Не не за тебе не правев муабет, сосема коректно и во ред ми имаш кажано. Го нема тоа мислење го избришал тој што ми го пишал дека јас сум сакала вака да биде сум билдала его и интересно ми било. За тој пост правев муабет. Иначе фала во право си за се. И сите погоре.
Не и го украла па да се бори. Не е ова боречки ринг. Најдобро е ко што кажаа да се посети психијатар, но ете пошто ти пишува, те бара, договори и средба со една другарка и ти. Таа "другарката" нека биде психологот и нека процени таа што да се прави со девојчето. Дефинитивно е малоумна или има емотивен проблем со кој не може да излезе на крај. Веројатно не ни разговара со самата себе си таа и работите излегле од контрола.
Девојки што правите со партнерите? Како го поминувате времето? Нас не утепа досада и монотонија. Немаме услови да седиме ни кај мене ни кај него дома и секој ден едно исто седни јади негде, кафе, чај и по дома и двајцата сме мртви некако и веќе не ми се излага воопшто.. Ај летно време и така и така ама зимава не се трпи ..
Како би изреагирале ако вашата партнерка сака на пример тетоважа од к’на на градите? Или партнер ете, на интимно место да кажеме. На дечко ми само онака му спомнав дека сакам некој да ми нацрта нешто таму, и ми се налути. Не кажува, ама приметувам. Дали е ова нездраво ниво на љубомора?
Не е љубомора туку не сака тетоважи. Твое тело, твое право. Ако гледам од тој аспект моите родители беа против тетоважа ама јас си ставив.
Ама не е против тетоважи, напротив. Плус к’ната паѓа за 2 недели. Плус сум имала к’на до сега, не му пречеше.
Не се гледајте секој ден, два пати неделно. Секое излегување испланирајте го убаво. Посетете места каде што не сте биле, ако имате можност патувајте.
Можеби, или пак ако речеше "некоја" немаше да има проблем. Али "некој" прави проблем. Како и да е, викни го со тебе.
Па искрено ни мене не ми би ми било сеедно у случајов Сејф, нормално е да биде љубоморен. Замисли како би ти било да ти каже ќе одам кај Трпана да ме црта со к'на на топките..
@Sejfullai може не му смета фактот што некој ќе те тетовира (можеш да отидеш и кај женско) туку местото. Привлекува повеќе внимание.
Сите имаме различна толеранција, еве јас не би се согласил да оди кај машки тату артист за интимна тетоважа, кај женско нема проблем
Мислам дека реакцијата на дечко ти е нормална со оглед на тоа што не направил фама околу сето тоа. Но како што кажаа и другите твое тело-твое право. Така даа направи го тоа што го сакаш.