Вајлд не си во право,дечкото не и се заканил дека ќе ја остави,туку ја мотивира да направи нешто за да ја реши состојбата во која се наоѓа,не ја обвинува за болеста,туку не преземање ништо за ублажување на истата,уствари анксот не е ни болест,состојба е.
Па добро де,тоа е само дел од приказната,ние не знаеме што претходело во нивната врска,колку и какви други случаи имало,можеби не знае ни како да се изрази,ама факт е дека сака да и помогне,сега е нејзин редот.
Не! Не! Не! Не! Не смееш вака да размислуваш. Тоа што свршил во тебе, без твоја дозвола, не е доказ за љубов, туку за посесивност. Не те почитува како личност, туку сака да те поседува. Тој да одлучува за твоето тело. Репродуктивно силување се вика ова, а не љубов... Доволен доказ ти е, тоа што тебе ти го прави. Навистина? Ако е маж, тогаш има алиби да биде безобразен, манипулативен и злобен со жени? Оти така ги гледаш работите? Се' е ова на твоја штета. Со кој и да си, ако направи нешто што ќе те повреди, а ти тоа го гледаш како: Маж, ко маж- само ти ќе губиш, ти ќе бидш повредената... Зошто да си дозволиш да бидеш несреќна поради туѓа неодговорност? И маж и жена е исто. И во мажите и во жените има добри и лоши партнери. Тој што манипулира, контролира и има склоност да изневерува е лош партнер... Без разлика од кој пол е.
@nikibi имав пишувано во една тема за случајот со мојата другарка но нејзиниот партнер пред да влезат во брак имаше две лица но беше премногу наивна и ми кажуваше колку бил поразличен и колку тој и се колнел дека само нејзе ја сака. И направи бебе,намерно и сврши, стапија во брак, ја брзаше дека му било време, бракот едвај траеше една година поради проблеми. Не биди наивна на тие зборови, не дозволувај да прави што ќе му текне како на пример свршување во тебе а ти неспремна. Си имала среќа што завршило без несакана бременост иако благослов е да се има бебе, ама кога си подготвена, да кажеме. А ти кај млада, плус те контролира, плус неспремна. Не можеш да сметаш човек кој изневерува наоколу за сериозен плус имал и паралелни врски. Јас на таков човек не можам и не сакам да верувам. И да кажеме дека навистина те сака, треба да има разбирање за тебе дека не можеш тек туку така да му раѓаш деца, затоа што му било нему време да се скроти. Тогаш нека бара некоја на исто годиште како неа или која брза да се омажи, ехе, фудбалски тим ќе направат. Бараш доказ, не ти се потребни докази освен фактот дека е неверен човек. И уште нешто, искористил што си пијана и свршил во тебе. Што повеќе од тоа сакаш? Љубовта не се основа врз тоа дека ако те сака ќе сврши во тебе, и дека ако не те сака нема да сврши.
Де жени зашо се праете толку наивни? И после кукате судбина судбина, па сама си го бираш патот чуде ме како не остана трудна од коа се деси тоа
Девојки ми треба совет. Со дечко ми се расправавме (за глупости) и сега он врската ја доведува врската во прашање. Ситуацијата беше ваква : Играше он огра на тел, ја го прашав како се игра, а он ми одговори 'комплицирана е за тебе'. Ова ме изнервира па ја му реков дека е идиот. 100 пати му се извинив за тоа, тој не прифаќа, не знаел дали ќе може да премине преку ова. Толкава ли е мојата грешка?
Ако е за толку грешка, и тој треба да ти се извине затоа што тоа неговото комплицирана за тебе фактички те навредил. Јас мислам за глупост нема што да си ја ставате врската во прашање, премногу ми е ситница за до толку да си ја ставам врската во прашање, а ако веќе тој си бара рачка за да се скарате, тоа е друго.
Тој мене воопшто не ми се извини, ја него 100 пати. Не знаел дали ќе може да помине преку ова, може стварно сум мислела дека е идиот. Му објаснив дека во нербоза беше кажано, дека не мислам така, ама не прифаќа. Се изедов од нервози деновиве, пукнав.
Прво тој тебе те навредил, а дури потоа и ти него. Ти си се извинила, а тој врската ја доведува во прашање. Неговото извинување каде е? Сериозен е со размислувањево? Мислам ако за вакви караници ја доведува врската во прашање, тогаш не знам што ќе направи за некое посериозно несогласување или одлука. Јас би му го кажала токму вака, а ако и понатаму сака да раскине тогаш посакај му убав живот и барај си некој дораснат.