Добро тоа е почеток,очигледно нема ефект и во иднина ќе ескалира уште повеќе,консултирај се за терапија,иста бев,сега ми е многу подобро.
Ми треба совет. Се гледам со дечко веќе 9 месеци а, во контакт сме од 2018. Ми требаше време да се убедам самата да излезам со него, зашто пред него имав долга врска и не барав ништо сериозно. Меѓутоа, како што го запознавав почна да ми се допаѓа Но, некако не можам да му верувам 100% (општо сум многу затворена личност и не им верувам на луѓето многу лесно) Една од причините што не му верувам е тоа што он ми кажа дека кога почнал да ми пишува, бил во врска со друга, и друг пат општо си кажува како идел со 2 истовремено како го фатиле итн. Инаку он има 31 јас 23. Му викам дека штом тоа го правел тогаш пак ќе прави така и со мене ама, не било така немал време да ми прави филмови, мене ме сакал искрено и ме гледал како идна жена. Уште на почетокот инсистираше да се запознае со моите, сака да има деца со мене ми рече ќе чекал додека не бидам јас спремна ( иако 2 пати веќе сврши внатре, првиот пат бев пијана па сум му рекла ајде, вториот беше на прв ден од циклус. Многу глупаво знам) Друг проблем ми е тоа што он сака да гледа со кој пишувам, чепка низ телефон сака да знае кај сум со кого сака да командува и мене малку ми смета тоа.Јас никогаш не го прашувам кај си а он секогаш иде без да ми каже и ми вика зошто не ме прашуваш а јас не сакам да звучам очајно зошто он си има и бизнис работи. Инаку се гледаме 2-4 пати неделно пошто сме од различни градови. Јас не можам да се опуштам тотално уште ме копка дека нешто матка. Што мислите? Би сакала и машко мислење да прочитам.
Ако ти чини тебе таков каков што е и го прифаќаш терај си, ако не раскини му. А од моја гледан точка мислам дека станува збор за посесивна љубоморна личност.
Колку жени ги гледал ко идни сопруги ни сам нема да знае да преброи. А тоа што си била пијана треба да му е причина плус да пази што прави, а не да искористува можност да прави што сака под изговор дека ти си му рекла нешто што не би го кажала во трезна состојба. Некако ептен convenient ова бе, пијана, ми рече ајде па не сум будала да те одбијам. Не гледам зошто некој би сакал ваков човек дури ни 1%.
зошто си со него на твоите 23 години? не си 100% сигурна дека можеш да му веруваш,те контролира,сака деца со тебе иако ти не си спремна не го почитува твоето мислење,не ти дозволува да имаш своја приватност и плус најлошо зборува дека одел со повеќе девојки истовремено ТЕБЕ ТИ ГО КАЖУВА ОВА!! а сакал деца се тебе хахах сака тој да му залепиш неколку шамари да се разбуди
Во све друго ми е погоден ама, во тоа не. Таков карактер е, не ми забранува ништо само сака да знае кај сум, со кого, кој ми пишал итн. Мене ме нервира тоа што ми кажува како идел со многу порано у исто време и сега не знам дали да си мислам дека и мене така ми прави или па да го ценам тоа што барем е искрен. Шашма ми е главата А, зашто бе еве ти машко си ќе свршиш ли во некоја што не ја сакаш, ќе сакаш ли да ја земеш за жена некоја ради реда дека ти дошло време за женидба? Стварно не знам што да мислам
Остај ме мене како машко, јас можам да навезам овде приказни што ми се има случувано. А мене лично (се надевам повеќе ќе пишат) нема да земам жена ради реда.
И на двете прашања одговорот е да. Не ли гледаш што се случува околу тебе ? Не се правете глупи со сила, извини вака експлицитно, ама чукнете ја главата бе. До каде со таа женска наивност, љубов дрн дрн, мене ме сака искрено другите не, со мене е поинаков, сменет е. Како па да не. Он упорно ти дава знаци дека не е како што треба, а ти тоа го нарекуваш љубов. Те контролира, те искористува на пијано, се фали дека варал, ти збори за женидба тебе, 23 годишна девојка пошто на муфлузот му дошло време за парење. Немој да ми кажеш дека ќе те чека кога ти ќе си спремна, за да следното негово намерно свршување внатре, кога си полусвесна, те демантира.
Izvini shto kje sum vulgarna, ama on tebe te glea kako krava za priplod. Mlada, si misli deka kje go slushash, on kje si tewra zhivot, a ti kje tumkash deca...
Да зборам ли со него? Не сум била никогаш отворена да кажам што се ми смета, не сакам очајна да бидам и да изгледа сум заљубена до уши во него па да си земе сила уште толку. Доказ немам дека нешто прави.
Што очекуваш да биде со него ако си во брак ако уште сега љубоморење толку упорнотст за деца. Најди си некој стабилен
Dokazot kje e bebe? Sakash li da se omazhish i da imash deca? Sakash li da si majka i samo toa? Dali od tvojot partner barash samo da bide donator na sperma i toa? Ako odgovorite se da, togash prodolzhi so nego? Mada ne morash, mozhesh fino lepo da odish vo banka za sperma i reshen problem.
Не ти треба доказ за да ставиш крај на таа врска. Штом имал паралелни врски, значи таков му е карактерот и тој и понатаму така ќе си продолжи не се менува, не очекувај љубов и верност од човек кој има направено неверство. Му дошле годините да се жени, ти ќе му родиш и чуваш деца, а тој и понатаму ќе си тера паралелен живот. Освести се навреме со каков човек си имаш работа, немој кога ќе биде касно да си ја трескаш главата. Плус сака да те контролира. Ако тој е ѓубре, не значи дека сите се, па да мисли дека ти му правиш работи зад грб.
Ви благодарам на советите. Инаку да напоменам дека дечкото со кој бев со години во врска беше лигле, не се чувствував сигурна покрај него и сексот беше за нигде. Е со овој сегашниот јас се чувствувам заштитена, сексот е одличен, само што не сум стекнала целосна доверба во него. Стварно сум збунета немам многу искуство со дечковци овој ми е втор а, не се сметам за наивна личност не верувам лесно. Не знам дали правам грешка, не знам како да дознаам.
Не да си наивна ,наивна е мал збор за ова. Свесно влагаш у врска до тип кој имал паралелни врски и очекуваш тебе да не ти го прави ова ? Повеќе од наивна си. Сигурно ти праи филмови као ти си посебна тебе нема така да ти праи ама имај на ум дека 15 годишно дете не можеш да смениш а па не 30 годишен човек ,никој не се мења освен на полошо. Ако сакаш да го поминеш животот со варач и манипулатор продолжи.
Знам. Ама, зошто да ми го каже тоа, јас да сум правела така немаше да кажам на наредниот. Маж како маж, мислам мора да го помине тој период. Подобро пред отколку после брак. Збунета сум многу стварно не знам а, ми прави муабети за запросување не дај боже ако се деси за брзо нема да знам што да кажам. Ни лево ни десно.
Не е наше да се мешаме ама до сега чим не се опаметил 31 година некои на тие години имаат по 2 деца некои..
На него му е време да се ожени,може си вика дека нема да најде друга како тебе и не сака да те изгуби,затоа може и пробувал да те забремени,чим ти збори за запросување сака да ја види твојата реакција,и да може во скоро време и тоа да се случи. Биди спремна. Но да знаеш,љубоморен човек не може да се смени и во брак сигурно ќе те прашува а може и да ти забранува да излагаш на пр.со другарки. Прво да си седнеш со него да разговараш и да му кажеш што ти смета,биди искрена,и ти запрашај се дали би сакала да го поминеш животот со тој човек. Убавината е пролазна карактерот останува.
Сакал да се пофали као види ме мене сум вртел две жени одеднаш. А тоа мислење маж како маж мора да го помине тој период ти е многу плитко и навредливо прво кон тебе како жена , као маж е океј е да изневерува знаеш маШ е тој... Не ми се верува што читам , многу си наивна а напаленото говедо што не знае да си го држи у гаќи дали у врска дали у брак исто ти е. Не знам што те тера да мислиш дека е сега променет ,размисли логички.