1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски

    Љубовта доаѓа и си заминува ама твојата гордост и его ќе биде уништена и ќе не можеш да се собереш од срам во иднина кога ќе сфатиш за кого си губела време.
    Чукни си го главчето, прибери се и продолжи сама, без него.
    Тој човек не те почитува тебе.
     
    На candy.cane, Different7, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Н
    Нема хемија меѓу вас.
     
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Најверојатно сака да/те вара со друга. Ти може го сакаш него, ама не значи дека и тој тебе.
    Одма раскини му. Има и други машки т.е. риби во морето. Ќе си најдеш 100 пати подобар од него. Исплачи се ако го сакаш и ќе помине.
     
    На Milaa111 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Кажи им на дечко ти и девојка му. И тогаш ако не успее, одиме на втора варијанта. :devil:
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Твојот другар е тотално некултурен. Немој суптилно да покажуваш дека ти смета. Јасно и гласно се кажуваат вакви работи. Ќе го замолиш да престане бидејќи ти смета.
     
    На WildMk, poppie, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  6. swizzlec

    swizzlec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Џабе трошиш нерви за некој си небитен тип што нема да го памтиш за едно 10 години, боље потполно одалечисе од него и немај никаков контакт со него зошто овака ништо не праиш, уште повеќе си наштетуваш.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Трпи.
     
    На Brinetka, Stressed Out, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ужасно ми треба совет...

    По природа сум човек кој се плаши од предизвици, ден пред битен испит, интервју, полагање возачка имам т.н. напади на паника и страв, плачам и се би дала да избегам и да го избегнам утрешниот ден.
    Тој карактер ми е голем проблем, лично за мене, но сега изгледа дека се одрази на мојата врска.
    Пред повеќе од половина година дипломирав. Сфатив дека тешко е да најдам работа по струка, па се нафатив да учам програмирање, дечко ми е програмер па ми помагаше, сепак напоредно праќав апликации и за струка, но ништо од нив.

    Веруваше многу во мене, иако јас гледав дека кога треба сама да решам некоја задача, тешко ми оди.
    Преку него, ме примија како практикант во една фирма, иако од самиот почеток бев скептик за работа во фирма решив да пробам поради него. И тука пристигнаа на сцена стравовите пред интервју, како и после првиот ден таму.

    Десетици нови луѓе, се чувствував како изгубен Германец, на туѓа територија без соодветното образование и знаење, тешко се снаоѓав уште при првите задачи. Се вратив дома и убаво се исплакав.
    Дечко ми пробуваше да ме утеши, дека таков е почетокот, дека ќе успеам, му кажав дека е во право, но дека ми е тешко и не можев да се смирам, како и секогаш единствена утеха ми беше решението да не одам повеќе таму.
    Тоа и го направив, се откажав.

    И сега, дечко ми веќе 2 дена нема нормална комуникација со мене.

    Кажува дека таа негативност која ја ширам тој не може да ја издржи. Дека се чувствува дека ја одбивам помошта која ми ја нуди, и дека од овој момент повеќе да не рачунам на неговата поддршка. Дека сама дозволувам и максимално се трудам да се чувствувам така.

    Дека не заслужува да се однесувам така кон него ( што впрочем не ми е јасно, бидејќи ни еден лош збор не му упатив, единствено неможев да се смирам бидејќи ми беше тешко ), дека му штетам и го доведувам до граница каде не може да изджи и веќе не сака да се врати дома, да ме погледне, да е прегрне. Дека не треба да искажувам такви негативни реакции и чувства и да ги пренесувам наоколу.
    Му кажав дека згрешив, дека во секој случај ќе најдам некоја работа, дека се трудам да си ја средам таа анксиозност, дека и покрај тоа што знам дека советите се добронамерни и дека е во право, тешко ми е да го применам тоа, дека најбитно ми е да бидам во добри односи со него и дека уште повеќе ќе се трудам, на што ми одговара дека ништо нема да се смени бидејќи ете, таква сум јас.
    Му кажав во ред, не смеам да дозволам да имам таков импакт врз тебе, не можам да се сменам преку ноќ, ќе се вратам да живеам со моите и ќе барам работа таму. На што реагира со-тоа е твоето решение како и секогаш, бегање од проблемите.

    Разбирам дека никој не сака драми и патетики по дома, но сметам дека домот е место каде можеш да си олесниш, да го извадиш од себе она што те гуши во текот на денот, да споделиш со партнерот, а не да живееш како робот кој треба да направи милион калкулации пред да пушти солза за нешто, бидејќи другиот нема причина за плачење, па соодветно на тоа не сака ни да гледа такви сцени.

    Не знам како да се однесувам...
     
    Последна измена: 24 јануари 2020
  9. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Време е да престанеш да се однесуваш како мало дете кога не се родителите дома, кажа сама си завршила факултет а и дечкоти ти помогнал да почнеш да работиш.
    Е сега мислам дека треба сама да се запрашаш дали си фер према некој кој цело време ти пружа подршка а ти тоа не го цениш ,дури си напуштула работа за која дечкоти молел да те примаат.
    Научи еднаш дека не е се така розево и дека секогаш има излез и решение за секоја работа...
     
    На Brinetka, banne1 и FVP им се допаѓа ова.
  10. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски

    Знам...сето тоа го знам, но едноставно немам контрола врз сопствениот страв.
    Има ли поента воопшто да се продолжи таа врска кога толку лошо му влијаам?
    Кога веќе дошол на граница на трпението, кога веќе нема желба да биде покрај мене, минимална моја реакција во иднина ќе биде протолкувана како-ете повторно истото.
     
  11. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Значи сама ќе поработиш на тоа да бидеш силна и да можеш да се справиш со секој предизвик.Кога он ќе го увиде тос ќе сфати дека си се сменила во спротивно ќе го изгубиш а и секој нареден не верувам дека ќе биде толку толерантен како овој сега.Затоа обидисе сама да се подобриш и да рабериш дека ти си таа која одлучува не други за тебе.Мораш да бидеш силна , истрајна , јака. само така ќе бидеш вистинска жена која нема да се потпира на туѓ грб ок ;)
     
    На Brinetka, Billy Idol, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    До девојчето. Во право си дека домот е таму кај што треба да се осеќаш најдобро и да се исплачеш. Дечко ти мисли дека бог знае што направил ако ти нашол работа. Една поддршка што ти дал а бе смешки. Поддршка се дава со поддржување на карактерот на партнерот. Незрелост е да ти е гајле дали имаш пари, мама и тате ќе платат, мене ме мрзи да одам на работа. Ти имаш социјална фобија и тоа е скрос друго. Сакаш ама не можеш да одиш на работа. Особено кога не ти е по струка па плус програмирање, воопшто не е лесно. Мој совет е да одиш на психотерапија бидејќи се надминува. Чекор по чекор, се надминува. Какви успешни луѓе имаат социјална фобија и анксиозност. Акнсиозноста е сериозна состојба ама нашиот прост и затуцан народ мисли дека е незрелост и дека треба да стиснеш заби. Незрелост е да фрлаш ѓубре по улица и да мислиш дека тепањето на децата е во ред пошо ќотегот е излезен од рајот, ама ќе поминат милион години дур се освести овој нарон што е закопан в кал. Почни на психотерапија. А дечко ти да не мисли дека Господ за мадиња го фатил ако ти нашол работа. Така да се откажуваа сите ко него ехеее. Тој е малку недораснат штом не може да ја види твојата перспектива и што се откажува толку лесно.
     
    Последна измена од модератор: 24 јануари 2020
    На Cleonika, Trxmx, emiliana и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Ајде сега пробај и ти дечко ти да го разбереш. нема да си го поставуваш прашањето дали да останиш во врската туку ќе одиш на психолог или психијатар и ќе си побараш решение за проблемот,мислам дека ти е потребна терапија,дечко ти те сака,затоа и се труди да ти помогне,сега ти си на ред ама не да плачеш по дома и да се чудиш како тој не те разбира,побарај си стручна помош,ќе бидеш многу подобра,ти кажувам од искуство.
     
    На Brinetka, Billy Idol, RosettaStone и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски

    Мантуб, не можам да се согласам со тебе колку и да сакам.
    Зошто?
    Денес е ретко да најдеш добра работа, речиси се е со врски, секој гледа да ти наштети и да ти одмогне.
    Никој, ама баш никој не сака негативност без разлика за кого се работи.
    Тој и помогнал да најде работа со што ставал рака во оган за нејзе и гарантирал за нејзе а таа изиграла со тоа што не се појавила на интервју.
    Ја разбирам состојбата со анксиозност бидејќи и јас страдав долг период но анксиозноста ја надминав со тоа што се соочив со проблемите и стравовите.
    Додека таа бега, ќе и биде така.
    На стравот, депресијата и анксиозноста треба да им погледнеш во очи а не да бара изговори за одложување на решението.
    Тој ја поттикнал а таа само си одмага сама себе.
    Колку порано се соочи, тоа подобро за неа.

    @Possibility не се откажувај, пробај, првиот чекор секогаш е најтежок, после се полесно е.
    Ако ти нудат помош прифати ја.
    Биди среќна што ти нудат помош и добиваш подршка, некој и тоа го нема.
     
    На buba4e89, Sejfullai, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    @Possibility човекот прави се што може да ти помогне, а ти се што правиш е плачеш и бегаш.
    Така никогаш ниедна работа нема да ти биде лесна.
    Не знам која ти е струката и колку си стручна, но мислиш на првото раб место по струка ќе ти биде песна?
    Не, едно е она што го учиме на факс, друго е праксата. И таму на почеток ќе си ко изгубен германец.
    Мораш да се трудиш да ги победиш стравовите, а тоа не се прави со плачење и одење дома. Никој до себе не сака токсична личност која шири негативна енергија. Ако не можеш сама, побарај помош од доктор. Среди се и почни да се соочуваш со животот.
     
    На Brinetka, Annath, Sejfullai и 9 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Затоа не сакам мажот ми да ми најде работа, пошто си ја знам маката... која е слична како твојата.
    И ако посерам откако ќе ми среди, него ќе го избламирам.

    Не си ти крива што ова ти се случува, но не е ни тој крив што е разочаран.
    Сигурна сум дека ти си му единствена личност во животот која го има овој проблем, па не знае што да мисли.

    Најдобро ќе ти биде да одиш сама на психијатар, за да ти постави дијагноза и да ти препиши терапија, ако треба... па после да одиш на сесија кај истиот психијатар и со дечко ти.
    Ако не успее да сфати ипсихијатарот кога ќе му објасни... џабе ќе се мачиш со него...

    Во право си иначе.
    Домот треба да е место каде што можеш да бидиш ТИ.
     
    На ivana--aerodrom, Angie1432, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Се слагам, но, кога ќе се соочи она со својот страв таа треба да одлучи, темпото таа да си го одреди, а не тој да и прави да се осеќа виновна додатно.
    И плус, јас изреагирав поради тоа што и пишал да престане да се понаша ко мало дете. Анксиозноста нема врска со зрелост и во најмала рака е навреда.
     
  18. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски
    Најлесно е да се откажеме пред стартот и најлесно е да бараме изговори.
    За однесувањето на дечко и нема да коментирам, можеби долго ја трпел нејзината негативна страна и на крај пукнал, не сите имаат висок праг на толеранција а и не ја знаеме целата приказна нели? И сигурна сум дека тој не и мислел ништо лошо или да сакал да ја навреди туку нека го прифати коментарот како најдобронамера критика затоа што бегањето и затварањето нема да и ги реши проблемите.

    За почеток е најдобар мал чекор, посета кај стручно лице.

    Ќе појдам од себе, бев како нејзе, не до тој степен ама сепак се плашев да комуницирам со луѓе, се додека не сфатив дека тоа нема да ми донесе ништо добро во животот.
    Она има подршка, мала, и нека го искористи тоа.
    Можеби коментарите од страна на нејзиниот дечко се лошо изразени ама тој сака да и помогне.
    Додека и се нуди тоа е одлично, лошо ќе биде ако во сето тоа биде сама.
    Можеби претерал ама и таа не морала да извиси.
     
    На ForeverYoung и Stressed Out им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека извисила. Секој има право да откаже работа кога сака.
     
  20. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Прво фала на сите кои оддвоивте дел од времето да пишете.
    Ниту јас не сметам дека дечко ми имал лоша намера, а и сама сум свесна за кочницата во мојот карактер.
    Јас не се осудив засекогаш на седење дома и не работење, потпирање на туѓ грб, но мислам дека едно е давање на совет и поддршка а друго условување и притисок.
    Мојата ситуација како да премина во ова второто.
    Сега сите, па и тој упорно ми велат да се јавам кај шефот и да замолам за втора шанса, со цел да ја исправам грешката и сликата пред дечко ми. Сериозно ли?
    Никогаш не би молела некого на таков начин, стојам зад своите одлуки и ги сносам последиците, а се чувствувам принудена на тоа поради сите околни фактори.
    Си го губам сопственото јас.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.