Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Ах, јас ќе бидам виновна, како што сум сега така и утре! јас сум виновна сега за тоа што се лутам, а не тој!
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Значи тој очигледно не сака да те разбере, а да е на твое место, ќе пее поинаку :fubar: :fubar: :@ Себичњак! :fubar:
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Ози нема да биде сам со неа, штом и братот нејзин ќе биде излезен со нив, што се секираш? Штом братот нејзин му е другар, сигурно дека он нема ништо да направи со неа. Биди спокојна.
    А требало од порано да ти каже, а не пред излегување.
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    нема ни да разбере Кате! Да сум јас, тој само ќе си молчи и кога ќе дојде момент се ќе ми истури наеднаш! јас барем кажувам на почеток, знае дека вакви работи не сакам, ама џабе...
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас се ставам на твое место и знам дека и јас би се нервирала. На ниедна од нас не би ни било така едноставно да се помириме со таквва ситуација.
    Јас мислам дека е нормално да има и вакви моменти во врската, кога некогаш ќе биде во ситуација едниот да направи нешто што и баш нема многу да му се допадне на другиот, но тие треба да се сведат на минимум. Ако нешто навистина ти смета и дечко ти треба да биде свесен дека не треба да го направи тоа. Еве и ти самата кажуваш дека ти не би направила нешто што му смета.
    Затоа не се нервирај оваа вечер, но утре разговарај со дечко ти и објасни му дека не ти се допаѓа да прави работи кои ти сметаат.
    Бидејќи за да опстане една врска треба да се има доверба, но треба и да се прилагодуваат работите еден кон друг и да не се става задоволството на другите пред она на својот партнер. Ова е мое мислење :)
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Relax ;) Ќе се смириш и ти, а тој нема да направи ништо за што ти ќе бидеш повредена. Ајде не мисли на тоа, мажи луди, родени се за да си ја држат машката гордост, „таквото“ и демек егото. Патем да повредуваат невини девојки. Не се нервирај :hug:
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    јас ќе се смирам ама знаете што е најтешко? што и ова ќе помине, три годишна врска не се завршува така, а тој ќе продолжи по свое, пак ќе прави тоа што јас не сакам!
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Озии мислам дека имаш право. Тригодишна врска не се завршува така, а и поголемиот дел од работите не можеш да ги менуваш сега после три години, најлесно е уште на самиот почеток да се постави патот ако може така да кажам по кој ќе се движи врската. Сепак, кога навистина постои љубов, можеби со добар разговор ќе можеш да промениш некои работи за во иднина. :)
     
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    еххх... ние секогаш со добар разговор променуваме работи, и тие промени траат цеееели 2-3 месеци. хух, многу! Да бев јас таму сега, немаше да излезе со нив, СИГУРНА СУМ!
     
  10. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Јас повеќе би се налутила што мене не ме поканил да дојдам да ги запознаам и да излеземе заедно отколку ова. Тој ако сака да направи нешто со неа може и дома, нема врска излегувањето. Мое мислење е дека не треба да го ограничуваш и да му се лутиш колку и да е тоа тешко. Па нормално е да излегува, поготово во ваква ситуација. Тој ако сака да те изневерува не му треба типкава може со било која. Така да мислам дека во ситуацијава грешиш и си многу посесивна(извини не се лути). Не ги знам претходните проблеми ама за ова мислам дека не си во право. Остај му малку слобода не го притискај толку. Со лутење и карање нема ништо да постигнеш можеш само да ги влошиш работите. Релаксирај се и на следно слушање немој да се караш и да му пререкуваш за излегувањето туку само кажи му колку го сакаш :$ хехе
    позз
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Оззи имал дечко ти некогаш нешто со таа девојка? Имаш ли причини да паничиш заради едно излегување надвор со друштво во кое има и непозната девојка? Размисли убаво и потврди си себе си дека во случајот си љубоморна и несигурна (а сите сме биле во таква ситуација),ноо прифати дека некои случувања се неизбежни и без да бидат планирани се случуваат! Знаеш Оззи има и полошо од ова, замисли па да не знаеше дека излегол... според мене тогаш би постоел проблем! Замисли да не ти се јавел????
    Не велам дека јас би си легнала спокојно и би си ужвикала додека дечко ми е излезен со друштво во кое има непозната девојка, би ме закопкало и мене, знам дека ќе се нервирам... но толку паника, несигурност, расправии и мубати од типот ,,шетај ја и не ми се јавувај,, верувај дека би одбегнала! Нема место за такво нешто! Твојот дечко исто како и мојот (и на сите други форумџики) бил 10000000 пати во друштво со девојки (без разлика дали познати или непознати,дали колешки или другарки од средно,сеедно) а ние тоа нема да можеме да го спречиме! Не можеш да го изолираш,можеш само да го контролираш! Слушајте се вечерва почесто заради тебе,за да се осеќаш поспокојно (ако тоа може да те успокои)!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. xSunsetx

    xSunsetx Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Луѓе нели е срамно 18 годишен а да не си имал девојка до сега...знам дека викат демек машките покасно созревале...ама па до толку касно..ваше мислење???
     
  13. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Не е срамно. Зошто да е срамно ти самиот си знаеш кога ќе ти треба, сега ако не ти треба уживај! Животот е пред тебе, има време за девојки...
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ози искрено јас во мојата врска не си давам за право да му забранам нешто или да му кажувам дека ми смета кога го прави тоа јас што несакам (секако ако се работи за непочитување и слично). Тој мене да ми забрани нешто или да ми се лути јас ако искачам со некои други ќе му речам само чао.
    Многу слични примери се набројани во темава, многу погрешно ги сфаќате врските, се некако ко на ланци се држите, си се запрашала ли некогаш која си па ти да му кажуваш дали може да оди или не и да го уценуваш ако де ќе се лутам ова она... секако дека и тебе нема право никој да ти го прави тоа.
    Ако сте заедно заедно сте, ако не никому ништо.
    Тој барем ти кажал што како кај ќе оди со кој, можел да си преќути и да ти каже дека ќе си легне така. Зошто, за да не се лутиш ако тој искочи, или ако има некоја намера со девојакта. А и девојката е со брат и, зар мислиш брат и ќе дозволи сестра му да се плетка со негови другари, тоа НЕ!
    Ајде малце полабаво, кога сакаш некого го сакаш со сите маани и фалинки и со сите доблести и предности, ова ограничување на слободата не ми се допаѓа, и нема да дозволам да го применувам или некој врз мене да го применува тоа, врска ли е затвор ли е!
    Нека оди кај што решил, штом е со тебе значи дека тебе те сака и дека ти си му потребна, во спортивно би ти раскинал.
    А и ова со стравот од изневерување ми е нејасен, па не треба џандар да изигравам ако сака ќе го напраи тоа додека јас да трепнам или додека спија, ако дознаам крај, ако не дознаам никому ништо, нема да трошам нерви на тоа.
    Пиши што ќе направиш ;) :*
    п.с. немој да ме сфатиш погрешно ова е мој добронамерен совет кој неколкупати го имам дадено тука ;)
     
    На TeddyGrey, skyAngel, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Значи мимс неможеше подобро да ти објасни...Едно нешто што машките НЕ сакаат е да се чувствуваат
    заробени во врска...Па кога и да е, ако го контролираш нон стоп, имаш љубоморни испади како сега овој за тотално НИКАКВА ПРИЧИНА, верувај ми кога-тогаш ќе пукне тапанот....Остај го нека си излезе....единствено нешто што треба да му речеш е " убаво да си поминеш и шмекни нешо не мисли не мисли цело време на мене" ;) .... Кога ќе му дадеш ваква слобода, во негови очи тоа значи дека му веруваш, ќе се опушти, и верувај ќе те цени повеќе и за твојот карактер и како личност....јас лично нема шанса да бидам во врска во која што женска ми ќе избувнува секој пат кога ќе сакам да излезам без неа....Па еве и она има другари, другарќи, школски, колеги, никој и нема забрането да иде у кафана да се издува итн итн итн....За твое добро ти пиша и мимс, еве и јас ти кажувам, олабави малце со контролата и со љубоморните испади ;)
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Драги мои, јас не сакам да го држам затворен, не! Нашата врска не е таква каде никој не смее никаде да оди, но ова ме налути и вознемири,како што може да вознемири секоја од вас ако дечко ви излезе со некоја што прв пат ја гледа и како капак на се, таа ќе спие во неговата куќа!
    Ноќеска бев доста вознемирена и претерав, но и тој не се трудеше да објасни и да ми докажи дека јас му сум важна, туку ме обвинуваше цело време... Ме игнорираше, ме повреди на некој начин...
    Но сега е нов ден, ќе бидам смирена, ќе пробам да се средам.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ози, па искрено вака, сите бе изреагирале како тебе. Ама и ти да гледаш од страна и ти би ги дала советите што ти ги дадоа.
    Те сфаќам совршено, ама пробај не кревај толку врева околу се`, можеби ќе ти објасни отпосле, а ти џабе си креваш сега притисок...
    Само смирено и ладно, па дури и сам ќе посака да ти објасни
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Се согласувам со ТедиГреј , можеме какви сакаме совети да делиме ама на нејзино место кога ќе се ставаме итекако глупо би ни паднало . Ози што бидна ? :?:
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    поарно не прашувај! Не бидна ништо добро, типот цела ноќ шеташе, ми пишуваше по 2 збора во порака и на крај ми пиша после дооооолго време дека не заслужувал да го игнорирам! И се слушнавме, се скаравме... многу работи се случија што ми е тешко да зборувам, со други зборови- не му беше ама ИЧ гајле како ми е! тој битно си преспа со неа во иста соба, друго ништо не е важно.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Оз, извини вака може е директно, ама јас да сум на твое место нема да бидам толку толерантна ма за каква сака љубов нека се работи. Не само овде, имаме многу пати муабетено и го знаеш моето мислење, несакам да изгледа како да те буцкам, ама ти кажувам што би направила јас да сум на твое место. И не е само сега и не е само ова на кое ти му замижуваш и му даваш шанса. Епа веќе ве научиле дека им попуштате па си играат мајтап.
     
    На kate21 и marama им се допаѓа ова.