Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    посети стручно лице за да ја ставиш во ред само деструктивноста и да не ги губиш луѓето кои ти мислат добро преку истата.

    Се најубаво.
     
    На crimson, Annath, Alisa22 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    Драга @Possibility еден ден мораш да мрднеш од мртва точка.
    Не заради другите и дечко ти туку заради себе.

    Со среќа.
     
    На WildMk, x.Daisy.x, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Too much self confidence за некој кој проблем на работа решава со плачење и бегање дома.
    Ваквото однесување ништо добро нема да ти донесе во иднина.
     
    На crimson, candy.cane, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    14.643
    Пол:
    Женски
    Јас сум сигурна дека ова не ти било прв испад,по ова што опиша побајаги си во анксиозна состојба,тоа не доаѓа преку ноќ. Сериозно побарај си помош,ако се става проблемот под тепих ќе биде само полошо.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038

    Зошто да нема self-confidence?
    Зарем ако некој има некаква слабост во животот треба да го изгуби правото на самодоверба и самовреднување во други аспекти ?
    Еден човек се дефинира само преку една карактерна особина ??
    Таа може да има милион други квалитети на кои може да биде горда.
    Избрзала, дала отказ сега нека се соочи со последиците.
    На што би личело тоа да бара да ја примат пак, од каде сама заминала ?

    Играчки ли ќе си игра?
     
    На WildMk, Nausicaa, piksooki и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Те поддржувам. Едно е давање поддршка, друго условување и притисок и јас мислам дека твојата ситуација е повеќе замината кон второво.
     
    На WildMk и piksooki им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.910
    Допаѓања:
    41.575
    Пол:
    Женски
    Девојката си е свесна за ситуацијата и знае дека не си помага сама на себе со тоа што бега од работата ама притисокот ем од дечкото ем од други вака како вас дополнително лошо ѝ прават.
    Ова е исто како да му викате на човек со скршена нога зошто не пробува да оди со ногата, само затоа што на вас со здрава нога ви се чини толку лесно.
    @Possibility побарај помош од психолог или психијатар, твојот проблем може да се реши, само мораш да почнеш од некаде.Воопшто не ме чуди што така си изреагирала со работата, затоа што не е воопшто лесно туку така да се соочиш со препрека што ја носиш долго време со себе.
    Најбитно е да си помогнеш себе си и да знаеш дека промената нема да дојде преку ноќ, но на крај ќе бидеш на многу подобра положба од оваа на која што си заглавена сега.:):hug:
     
    На WildMk, Milobebence и Mantub им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    @Possibility прашањево ти е сместено у љубовни проблеми, значи тебе те занима како да постапиш со дечко ти, а не како да си помогнеш себе си и да се подобриш.
    Твојот проблем е многу подлабок и поголем од проблемот у врската што сега го имате.
    Не гледам притисок во неговите постапки туку чиста помош и искрена мисла. Ти помагал да научиш програмирање, кое не се учи за час два, којзнае колку време има вложено во тебе со цел да те опреми со знаење, ти нашол работа што е исто од огромно значење поготово за држава во која владее огромна стапка на невработеност, во која луѓето буквално очи си копаат да дојдат до добро радно место и кријат огласи едни од други, сигурно има и ургирано за тебе, а ти си прифатила, си отишла и вааауу непознати имало ај ќе си идам дома да си поплачам?

    Слези од џебот на родителите и соочи се со вистинскиот свет, пошто веќе не си дете. Нема веќе фора ќе заплачам и ќе добијам тоа што сакам, пошто погоди, возрасна си. Имаш убава струка, надоградувај се со знаење, запознавај луѓе и зачекори во реалноста.

    Побарај стручна помош.
     
    На crimson, ilenaki, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Заради ова бегаат луѓе од државава. Не заради пари ко што мислат сите. Заради неинформираност. Заради пикање на носот кај што не ти е место. Заради некултура и незнаење. Светлосни години ви се потребни да се свестите.
     
    На WildMk, piksooki и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    14.643
    Пол:
    Женски
    Заради што? Дечкото е супер,до неа е проблемот,сама пиша дека и во оваа кавга рекла дека ќе си оди кај родителите,а тој и рекол дека повторно бега од проблемите,значи не и е прв пат,ич не е крив дечкото,стварно не те разбирам зошто се контраш.
     
    На Sejfullai, FVP и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  11. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски

    А што да му кажам кога на моето
    "Ќе работам на себе си да се средам", ми кажува "Не, нема, таков ти е карактерот и тоа мене ми штети, не ми се доаѓа дома од тебе, можеш да правиш што сакаш и да одиш каде сакаш" ?

    Тоа што велам " Во ред, не си должен да се осеќаш така поради мене, не мора да живееме заедно "за него е бегање од проблем.

    Тоа што велам доколку не најдам по струка, ќе работам било што друго, во маркет на пример. И тоа за него е бегање од проблем.

    Тоа што заради него, против своја волја прифатив да одам на интервју и да почнам работа во фирма, секако е небитно нели.

    Единственото коректно спрема него, е да се вратам во фирмата пак.



    А за оние кои си зедоа за право да нафрлаат претпоставки од ракав:

    Никогаш до сега не сум се потпрела на ничиј грб за некоја заслуга.

    Секоја оценка, секој испит, сум го стекнала со знаење и личен труд.

    Никогаш мама и тато не кренале слушалка да фаќаат врски или да молат за нешто во мое име.
    Сакав така да биде и со работата, но ете дадов пристап некој друг да вмеша прсти за прв пат.

    И да, имам и тоа како квалитети со кои сум горда.

    Не се срамев да признаам дека имам емоционална бариера, кочница но тоа не ме дефинира мене како личност во целост.
     
    Последна измена: 25 јануари 2020
    На 1209 и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Не го слушај бре. Да ти каже дечко/маж не ми се доаѓа од тебе дома треба да си ужасна личност, а не твојов лигуш. Он ќе ти кажувал што е правилно за тебе. Ти си одлучуваш што е правилно за тебе. Ти си го одредуваш темпото по кое сакаш да ги решаваш проблемите свој. НА НИКОГО НЕ МУ ДОЛЖИШ НИШТО. Дечкото те поддржувал, па тоа се прави во врска што мислеше он? Ако нему не му одговара твојот карактер тоа е негов проблем не твој. Може да ти раскине ако сака, но тоа ќе е затоа што тој така одлучил, а не затоа што ти му грешиш него со тоа што имаш социјална фобија. Се поставил авторитетно многу. Као тој нема проблеми, само другите имаат. Правилно во врскава е да те поддржи тебе како ти најдобро се осеќаш така да постапите. А не ко некое лигле да остава пред колегите на работа впечаток, а девојката (најважната личност) му страда дома.
     
    На WildMk, Nausicaa и Milobebence им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Дечко ти е разочаран бидејќи се залагал за тебе. Значи верувал во тебе, верувал во твоите зборови и ти си го извисила. И нормално обидот да ти помогне го разочарало многу и тоа многу има удел во врската. Една врска вклучува взаемно помагање што значи дека ти треба да се искупиш за твоето однесување таму. Реално, тоа што ти е страв и се преоптеретуваш е само психа.
    Ти треба помош девојче, вака само ги губиш луѓето околу себе.
     
    На candy.cane, Milobebence, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    14.643
    Пол:
    Женски
    Си пишала дека се трудиш околу анксиозноста,можеш да ми кажеш како го правиш тоа,што си презела до сега? Немој да ме сфатиш погрешно,сум поминувала низ слично затоа те прашувам.
     
    На Milobebence и bicycle им се допаѓа ова.
  15. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Постојан разговор со себе си, убедување и разјаснување на ситуациите, дека нема потреба од таква паника и реакција, дека не е крај на свет и да има некоја ситуација лош исход.
    Буквално секакви паралели, компарации меѓу ситуација која ја прифаќам како нормална и онаа која ми создава таков страв, со цел да најдам сличност и да ја перцепирам и другава како вообичаена.
    Барам мотивација која би ме држела стабилна, без тресење на раце, тахикардија и потење.
    Разговарам и со други, барам туѓо мислење.
    Гледам да мислам на некој позитивен настан од животот, позитивен исход на ситуацијата, некоја крајна цел како мотивација.
    Практикувам прошетки кога ми е тешко.
    Знам да се напијам Неуробион или Бедоксин.
     
    Последна измена: 26 јануари 2020
    На Stressed Out, Milobebence и INEEDLOVE им се допаѓа ова.
  16. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Девојче кога учеше програмирањето, свесна беше дека ќе дојде ден кога ќе треба да одиш на интервју за работа во фирма?
    Зошто не ја бараш вината во себе навистина не ми е јасно. Тука секој ќе ти даде совет според неговите лични гледања и искуства. Врати се наназад и гледај го проблемот од далеку.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски

    @Possibility никој не те тера да правиш нешто што не сакаш ама ако на секое интервју гледаш со страв нема да постигнеш ништо.
    Како што кажав претходно, луѓето се молат за таква можност како твојата, чекаат со месеци па дури и години да имаат прилика како твојата која ти не ја искористуваш поради страв кој нема да го надминеш ако се однесуваш на овој начин.

    И да кажеме дека нема да попуштиш на "притисокот" од дечко ти кој очигледно е дека сака да ти помогне кој е твојот план за напредок? Ако имаш посебен план, тогаш имаш подршка од сите нас, и ако мислиш дека би бил успешен, доколку немаш до кога планираш да тераш вака?
    И мислам дека имаш нешто што ни немаш кажено овде, како да не е твој прв испад.
    Не може и не сака секој да толерира вакво однесување, тој го познава твојот карактер, долго време сте заедно и знае како ќе постапиш. Секој има праг на толеранција, секој има поставено праг на толеранција.

    Имав партнер кој постојано се жалеше како нема пари, како сакал да умре, ми ја исцица целата позитивна енергија, се нервираше за се и сешто. Без разлика колку да сакав да му помогнам, добивав отпор од негова страна и еден ден ставив крај затоа што не знаев што ќе биде следно од него.

    Во животот мора да се бориме, секој ден ни е нова прилика, нова шанса за нов успех, лесно е да кажеш УФ ако претходно не се потрудиш, лесно е да се откажеш и да кренеш раце.

    Излези од комфорт зона и направи нешто убаво за себе. Дечко ти и родителите нема секогаш да бидат тука.
     
  18. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Не, бидејќи почнав да учам со цел да работам како Freelancer, никогаш не ми беше цел работа во фирма.
    Вината за моите постапки си ја сносам, но не го оправдувам секое негово однесување во случајов.
     
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.505
    Допаѓања:
    22.566
    Пол:
    Машки
    Па остави го ако не можиш да се сносиш со тоа.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Да се затвориш во соба сама со себе, со исклучиво виртуелна комуникација со други живи суштества, тотално да се изолираш од се ? Супер.
    Е тек тогаш никогаш нема да излезеш од овој хаос во кој си.
     
    На WildMk и bicycle им се допаѓа ова.