нешто од кое би требало да се плашиш. Сите имаме некакво минато, али било па поминало.
Целта ми беше да видам што мислат луѓето за таквата ситуција, дали би рекле сеедно е или не е ок. Не дека чекам амин од фемина. Јас ќе и пишам секако.
Моето мислење е да и пише, доколку има симпатии од неа нека биде искрен, ако не и смета нека си пробаат. Ништо нема да изгуби, може само да добие.
Океј тогаш care to explain како некој стварно ти се допаѓа како човек, а немаш контакт со него и само го имаш на социјални мрежи?
Целта ти е тебе да имаш прича за фалење на клупи у маало. А што мислат луѓето, па ете запрашај се дали ти би имал врска со девојка што имала секс со брат ти?
Шо ако е мажена, не е оперисана од емоции ако е мажена. И тебе ќе ти биди лута, и на сестра и'. Ти кажувам да не се плеткаш во такви работи, оти ништо арно не можи од то да излези... ... а ти како сакаш
Здраво... Пред некој ден се случи нешто од кое што уште сум во шок. После 7 ипол години врска, дечко ми крена рака на мене после караница. Го немам видено (живееме заедно, ама отидов кај роднини сега), ниту сакам да го слушнам. Никој не заслужува да биде удрен за било што! И не сакам да се повтори. Дилемата ми е дали професионална помош би помогнала, или да не се надевам на ништо и да прекинам... Не сме малку години заедно и супер ни беше, со нормални кавги. Никогаш порано се немаше ова случено, ниту приближно нешто. Никогаш не ми бранел ништо. Едноставно незнам што беше тоа, и уште не ми се верува. Дали некој се има најдено во слична ситуација? Дали помош од психијатар има помогнато да се решат проблемите?
Јас да сум на твое место никогаш не би простил ни би му се вратил. Какви црни стручњаци, еден шамар повлекува уште шамари у повеќето случаеви.
Моето мислење е еднаш насилник секогаш насилник. Зошто да живееш секој ден во страв дали ќе те удри повторно. Нема оправдување за насилство .
Нека оди и сам и после заедно... кај истиот психијатар. Ќе ти кажи психијатарот, дали е можно да ескалира, или е one time thing.
И самата знаеш дека не е нормално и дека не треба така. Супер за тоа. За дечко ти ќе се воздржам од коментар. Е сега... Какви се тие нормални кавги и што подразбираш под нормална кавга? (прашувам оти секој различно си ги доживува кавгите - за еден тоа е малку подолга дискусија, за друг е дерење, за трет неправење муабет со денови) Запамтив дека еднаш прашуваше за советување за парови..... или така нешто. Значи, кај тебе нешто подолг период се случува, што треба да те загрижи исто толку многу колку и овој настан. Нешто не штима, не мораш да ни кажуваш нас, но добро е да бидеш искрена сама пред себе. Долга врска не значи останување во неа по секоја цена. Верувам дека ти е тешко ама и да решиш да простиш и да останеш атер за долгата врска и убавите моменти, секој ден би се чувствувала како да си се погазуваш самата себе и сопствената вредност. Бар мене така би ми било.
Еднаш насилник, секогаш насилник. Дури и да не се повтори тоа во иднина јас не би продолжила со човек кој веќе ме има ударено.
За дечкото со двете сестри. Дали се препрочитувате кога ги пишувате глупостите од типот "едната сестра и го зела дечкото на другата". Он не е ретардиран па да се подаваат со него. Не мислам дека се ок такви врски али пошо кажа дека ќе ти е криво ако не пробаш, пробај, кажи и дека си бил со сестра и (ако не и кажеш ти ќе и каже сестра и) ќе добиеш корпа 99 % сум сигурна и тогаш веќе нема да ти е криво, си пробал си видел
Браво, ај ако не нека му репетира пиштол и нека го лежи. И проблем решен. А бре фати врата и бегај, поголема казна од тоа амин.
Ај во друга тема некогаш ќе си го искажам мислењето. Само на членката би и порачал да го заборави шуткото макар и да ја моли и нозе да и бацува. Еднаш удрил пак ќе удри. Ако нема гордост нека повели нека му се врати. Мајка му и татко му нека бараат стручна помош не таа.
Уште сега невенчани, во врска, ти дига рака, замисли што би ти правел понатаму во брак. Јас би го оставил, за вакво нешто. Не е мала работа тоа. Си вкече и други работи.