Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Можеби ништо не се случило нема зошто без врска да се нервираш, само дај му до знаење дека те нервира тоа што го прави тој, и дека и ти можеш да правиш нешта кои ке го повредат.
     
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Офф, јас не му дадов шанса, ние сеуште сме скарани... Знам што мислиш ти, не велам дека не си во право.. Но верувај многу е потешко од моја страна да гледаш на работите, особено сега.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    И да не се случило ништо ете што прави недовербата во врската. После многу лаги нормално е да не му верува и да се сомнева. Реално колку пати му имаш замижено и простено. е сега тоа излегува на виделина, затоа што тој знае дека утре пак да ти побара шанса и да се "покае" ти ќе му простиш. Фактички ти ја искористува добрината. ЌЕ прави што сака, знае дека ќе се налутиш и малку да ти се умилкува ти ќе му простиш, нели во име на љубовта. Ниедна љубов не е поважна од самата ТИ во ТВОЈОТ живот.

    Ти сега не си му дала шанса, ама му имаш дадени предходни милион и он си спие на тоа уво дека кога и да се врати ти ќе му простиш, затоа што реално така и си е.
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DudaRoja

    DudaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    читам, и читам и не можам да се изначудам колку ние женските се смараме со ситници, и колку понекогаш знаеме да бидеме комплицирани :)

    Девојки, помош!
    Со дечко ми сум заедно скоро една година.. се ни беше ОК во врската до пред месец-два. Имавме само една посериозна караница..после се беше во ред. Но во последно време едноставно нешто не е како треба. Почна да станува монотоно, немаме заедничко друштво и најчесто излегуваме сами. Всушност, до сега тој не рече ништо затоа, малку повеќе е љубоморен па му одговара да не се мешаме во луѓе, но мене почна да ми пречи и отворено му реков. Плус, постојат многу разлики меѓу нас, и некако како се запознаваме подобро, мене почнува тоа да ми смета се повеќе. Тој ретко ќе ми најде некоја мана, едноставно тврди дека ме прифаќа каква што сум.. се чувствувам виновна што јас, за жал со некои негови карактерни особини не можам да излезам на крај.. и тоа почна да влијае на моите чувства спрема него.. знам дека не постои перфекција но пак од др. страна се прашувам дали вреди да продолжам ако едноставно не го гледам како мој тип човек..?
     
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627

    Имаш 18 години, твоите години тек доаѓаат. Не ве познавам ни тебе ни него, но од ова што го читам ти веќе го знаеш одговорот на прашањето...или па не? Како и да е, љубомората ја уништува врската...а како што кажав ти си 18 години...ќе почнеш сега на факс, нова средина, нови луѓе, верувај ќе се измениш за 180 степени....А вие уште сега, на 18 години имате монотона врска???? па што ќе биде кога сте 23? На 18 години баш сега треба да ти е топ !!!....значи да излегувате со друштво, да се зафкавате, да шетате, да се забавувате, А НЕ ДА ТИ БИДЕ МОНОТНО....Ако ме прашаш мене, можеби звучам дрско и премногу директно, но јас мислам кога тогаш ќе пукне тапанот на оваа врска, не од негова, туку од твоја страна зашто ќе ти дојде преку глава од неговото однесување...
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Ти него не го сакаш, јас тоа заклучив од напишаното. Ретко кое машко ја прифаќа девојката таква каква што е, а овој тебе те прифатил и тебе пак не ти се допаѓаат некои негови карактерни особини. Во ред е, не те напаѓам, ама ми изгледа работава дека не го сакаш, затоа подобро раскини му и не го троши залудно твоето а и неговото време.
     
  7. DudaRoja

    DudaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    @ Offspring

    Решивме да направиме пауза неколку дена, зашто ни тој ни јас не сме сигурни дали треба да продолжиме. Едноставно, би сакала да успееме. Да се обидам да смениме нешто, да ни биде позабавно, да излегуваме. Таа негова недоверба (што не сака да сме со други луѓе) ме плашеше најмногу. Ако сум во друштво на неговите другари со него.. никогаш не би погледнала некој друг, штом ми значи. Не дека не го сакам, туку ми станува монотоно а сакам да го изменам тоа.

    @ Mistery
    Од тоа и ми е страв, дека ќе пукне кога-тогаш. А од друга страна, во мене постои надеж дека можат да се сменат некои работи, дека ќе почнеме да излегуваме, да се журкаме, да смениме нешто и дека тоа ќе помогне. Оффф, имам неколку дена пауза. Пред се, да видам колку ќе си недостигаме и дали сме спремни и двајцата да се бориме.


    Фала и на двете!
     
  8. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош... :(
    Имам проблем со моите родители, имаат различни сфаќања
    -Дечко после 17 години (а сите мои другарки имаат) ;(
    - Ко ќе си фатиш дечко демек за секош, во никој случај карање :| со него цел живот :lol:
    И ако случајно дознат дека некој бендисувам одма ке ми велат: "Кај го најде него"
    За нив сите се никакви ;(
    Не знам што да правам... ве молам за совет како да му ставам до знаење дека ова време не е тоа во кое тие живееле ;(
    :* :* Фала
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    5.434
    ќе ги седнеш на маса и ќе разговараш. искрено и јас имам 24 години и на ви ја сваќам потребата на 15 години да се фаќало дечко. зар ја немаш таа потреба да излегуваш со другарки, да си имате своја шема едноставно да уживаш во животот кој го живееш само еднаш. фатиш ли дечко се е поразлично. дечко можеш да фатиш било кога но детството е едно. цел живот ќе бидеш после со дечко па маш па деца.... уживај додека можеш не брзај, може би и твојте сакаат да ти дадат до знаење дека треба да уживаш во детството меѓутоа ти ако сакаш никој неможе да ти забрани, ќе се гледаш за време на часови, после часови......... изборот е твој и секогаш со твојте родители разговарај на начин ти што сакаш а не другите што прават. зар ако сите се фрлаат во вардар ќе се фрлаш и ти ?????
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Драга Анушка, те разбирам до некаде. Јас не се согласувам со Карак дека на 15 години немаш потреба од дечко, ако имаш дечко не значи дека нема да излегуваш и дружиш со другарки. Еве јас кога имав дечко на 15 години секогаш излегувавме со моите другарки и беше забавно. Не значи дека со него цел живот ќе бидеш. Подобро е да не ги држиш во себе чувствата и потоа кога ќе пораснеш да сакаш да направиш се што си пропуштила па да направиш грешки тогаш. Јас знам примери со девојки кои завршуваа средно а сеуште не бакнале дечко, па сите велеа ех браво, паметни девојки... И на крај заминаа на факултети по студентски домови и сега слушам како сите ги знаат нив и нивните способности!
    имав една професорка во средно, постара жена, вечеше “ако вие немате сега дечковци, значи има некој проблем со вас“, тоа е најнормало, здраво е тоа! -Така велеше проф. по Биологија.

    И моите родители порано ми велеа дечко не до 18 год, ама пак кога во втора година си фатив дечко му кажав и ми дозволија. Ќе се разговараш убаво со нив, ама откако ќе си најдеш некој, нормално дека за нив нема да одговара тој тип, па и кој и да друг, никој не е доволно добар за нивната ќерка, тоа е факт! Ама откако ќе им кажеш дека веќе имаш и многу ти е забавно и не правиш ништо лошо, нема да помине долго време за да го прифатат тоа!
    со среќа
     
  11. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу :* :* :* :* :*
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    После ова некој нека ми каже како родителите ни го мислат доброто. Не велам дека не ни го мислат, ама од каде знаат они што е доброто за нас?! Видете девојчево што кажува, ако фатела еден со тој до крај на животот?! Што? После разводи ќе има, ќе има семејно насилство! Нормално, кога уште живеат во на Тито времето. Кога умрел Тито и нив мозоците им застанале .
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Твоите родители те предизвикуваат да не споделуваш детали од својот живот со нив! Е тоа да им го кажеш!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Анушка, навистина те разбирам како ти е со твоите родители, оти после мојата до сега најдолга врска, иако веке неколку месеци сме разделени, моите пак ми го споменуваат и брат ми исто, а не сакам оти како што се вели што било-поминало, и секогаш кога и да запознаам момче исто мајка ми особено ми вели-кај го најде баш него, знам како ти е, и затоа се гледам со едно типче неколку дена (не знаат моите) оти знам што ке ми кажат.

    скоро беше кога ја гледавме серијата кога лисјата пагаат, и кога требаше да ја запросат Лејла
    (имаше коментар дали и јас ке го доживеам ова),добро иако јас не сум мала -имам 25 години и донекаде ми се ближи времето, но не сакам да избрзам да се омажам за некој што ке ми го направи животот пекол, оти ако беше за тоа имав до сега 2 шанси за мое самоуништување во брачните води, но за СРЕКА и двете ги пропуштив, оти незнам каде ке ми беше крајот, најверојатно или во Бардовци или Бутел или пак во некој санаториум.
     
  15. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Со таквото однесување твоите родители прават само да ги лажеш и да се криеш од нив, мој совет ти е прво да седнеш со мајка ти и да разговараш, па потоа двете заедно да разговарате со татко ти.
     
  16. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    мене единствено ми останува да лажам до колку треба ете на пример да се видам со некое дете
    стално ми велат ќе си го изгубиш авторитетот, значи се што правам е губење на авторитетот
    ги интересира што ќе кажат комшиите пријателите и низ градот што се зборува
    а јас на последно место... :doh:
    јас велам вие ме терате да лажам и тогаш ми велат ако лажиш самата се лажиш и самата штета си правиш.
    Знам дека самата штета си правама свесна сум но друго решение немам :envy:
    значи сакаммм да избегам од се од комшии од се... не ми е гајле што зборуваат сакам да си имам свој живот за мене да живеам а не за комшиите :|
    ае позз :inlove:
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Оххх кога те читам тебе исто ко за себе да си читам...
    И јас таква бев во тие години, но не секирај се. Седни и разговарај со твоите родители, да не се повторувам погоре ти го дале истиов совет. Објасни им се убаво, а ако тебе не те сфаќаат сериозно, тогаш разговарај со баба ти или некоја блиска тетка, па таа нека разговара со твоите родители. Може преку сосем друга личност од надвор ќе се подобри вашиот однос.

    Ахххх да можам да им одржам една лекција на твоите родители... Уфффффф

    Поради истите причини и јас ги лажев моите, ама затоа после кога си фатив дечко мајка ми не знаеше ништо за него, од други дозна дека имам дечко, па и беше многу криво што не дознала од мене. По разговор со баба ми, таа ја наговори мајка ми и и објасни дека јас растам и дека нема ништо лошо во тоа да имам дечко и да излегувам до касно и многу други бла бла бла работи...
     
  18. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Уффф сега ми е многу полесно кога знам дека некој ме разбира :D :D
    Инаку добра идеја тоа некој друг да му објасни :D затоа си ја имам тетка ми која си ја сакам премногууууу :D :D таа со ќерката нејзина правеше ко што прават моите со мене и сега се смена ама касно е се мажи брачедами :D
    Фалаа :* :inlove:
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    5.434
    не дека ти си единственото дете кое поминува низ тоа анушка. тоа го поминале 50% од девојките. нормално е родителите да се грижат за своите деца, за нивната репутација особено ако доаѓаат од помали средини. во скопје е поинаку да дека секој со секој се замара но ти немора да носиш дечковци по дома(јас сум многу против тоа) така да ќе им објасниш на твоите дека сакаш да излагаш, дека подобро е да знаат со кој си отколку да ги лажеш, дека ќе се прибираш точно на време и се разбира ангажирај ги роднините тоа е најдобро оружје :rofl: :rofl: бар и јас еден момент го користев
     
  20. baby15

    baby15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Sakammm se da mi kazete sto treba da pravam na prviot sostanokk ke ve molamm help!!!!!
    [mod-kirilica:3cypz4jb][/mod-kirilica:3cypz4jb]