Ама не е баш така. Ептен ја потценуваш, а уствари ваквите личности се непредвидливи, кога гледа дека со муабет не може да ти напакости, може да проба со ствари на дело. А за полиција исто не се сложувам со тебе. Луѓе какви баналности пријавуваат, а не пак вакво нешто, кое може да прерасне во посериозна форма. Од една страна бараш совет, добиваш, да пријавиш у полиција, одбиваш. А си видела дека ти самата не можеш да решиш, значи ти треба помош од надвор. Сепак, ти си знаеш.
Знам, повеќе ми беше да се издувам некаде отколку совет да барам, во право си можеби треба и да пријавам, можеби ќе забега ептен и ќе направи нешто иако не верувам, можеби и длабоко во себе ми е жал за неа... Ако продолжи, ќе разговарам со службено лице.
@irrelevant овде се работи за психопат. Психопатите не мора секогаш да изгледаат опасно за да бидат опасни. Таа е опседната со тебе и тоа премногу. Пријави во полиција пред да настане нешто поголемо затоа што опсесијата не е мала работа.
@irrelevant мислам дека не треба да чекаш повеќе. Пријави ја веднаш. Тоа со години веќе трае. Ако не друго барем ќе ја опоменат, да ја сфати и она сериозноста на ситуацијата, па можеби ќе се повлече. Не и дозволувај толку многу.
Ако ме снема 3 дена од форумов, да кажете во полиција за ова, па ќе отворат компјутер, мобилен, последни 27564 пораки и повици од неа се, ќе ме најдат. Ништо поголемо од замарање нема да се случи јас со живот гарантирам. Само е досадна.
@irrelevant а да промениш број кој би го знаеле само најблиските? За социјалните мрежи не знам што да ти кажам, би те советувала да ги избришаш привремено, ради мир пред да ескалира ситуацијава. Не е наивен проблемот, не знаеш утре што може да стори. И да, претходно прашаа, зошто дечко ти не го решава проблемот со нејзе или му е убаво две девојки да се караат околу него?
Знам прочитав и намерно не одговорив зошто имав пишано што направил и знам каде ќе замине муабетот ако застанеме на тоа. Ќе почнат осуди, па не чини тој дечко, па да го оставам и слично, на крај од проблемот со оваа шашавава ќе излезе дека сум во нездрава врска. А не е така и тој и тоа што го рекол и направил сосема е небитно пошто и тој и јас и кој и да и каже не се разбира.
Ne kazuvajki so misli so veli i so prevzema decko ti racunaj deka nikogas nema da dobies iscrpen odgovor od forumot, ne si iskrena dokraj a mozebi i toa so nea ti odgovara bidejki nikogas ne ti e dosadno....ili ti go diga egoto borekli se so nea za nego.
Сори женска, ама морам да те изрибам малку, за твое добро. Ова што го пишуваш ич не е за потценување, да си најдеш начин како да се отарасиш од неа оти мене ич не ми се свиѓа ова што го напиша. Тоа што досега не била насилна не мора да значи дека ќе остане така, според мене има нешто кај неа и најдобро е со психијатар да збори. However, многу наивно и пристапуваш на ситуавијава, те гледам дури жал те фаќа. И мене ме фати затоа што не може да продолжи со животот, ама тоа не е причина да не превземеш нешто. Кога веќе почнала пред колеги да те вика и да те смара, нема црвена линија која не би си дозволила да ја помине. Ова е психичко малтретирање веќе, а и имаш материјал еден куп да доставиш до полиција, убаво ти викаат и една опомена да и стават само, доволно е јасно да и биде дека претерала. Денес е мирна и не е агресивна, утре тоа може да се смени. Не си седи со крстот на чело и покажи и малку заби. Ич не е да ја толерираш веќе, одамна ги поминала сите граници на здрав разум.
Женскава е зрела за на психијатар и за терапија. И секако дека е опасна, па со години те прати, секој чекор ти го знае, не можеш да знаеш кога ќе ескалира ситуацијата. Најдобар избор е да пријавиш во полиција, па нека си се расправа со нив после. Зошто ти да се нервираш и да си губиш време со некоја психопатка? Мислам и дека не е добар избор дечко ти да разговара со неа, ко шо е опседната она со него, не верувам дека нешто тоа би помогнало. Само полиција или да ја советуваш пријателски да си посети психијатар или психолог бар за разговор малку.
Ова што го прочитав не личи на досадна личност туку на личност со психички проблем на која ѝ треба психијатар. Пријави ја во полиција затоа што не можеш да знаеш дали следен чекор ќе ѝ биде да ти наштети некако.Нема да ти се смеат, ова е опсесивно однесување, те прогонува и плус трае долго време. Игнорирај ѝ ги пораките и повиците, нема да можеш да ѝ објасниш да не те замара и да те остави, џабе е.
Ние не прашуваме во каква врска си, туку кај е дечко ти да и каже, секој би си го поставил ова прашање...
Пишав во првиот пост за него и како реагирал и што направил и што рекол и што му рекла и што се десило. И готово решивме дека е за да се пријави во полиција. И како тоа ми е интересно зошто не ми е никогаш досадно? Реално треба да си бетер од неа за да ти биде интересно ова. Па и его билдам дека сум се борела за него со неа. Кој се бори, за кого се бори? Мислам дека замина на погрешна страна ова се. Ако продолжи вака одам во полиција и готово, човек да не се пожали тука нешто....
Сеуште го сака него и гледа на секој начин да те скара и со то да му се одмазди него. А спрема пишаното погоре, ми се чини како да е и лезбејка. Како и да е,ич не се замарај,ќе види невиди ќе се тргни самата а за на фб имаш опциа да неможат да ти праќаат пораки а и да ти пишува,едноставно бришиш чат и не се замараш. Дека можи да те нападни то неверувам барем несме до толку дојдени како на дивиот запад.
@irrelevant Додека се пораки само игнор, ако не дај боже дојде работата до нешто повеќе у најблиската полициска станица со пораките, повиците и шибни и' една пријавичка. Психопати у пм
Што може и дечко и' да направи? Нема разбирачка со луѓе ко дотичната. Секој возвратен повик и порака, го доживуваат како одобрување за нивното однесуање. @irrelevant тотален игнор. Ако ти звони од непознат број, во моментот кога ќе дигнеш и сфатиш дека е таа: Извини не можам да зборувам. - и спушти слушалка.
Не бе срцка нормално е да сакаш да си се пожалиш, ич не е страшно тоа, ваква реакција добиваш пошто искрено се загрижив. Се гледа дека не сакаш конфликти, дека сакаш да и здосади и да се откачи, ама ти се нервираш и страдаш ради неа. Али морам да ти посочам затоа што мислам оти може да ескалира ситуацијава и да ви направи поголем проблем, девојчето треба да збори со стручно лице. Во момент на жолта минута не знаеш што може да направи. Мене ништо не ми менува дали ти ќе ја пријавиш или не, дури ако сакаш да не ти реплицираме - нема, јас за твое добро ти го пишувам ова пошто не сакам да се најдам во ситуација да ти нанесе поголемо страдање а јас да си седам тука со прстот во уста кога сум можела да ти кажам оти мислам дека грешиш. Како си сакаш така, али рачунај дека со игнор нема да ја откачиш. Порадикални мерки требаат.