Здраво,мене ми е многу тешко и сакам да побарам совет од вас...Имав дечко со кој што бев заедно 6месеци,ние многу се каравме раскинувавме повеќе пати,но на крајот се враќавме еден на друг.Додека бев со него,многу пати ми беше тешко поради тоа што имав проблеми и од дома а и од страна на моја другарка,така што многу пати се чувствував осамено и барав утеха во него,иако тој незнаеше дека мене ми е тешко,бидејќи јас никогаш му немав кажано имам потреба од тебе или слично сепак, тој на некој начин ми помагаше,секогаш кога ќе отидев со него да се видам веднаш ми беше подобро,ќе ме гушнеше,ќе ме насмееше...Проблемот беше тоа што тој беше премногу љубоморен и сакаше да му кажувам кога на пример сум испадната и дојде некое машко на нашата маса и слично.Ние раскинавме поради едно дете кое што го запознав на ексурзија во бугарија во декември,тоа дете застана на масата за да се поздрави со мене и ние си зборувавме неколку минути и тој ме држеше за половина свесна сум дека не требаше да го дозволам тоа но ете се случи,додека во тој момент мојот дечко бивши го гледал сето тоа неколку минути и на крајот многу ми се налути беше малку пијан и ми кажа дека детето не би можело да дојде да ми зборува на масата ако претходно сме немале контакт и си помисли дека се случило нешто помеѓу нас и ме блокира од секаде.За Нова Година ние зборувавме и ми кажа дека неможел да спие пиел апче за нервоза за да се успие незнаел каде сум,што правам мислел на тоа и на крајот направи како јас да сум му раскинала и јас сум го сакала тоа,му реков да размисли што сака.После три дена тој ме понуди на инстаграм и јас сакав да го прифатам после еден ден,бидејќи чекав 6дена за да ме одблокира но на крајот тој си ја повлече понудата вечерта така што не почека ниту еден ден.После 20 дена,го видов повторно оваа вечер и тој ми го вртеше грбот неколку пати сс погледнавме но добро се забавуваше изгледа беше пијан малку а и цигари пушеше,мојата другарка го праша како си добар ли си и тој и одговорил па може да се каже.Јас се чувствувам многу повредено откако го видов оваа вечер,многу ми фали и сакам да сум повторно со него,се чувствувам многу осамено и празно,многу ме боли,посакувам повторно да бев сонего и да ме прегрнеше но тој изгледа ме заборавил.Крива сум за многу работи,требаше да бидам по мила со него а не толку груба на некој начин,требаше да го викам да одиме на кафе и кога сме испаднати да дојде и тој малку или да испаднеме надвор,не требаше да дозволам да ме држе тоа дете за половина,тоа дете мене исто така ми пишуваше но јас не му враќав поради мојот дечко.Се прашувам дали доколку направам чекор за да се смириме овој пат ќе успее,бидејќи јас нема да издржам вака многу ми фали постојано мислам на него и се чувствувам осамено,почнува и школото и нема да можам ниту да учам...
За 6 месеци неколку пати раскинувања? Премногу љубоморен? Продолжи без него, со тек на време ќе го преболиш.
Јас не можам да сфатам зошто ти севобвинуваш самата себе? Не си ти виновна што тој нема доверба воопшто. Лекови пиел? Како па да не, те врти и манипулира како ќе посака. Следно ќе биде воопшто да не излегуваш и да не се гледаш со другарките. Размисли што сакаш од тој човек, а молење во никој случај. Не се подгазувај.
Ок.. вака... Ти се чувствуваш осамено и неповрзано со дечко ти, бидејќи, како што кажа и со твоите и со другарка ти си имала недоразбирања. Тоа прво. Второ, ако тој не може да си ја контролира неоснованата љубомора и не може да спие, треба да посети психијатар, а не тебе да те малтретира и да ти наметнува чувство на вина, поради неговата неисгурност. Ти кажувам дека не го сакаш, туку сакаш да сакаш и имаш некого... Ниту пак тој те сака... ами сака да те поседува. Не ти треба да си ставаш трн во здрава нога. Не ти треба тој. Она што го бараш, го нема кај него и никогаш нема да го има. Ако се смирите, полошо ќе биде, подобро, сигурно нема... Ќе стиснеш заби и ќе си кажеш на себе дека си силна и доволно јака, за сама да се водиш низ животот. Пошто си! Место да седиш, анализираш и развиваш стравови: 'Што ако... ' -од утре, посвети се на учење. На сила ќе биде од почеток... и тешко ќе ти биде, ама ќе преболиш, а воедно и себе си услуга ќе си направиш, а и непроценлива поука ќе стекнеш. Млада си, паметна и силна. Мажи ќе одат и идат... Вистинскиот ќе го најдеш, кога сама на себе ќе си доволна. Со среќа
Најпрво,сакам да ви се заблагодарам на сите за советите.Но,јас постојано мислам на него и незнам како да го променам тоа.Многу ме повреди тоа што тој ми го вртеше грбот и посакав повторно да сум со него или да му пратам некоја порака или да го заследам на инстаграм.Незнам како да се посветам на учењето,поради тоа што јас кога одев на училиште пишував до него имав контакт,и после училиште се гледавме,но сега ништо од тоа ќе нема...Се плашам дека нема да можам да издржам без него и нема да го преболам,а после некое време ниту тој нема да сака да се смириме.
Е како не ќе го преболиш? Не си ни прва, ни последна. Сите сме преболувале. Времето лечи се, верувај ме. Навики тешко се менуваат, ама ќе си створиш нови. Од утре, школо, и другарки.. одете по кафиња, дружи се, учи, најди си некое хоби... Има со што да си го исполниш времето.
Не го сакаш толку колку што мислиш,рутината ти фали and shoulder to cry on,заборави го,ќе се смирите и пак истите проблеми,џабе време и енергија си трошиш.
Ако сакаш понижувања, навреди и заврани со што би си го уништила животот, да. Ако не сакаш упропастена иднина, бегај подалеку.
Вака раскарани сме можда е крај, осеќам вина се извинив оти прегрди зборови му изнакажав, тој вели као ја тебе не ти раскинав туку ти ме тргна од тебе крај е сега не знам ти шо ама имало можност да се среди, еве една недела скоро е вака безврска, не се јавува никако само ја знам по еднаш да му заѕвонам. Моментално многу ми фали стварно не знам шо да праам
Најдобро си знаете вие кој е изворот на проблемите. Можеби и двајцата имате вина но и двајцата треба да сакате да се разреши проблемот. Ако само се тапка во место и се одложува ништо позитивно нема да испадне од сето тоа.
Ти ја крштаваш, таа прди Читаш што ти пишуваме, или не? Ај, заследи го... И пиши му да се смирите, и смирете се. Дозволи му да те контролира за се' што правиш, и да ти забранува она што нему не му се допаѓа. После, врати се на темава и кажи ни колку ти е тешко во врската.
Стаена сум у многу незгодна и глупа ситуација. Имено, имам зеднички близок другар со дечко ми. Другаров е близок со него, и со мене. Тој е всушност една од причините поради која јас и дечко ми се зближивме. Е сеа, другаров порано мислам дека ме свиѓаше, а можеби и сѐ уште. Цело време праи некои глупи шеги за мене и него, у смисла на “еј ја и ти ќе бидеме заедно еден ден”, или баш денес рече дека сум му пратила слика од како гледам филм и плус сум ја сликала мојата нога гола на сликата (што не е вистина али ај у смисла на шега го кажа), го кажа тоа и гледаше реакција да добие од дечко ми, друг пат има имплицирано дека би сакал тројка со нас и такви глупости. Глупо е ептен, али ми смета мене и ми прави да се осеќам неудобно. Плус, пробувам на секој начин да не комуницирам со него ама секогаш успева да се пробие, и колку и да ми е површна комуникацијата со него пак доаѓа до таму каде што кажува вакви срања. И плус има девојка.
Ако ти е тешко да му кажеш лично, разговарај со дечко ти и кажи дека ти смета, па дечко ти нека разговара со него.
Здраво. Читав многу на форумов и решив да се зачленам да ви кажам едно мое искуство. Мојот дечко го фатив мноогу пати каде што пишува со другии у смисла на тоа тие му пишувале (дојди таму и таму да се видеме), со бившата му девојка како пријатели на фб па лајкови па 300 чуда, други ми пишувале прибери си го дечко ти му досадува на девојка ми, па друга каде што му враќа "еве сега се прибирам дома ти шо праиш" (а претходното се избришано) па премногу нови пријателки па лајкови и што уште не видов во оваа чудесна врска....Дечки ке ме направите "будала" ама сеуште го сакам шо да праам
Па ако сакаш да те прави будала, слободно седи си у врскава. Толку машки има, ваков некој ќе трпиш шо те лаже и те изневерува? Јас не би. Каков сака нека е, сигурно не е незаменлив, ни па нешто вреден чим е таков лажго. Освен ако и ти не си океј со тоа он да иде со други, и ти со други.
Да го оставиш, не прави будала од себе. Ќе најдеш некој кој заслужува да го сакаш и кој ќе те сака, цени и почитува.
Ти сама си се правиш будала со тоа што дозволуваш да те врти како сака ,ако сакаш да си продолжиш да губиш време со изневерувач и сељак што се пушта на све што мрда тогаш остани.