Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^Биди ти, однесувај се најприродно и не треси глупости :!: :D
     
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Вака, живеам заедно со дечкото, јас имам добра работа, и добра плата. Кога почнавме да живееме заедно под кирија беше договорено дека трошоците ќе ги делиме. Е сега проблем е што тој нема постојана работа, и најчесто 90% од трошоците ги покривам јас. Така е веќе неколку години. Вчера прв пат му префрлив за тоа, за тоа што веќе ми е навистина тешко. Наместо да направам нешто повеќе за мене, некој добар одмор, зимување или било што, сега додека сме помлади и без обврски, јас неможам да си допуштам ништо. Е сега тој се лути бидејќи живееме заедно нормално било да делиме се, и сега јас сум лошата? Не барам скапи подароци, не барам тој да плаќа ништо за мене само да не бара повеќе од мене. Е може звучи неубаво, со тоа што сум решила да живеам со него треба да сум спремна да делиме се но веќе се изморив. Има некој во слична ситуација и што мислите дека е правилно во овој случај?
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Разговарај со него, кажи му ги сите овие работи и објасни му дека треба подеднакво двајцата да внесувате во вашиот дом, нека се потруди повеќе.. Тој не треба да се лути, туку да те разбере затоа што целосно си во право и во овој случај воопшто не си лоша, живеете заедно и делите се, но не може едниот да вложува повеќе, а другиот помалку и да се лути..
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    мислам дека не си фер. ајде стави се во обратна ситуација ти да не работиш он да работи.... дали ќе ти биде се исто. штом сте решиле да живеете заедно тоа значи еден чекор пред брак (во повеќе случаи) а кој колку има во таа заедница ќе даде. мислам дека е многу себично од твоја страна што му префрлаш, си требала да мислиш на време уште пред да почнете да живеете заедно, знаеш заедничкиот живот носи и многу откажувања и жртви од тоа што го сакаш. или па ете речи му дека неможете да живеете заедно и секој па дома. но дали ќе ти биде слатко тоа зимување, летување или било каков викенд без него... незнам не те разбирам и мое мислење е дека не си во право. во заедница кој колку има ќе даде
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Ал-вик, имав сличен проблем на овој, но ние не бевме договерни да живееме заедно, туку јас студирав во неговиот град и си плаќав стан, кој беше доста голем, само за себе, а тој живееше тука и ништо не плаќаше... Фино нели? :worried:
    Знам како ти е и не можам да сфатам како толку години си трпела! Штом сте решиле да живеете заедно, тој требало да биде свесен дека ќе мора да ги делите трошоците, ако веќе не можел не требало да прифаќа такво нешто. Во ред е неколку месеци да го разбереш, додека да се снајде со работа, ама константно повеќе години да плаќаш само ти? каков човек е тој? нема ли достоинство? Треба да се срами и самиот да е свесен за тоа, а не да те обвинува тебе која ем што му плаќаш и издржуваш уште и пак си лоша??! Не можам да го сфатам тоа, мој совет е да го притиснеш, не вреди да разговараш кога веќе те обвинил дека си лоша! Притисни го така што или ќе ти помага(т.е. ќе ги делите трошоците!) или секој во својот дом. Штом сте се договориле треба да се држите до тоа. Што ако и ти немаш пари да плаќаш? Тој ќе превземе нешто? Да! Ќе ти рече “ајде секој по дома“.
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    верувај дека не си прва што го има овој проблем, ама штом сте решиле да живеете заедно, мора да биде така, не сте цимери па се по пола, ако нема да си оди дома. Јас пред да се земам со маж ми , две години живеевме заедно. Тој има многу поголема плата од мојата, ама јас сепак се трудев колку можам да допринесам. Дечко ти во никој случај не е крив што нема добро работно место, немаш право да го обвинуваш. Сега не е за оправдување ако се расфрла со твои пари, на пример често да излегува, да си купува скапи работи и сл. Ако е се во граница на нормалното трошење, навистина не е виновен човекот. Ти треба да си размислиш дали сакаш да си со човек послаб финансиски од тебе или сакаш да си со некој кој нема да дозволи да платиш ни едно кафе, нормално ако има многу пари. А не е се во парите , тоа сигурно ти го тврдам, животот е тркало, се врти. Најважно е да се сакате, другото порано или подоцна се решава.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Не сакам да си признаам но може непромислен чекор беше живеењето заедно, може не сум била спремна за тоа, но така излезе спонтано, дојдов да работам во Скопје тој веќе беше овде и во моментот тоа беше најдобра опција. Но проблемот е што мислам дека недоволно се ангажира околу тоа да направи нешто повеќе за себе и за нас, да најде подобра работа. Ми изгледа како премногу да се опушти и не е доволно амбициозен. Се надевам дека наскоро ќе почнат некои работи да одат на подобро.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Е каков е тој маж? Негова должност е да се снајде како знае и умее не да живее на грбот на својата девојка. Јас не сум материјалист верувам не си ни ти штом си со него и го поддржуваш, ама сепак додека ти го правиш тоа само ти вложуваш во вашиот опстанок на него ќе му прија тоа и нема да се змара да најде постојана работа. Мене ми изгледа дека сака да живее на твој грб.
    Не е битно кој поголема плата зима, трошоците околу живеалиштето треба да се делат, сметките, јадењето. Некогаш ти ќе купиш нешто повеќе, некогаш тој, секој сам треба пак да се грижи за себе и за своите работи, на што би личело тоа ти него да го издржуваш и да му оставаш пари онака секој ден пред да одиш на работа?
    Во ред ако си финанскиски далеку појака од него па да придонесуваш повеќе но доколку он не се труди не би имало смисла сето тоа, очигледно е дека несака да се потруди доволно да ја најде некоја работа, образован ли е, има ли факултет? Што е проблемот што неможе да најде постојана работа? Сте разговарале ли за тоа? Знам дека не зависи само од него и дека не е толку лесно да се најде постојана работа но сепак не е толку невозможно, како да се правда и ко да бара причини за тоа што нема постојана работа, т.е. изгледа му одговара да живее на туѓ грб.
    Ти си млада, сакаш твојата плата повеќе да си ја трошиш на себе и да уживаш одколку да ја трошиш за покривање на домаќинството, па штом сте решиле да живеете заедно треба двајцата да придонесувате дури и тој како маж да се труди повеќе а не да зависи од тебе.
    Разговарај со него, притисни го, во случај да те обвинува повторно кажи му дека не е така како што тој те обвинува туку дека само сакаш подобра иднина, повеќе да се потруди тој да биде финансиски постабилен за да живате и двајцата, навистина на 25 години да го издржуваш свршеникот/дечкото/мажот и да ги жртвуваш твоите желби за тоа не вреди, и што љубов, каква е таа љубов кога само ти се трудиш да ви биде добро а тој џаболебари.
    Размисли си убаво, не е само љубовта важна има и многу други фактори кои се потребни за да се одржи една врска, не е само љубовта доволна!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дечки значи, вака, со типчево сум долго време
    последниве 2 месеца по интензивно се гледавме
    и ете пред 2 дена официјализиравме
    имаше од негова страна муабет од типот, „не сакам да те разочарам“ „ти си супер девојче“ и бла бла убави муабети
    и ми вика убаво ни е како што ни беше, не сакам нешто да смени меѓу нас, и сеа откако еве да кажам идеме, он е многу чуден, како да се плаши. Јас цело време пазам да не се скараме за нешто, ама одалечен ми е после се, а треба да биде обратно
    Како да се поставам?
     
  10. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Проблемот е што уште студира... веќе подолго од колку што треба... и тоа го финансираме "заеднички". А не сум и јас нешто многу моќна финансиски. Иако земам добра плата за наши услови, сите знаеме колку може да е тоа. Доста коментирам овде, ќе мора повеќе разговор со него.
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Теди па јас незнам како имам заклучено дека ти имаш дечко :^)
    Кажи ми дали ти настојуваше да се официјализирате?
    Според мене типот се плаши од обврски, можеби имал лошо искуство или досега не бил во сериозна врска.
    Јас би постапила вака: не би го оптоварувала со статусот на што сме, биди си своја, понашај се најнормално, најискулирано, биди секогаш позитивна и насмеана, не го прашувај што ти е ако се понаша чудно, покажи му дека си супер девојка што не се замара со глупости, и играј како него, нека е одалечен биди си и ти на дистанца, не го оптеретувај, со време ќе сфати.
    Ако ти пречи многу тоа што тој се понаша ладно и одалечено почекај некое време, можеби ќе се смени ситацијата, можеби сеуште се навикнува на поимот дека има девојка. Ако доволно си чекала да се смени малце да биде поблизок со тебе поразговарај со него, прашај го во што е причинита, кажи му дека сакаш да си со него но дека не ти се допаѓа таквото однесување и дека не си подготвена да го трпиш тоа, ако биде веќе нека биде како што треба нели.
    :*
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^ па прилично долго време сум со него, ама никогаш не било скроз официјално, а било исто ко да е, и да, јас настојував за официјализирање, ама не многу, само спомнав и се согласи!

    и да, има лошо искуство, и затоа и го сфаќам и го правам сето тоа што наброја ти, ама до кога???
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    До кога?
    Тоа зависи само од тебе, од твоите чувства, од твојата граница на толеранција, од твоите принципи...
    Додека можеш ти сфаќај го и трпи го, кога нема да можеш веќе бај бај ;)
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Епа ќе си се надевам, ќе се подобри....
    Трпам ја, за било што... а знаејќи го него, ќе ме снема малце мене и се ќе дојде во нормала :)
    Фала Мимс :* ми требаше да си прочитам вака :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Теди,немој да ме сфатил лошо,само сакам да ти кажам дека кога го прочитав твојот проблем се видов себе си пред 10 години.Иста приказна,се гледавме,па заедно сме,па не сме,само не е официјално,па ајде после 8 месеци гледање стана официјално,па секогаш кога сакав нашата врска да ја кренам на степен повцеќе(ми требаше љубов,емоции),тој нон-стоп ја помнуваше претходната врска,како бил изгорен и ред други сра*а.Ми се гади од такви пувежи :puke:
    А јас среќна и покрај се,битно ние сме ОФИЦИЈАЛНИ,на моја иницијатива
    И на крај,после нашето официјализирао играње топло-ладно,си сврте грб и замина без збор.
    Таквите не се способни да сакаат.Стави си малку прст на глава,заштотој не е иницијатор да бидете официјално заедно,значи му одговарало кога не сте биле официјални да седи на две столици,и сегта ти направил ќеиф и што натаму,упорно ќе трчаш по него,аман за аман сакај ме,дај ми насмевка,гушни ме,јави ми се,па ќе го анализирам секој негов гест,па ќе се прашувам 100000000000000 пати,да не сум го навредила со некој мој потег?Сакаш да се задоволуваш со трошки???
    И кога ќе најде некоја што ќе го бутне на газ и ќе изгуби мозок по неа,он ќе моли да официјализира, а за тебе ќе нема место во таа приказна.
    Уште еднаш извини за суровоста,ама ова е моето мислење.Зашто тој што те сака,безусловно ќе биде со тебе,на секој начин и секаде.А ти заслужуваш подобро,многу подобро!
     
    На mims-89, TeddyGrey и 2468 им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    хех, нема зашто извини.... и се пронајдов во неколку редови од твојот пост, но никогаш не ми ја спомнал бившата и не се жалел дека бил изгорен, сама сум дознавала
    таа негова бивша е од поодамна и е вистински крај ставено со неа, затоа што знам дека он не би почнал со мене да имаше нешто со неа...
    не ме плаши вака предвреме, фала на предупредувањето ама ќе оставам на времето да ми покаже...
    не ми се пушта туку така и сама знаеш како е чим си имала слично искуство
    пробувам да не го гушам, си држам дистанца, знам дека го пецка тоа, па ако не иде, не иде. здравје. јас битно морам да пробам и да видам дали ќе ни успее, ако не иде, чао пријатно
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Среќно душо,Дај Боже тебе да ти успее,ти посакувам се најубаво :*
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Теди, морам да се согласам со Геа!!!!! .... Еве јас сум машко и можам да ти кажам дека се случи како што го опиша она......long story short, девојката сакаше да официјализираме, ок беше 2 недели, после тоа мене ми стана досадно и монотоно, се појави друга, почнав со неа, ја "молев" (како што напонема геа) за официјализирање и за другава немаше простор.....

    совет кој што јас би ти го дал е види со него уште малце време како ќе се понаса, ако не се смени, мислам дека знаеш што треба да праиш и покрај тоа што знам дека ќе те боли, но сепак ти си на прво место, не он ;)
     
    На Gea и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  19. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Баш заради ваквите случувања и проблеми кои се јавуваат сум против животот заедно пред брак! И мислам дека не си единствена, се јавува истиот проблем кај повеќе парови кои непромислено донеле одлука да живеат заедно! Мене не ми е јасно како се одлучуваат на таков чекор оние кои финансиски не можат себе си да се издржуват и на некој начин (свесно или не,не знам) се наметнуват на партнерот! Јас разбирам дека постои љубов и дека намерите се сериозни, ама па ти не си му родител да го издржуваш него, не е тој твое дете ти да го храниш и да му ги плаќаш месечните трошоци!
    Би ви било полесно ако и двајцата имате примања доволни за да опстанувате, тогаш ќе си ставите ред како ќе се трошат парите...а вака, се на твој терет мислам дека е неферски!
    Разговарај со него и кажи му дека ти е потребна помош (финасиска) од него! Немој воошто да се осеќаш себично, бидејќи не е себично ако пробаш да си го заштитиш тоа што ти го заработуваш! Мораш да го убедиш дека ти е тешко да ги сносуваш сите трошоци бидејќи вака ако продолжите проблемите ќе растат а емоциите ќе се заладуват!
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Искрено, начекал! Ако не си се поставела така, немало да продолжи така. Сега освен со секојдневно расправање на истава тема, не верувам дека можеш да го преиначиш, него му е убаво да денгуби по цел ден, на крај, ти имаш пари. Нека е сурово, така ми изгледа работава!
    Мислењево е наменето за Ал-Вик :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.