1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Јас бев истата. Една година сама ниту излегував со некого, едноставно не сакав. Ете сега после година и пол си фатив дечко. Ќе видиш кога ќе се појави некој посебен нема да бидеш сама.:D
     
    На honey.11, Stressed Out и нина122 им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да ми пише лп, не ми се споделува толку јавно.
     
    На LadyLollypop и Elf им се допаѓа ова.
  3. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми пишеш
     
  4. Teafy

    Teafy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Размислував долго време дали да го споделам ова и решив сепак да го направам тоа, а со цел да добијам ваши совети/препораки за што понатаму.

    Машко сум и до неодамна бев во 4 годишна врска. Таа е единствената личност која сум ја сметал за поблиска дури и од моето семејство. Се запознавме во средно преку другари и по неколку кафиња почнавме да се зближуваме. Во тоа време јас имав добар социјален живот, додека таа беше премногу повлечено девојче со мал круг на познаници. Тоа многу ми се допадна затоа што всушност се препознав себеси во неа (карактеристики на интроверт). Колку повеќе се зближувавме, јас станував се позависен од неа и нејзината среќа ми значеше сé. Иако таа ништо не ми забрануваше, пополека се оддалечував од пријателите и семејството затоа што чувствував како да имам сé со неа. Во првите 2-3 години буквално чувствував невидена среќа, мотивација за живот и лесно ги надминував сите предизвици. Само таа ми беше доволна во животот. Додека бев со неа полека го губев социјалниот живот и тоа ми даде шанса да се посветам само на нејзе и на факултетот на кој лесно остварував високи резултати. Како поминуваше времето, постоеше некоја невидлива бариера која ја спречуваше таа да се опушти и зближи со мене, додека јас станував сé поранлив. Таа делуваше многу ладна, но длабоко во себе верував дека тоа не е така. Во еден момент таа ги знаеше сите мои тајни, мисли, планови и слично, додека јас ништо не знаев за неа. Мислејќи дека сеуште не е спремна да се зближи со мене, постојано купував подароци, одевме заедно да јадеме и често и ѕвонев во текот на денот. Не чувствував никаква среќа кога мене нешто ќе ми се случи, освен ако не го споделам тоа со неа. Најголем спокој наоѓав кога и посветував внимание и се трудев да ја направам среќна. Не сфаќав дека моите постапки всушност ја одалечуваат од мене. Нејзиното одалечување, ме правеше се поочаен и позатворен во себе. Почнав да се откажувам од моите интереси и навики со цел да ја задоволам нејзе (станував личност која сум МИСЛЕЛ дека таа повеќе ќе ја сака). Сето тоа доведе таа полека да ме преболува. Плашејќи се да ми раскине, овој процес траел една една година се додека не се случи тоа - раскинувањето. Сфатив колку сум бил слеп на сите овие "знаци". Веќе месец дена не сме заедно. Да... ја молев да се врати. И се јавував, и пишував. Се чувствувам како цел свет да се срушил врз мене. Сето она во кое што верував повеќе немаше смисла. Пријателите ги изгубив. Не можам да правам ниту една активност која ме прави среќен, едноставно заборавив што е тоа среќа. По неколку дена, таа ме блокираше на сите социјални мрежи и ми го блокираше и телефонскиот број. Имав доволно време да размислувам и да барам каде е грешката. Имав постојано панични напади и страшни напливи на стрес. Прочитав безброј статии на интернет. Не се обвинувам само себеси, но голем дел од моето однесување допринело таа да не ме сака веќе. Не ја обвинувам, навистина го видов тоа во нејзините очи. Знам дека таа се плашела и не знаела како да ми раскине, но знаела дека веќе не ме сака. Не знаела на кој начин да го направи тоа без да ме повреди. На двајцата ни е прва врска и неискуството си го направи своето.

    Еве после месец и нешто, сеуште незнам што да правам со себе. Немам желба да ги извршувам најосновните активности во текот на денот. Ја сакам, но воедно сум свесен дека веќе никогаш нема да бидам со неа заради искреноста која и ја пружив и наивноста која ме прави премногу ранлив пред неа. Изгубив желба да барам други девојки. Сакам да останам сам и никогаш повеќе да не го доживеам ова што едвај го преживеав.

    Плус информации: Двајцата сме сега на факултет. Врската ни беше премногу сериозна за нашите години. Не се каравме многу, немаше детски игри потегни-повуци и во глобала бевме многу поразлични од сите други, претпоставувам заради околностите во кои израснавме.
     
  5. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Според ова што го прочитав, не гледам нешто лошо да се случило па да раскинете но сите сме различни, и не му одговара тоа внимание на секој. Нешто кое најмногу го мразам се личности како неа, од причина што никој не е должен да трпи ладнокрвност додека се труди на секој можен начин да му удоволи. Не ми е јасно како не можела да се зближи со тебе, сепак е подолг период. И не ја оправдувам со тоа што не знаела како да ти каже да не те повреди, бидејќи да немаш чувства кон некој една година и да го лажеш е многу полошо од раскинување. Знам дека ти е тешко, и немаш желба за друга девојка ама со тек на време ќе се стабилизираш, ќе најдеш ново друштво, сепак си млад и пробај да одржуваш контакт со колеги на факултет.
    Не ти треба личност која не те цени доволно за да ти ја каже вистината, па и да те блокира кога немало лош крај на врската. Нема што да се обвинуваш, колку и да е тешко и ова ќе помине.
     
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Најверојатно чувствата и љубовта и се изгубиле па не знаела како да ти каже, од една страна ја сфаќам затоа што сум била во иста ситуација но не ја оправдувам затоа што треба да е искрена без разлика колку и да боли вистината. Ова ти е сега уште ново затоа си повреден ,затоа што кога ќе раскине некој долга врска му се менува секојдневието на пример доколку секое сабајле сте зборувале на телефон или секоја вечер и такви работи ,но таа личност не е повеќе во твојот живот и тоа е голема промена , на почетокот ќе ти биде тешко а уште потешко ќе ти е доколку се затвараш дома, затоа мој совет е земи почни да шеташ да се запознаваш со нови луѓе , едноставно пробај да бидеш постојано зафатен , тоа што си дозволил да ги изгубиш пријателите е твоја несвесна грешка. Прекини да живееш во минатото и да се навраќаш наназад. Почни да живееш во сегашноста и да гледаш за иднината ,млад си цел живот е пред тебе имаш многу можности но само ти ќе си избереш дали ќе се затвориш дома и ќе патиш или ќе почнеш да превземаш нешто околу тоа.
     
  7. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Мое гледиште на твојата ситуација.
    Премногу си се врзал за неа, колку и да си вљубен и да сакаш некого не треба тој другиот да се чувствува како во затвор. Јас лично така го доживеав ова.
    Ти ако ја немаш неа одбиваш да бидеш среќен и тука е грешката.
    Научени сме да ја условуваме нашата среќа на пример ако тоа и тоа не е мое или го немам јас нема да бидам среќен.
    Девојката тоа го почувствувала, не викам дека не е убаво ти да си внимателен и да посветуваш на некого време, внимание и љубов меѓутоа, тоа да биде во границите на нормала, а не да сакаш да поседуваш некого.
    А по твојава моментална состојба било значи премногу претворено во опсесија што сега моментално патиш и сметаш дека неможеш да преживееш без неа.

    Убаво е и тоа што си бил искрен ама не да го сметаш како за негативност во ситуацијава само најпрво треба да си искрен сам со себе.
    Викаш таа ништо не ти забранувала, ти си бил тој што си сакал да се тргнеш од сите твои пријатели и да бидеш само со неа, она го увидела тоа, ти си сакал таа да биде целиот твој свет и она така тебе да те гледа.
    Ама така не се функционира, тоа веќе преминува во опсесија можеби не ти го кажала тоа а може и ти го кажала ама тоа е веќе степен на гушење. Си ја видел дека се исплашила од сето тоа па се чудиш зашто...
    Пред се треба да си сам со себе да се занимаваш да имаш интереси, хоби да се градиш како личност а не да ги напушташ заради неа , баш како што си направил, а притоа она не го ни побарала тоа од тебе. Лудо е така да постапуваш општо во сите врски понатаму.
    Затоа и девојката станала ладна.
    Сите сакаме луѓе што прават нешто во животот што се занимаваат со нешто а не да напуштаме све па дури и да се напуштиме самите себе.

    Ќе ја преболиш и ќе ти помине меѓутоа преиспитај си го твоето однесување за во иднина.
    Секое добро.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Teafy

    Teafy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Не се случило ништо конкретно за да раскинеме. Собирала подолг период и на крај веќе не можела да издржи и пукнала. Нејзината ладнокрвност не е насочена само кон мене, туку кон сите, вклучувајќи го и нејзиното семејство. Можеби ладнокрвност е тежок збор, но повеќето нејзиниот карактер би го асоцирале со тој збор. Во суштина, јас би рекол самостојна и зрела личност на која не и е потребен никој, па дури и најблиските. Затоа ја засакав, затоа што видов дека е како мене, но со една многу важна разлика - Јас бев таков со сите освен со нејзе, додека таа беше таква и со мене. Токму за тоа зборувам дека не успеав да се зближам со неа. Додека пробував да се зближам, не приметив дека всушност се изолирам од сите. Не ме излажала, ниту пак ме изневерила. Не можам да не се обвинувам за сите постапки кој сум ги направил. Мислејќи дека правам добро, всушност сум наштетувал и на неа и на себе. Зборувам за „постапки“ како резултат на опсесија и наивна љубов.

    Се согласувам. Повеќето од советите од ваков тип помагаат. Да бидам искрен, не можам да најдам ништо со кое што ќе сум зафатен 100% од времето во текот на денот, а доволно е само секунда во текот на денот да помислам на врската и да се вратам во суровата реалност. Можеби звучи ептен депресивно, но кога и да сум излезен со другарите или сам ми изгледа како да се залажувам сам. Како да си давам себе играчка за да избегам од реалноста.

    Токму ова го прочитав на повеќето портали. Свесен сум за настанатата ситуација. Токму тоа „гушење“ за кое што зборуваш го осетив кај неа. Навистина боли. Боли затоа што мислејќи дека со повеќе „инвестирање“ во врската ќе исчезне тоа нејзино чувство, а јас всушност сум го засилувал се повеќе заради мојот очај. Тоа е мојата најголема болка. Мислам дека и да ми го кажела тоа во лице, немаше да го сфатам тоа во тој момент. Тоа го сфатив сега, после месец дена шетање по интернетов и копање психолошки објави. Не ги правев тие опсесивни постапки намерно. Бев премногу наивен, можеби и не доволно едуциран за да се носам во таква ситуација и да знам како да реагирам. Не сум сигурен дека во иднина би знаел да правам разлика. Не во смисла дека би го повторил истото, туку напротив, се плашам да не претерам и да делувам во сосема другата екстремност.
     
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Затоа во иднина поотворена комуникација. Од двете страни.

    Таа би требало да ти каже ако ја гушиш, а ти би требало да и кажеш дека ти фали блискост.

    Ќе помине и овој период. Посвети си време на себе. Можеби ќе откриеш ново хоби и ќе запознаваш нови луѓе :)
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    @Teafy

    Знам дека не си го правел тоа свесно туку несвесно и не си имал лоши намери.
    Чим била ладнокрвна кон сите значи тоа е дел од нејзиниот карактер и така функционирала од самиот почеток, незнам како не си го приметил тоа уште првата година, а можеби и си го приметил ама си го потиснувал си мислел дека тоа што го даваш ќе ти биде возвратено на ист начин.
    Понекогаш сите не се изразуваме и не функционираме исто.
    Секој човек е различен. Секој различно дава и прима.

    Ете ко што рече и да ти го посочела тоа немало да го сфатиш тогаш зашто понекогаш потребно е да се тргнеш некој извесен период за да сфатиш некои работи.
    Гледам дека си ја анализирал ситуацијата тоа е добар почеток за да знаеш како во иднина.
    Неможеш никого да смениш или придобиеш ако постојано го величаш.
    Сте требало отворено да зборувате за тоа кој како се изразува и на кој начин... зашо пак ќе кажам сите сме различни и сите не сакаат многу тинтрење и премногу внимание.
    Ете се случило што се случило никој со сила неможеш да го задржиш, ова ти е една голема лекција.
    Треба време нормално е да се чувствуваш моментално вака премногу ти е тазе.
    Ќе помине се зашто се е минливо.
    Сите сме поминале низ вакви љубовни болки, делуваш на паметен дечко ќе се справиш со ова и во иднина мој совет секогаш биди отворен и прашувај како се чувствува другата личност за да знаеш дали твоето одесување за некого е претерување или гушење.
     
    На emiliana, candy.cane, Teafy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки! Имам едно прашање. Како може некој истовремено да те сака многу и истовремено да те мразе многу?:?:
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Не може. Но да те сака, а да е лут, може. Лутината не значи омраза, туку дека нешто го повредило. Се' зависи од однесувањето, со тоа се гледа дали и колку те сака/мрази.
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, Cacii123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Како што читам ми изгледа многу позната приказната, зашто јас се пронајдов во улогата на девојката.
    И јас бев во иста ситуација. Неодамна раскинав со мојот прв дечко со кој бев заедно цели 7 години.
    Монотонијата ме уби. И тој беше како тебе сличен, со разлика каде ние и двајцата се тргнавме со другарите и бевме сами секогаш и секаде.
    Тие сериозни и долги врски од средно скоро секогаш така завршуваат. Сакаш промена, да експериментираш често се прашував дали нешто пропуштам и не го сакав веќе. Мојата ситуација е покомплицирана јас се заљубив во друг додека бев со него и не можев да раскинам долго време заради икс причини. Можеби сретнала и она друг.
    Ќе помине и имај си на ум како да се поставуваш понатаму во врските.
     
    На Cutiepie1 и TKelly им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    36.803
    Пол:
    Машки
    @Teafy , препрочитај си го постот колку и ќе најдеш каде ти е проблемот.
    Сигналите од нејзина страна ги имало долго пред да ти раскинала, ама била со тебе сеуште поради принципот да не биде сама, или додека не најде нов к*р, како што ти кажа убаво во нејзината приказна @thequeen95 .
    Не треба премногу да анализираш и да се овертинкуваш со месеци. Се што требало е да го детектираш проблемот порано, и да ја седнеш да разговарате за работите меѓу вас, за да знаеш на каде ќе тера работата.
    И тоа е разликата само, што она знаела до каде ќе доведе ситуацијата и додека те "користела" за друштво, работела во позадина како полесно да те преболи.
    Тебе тоа те мачи, што си насанкан, а не што толку ти фали.
    Ама, се учи и ова со време. Се учи дека не е крај на свет ако прекинеш долга врска. Се учи дека и не треба да си зависен од било кого и треба да си имаш свој живот надвор од животот со партнерот. Некој учи на грешките на другите, а друг пак, на потешкиот пат, на своите.
    Ти си извршил социјално самоубиство и сега ти е тешко да се вратиш во реалноста. Се разбира дека ти е.
    Да знаеш само, дека ќе се вратиш. Колку долго ќе ти треба зависи од тебе колку си решителен и спремен да се ставиш себе си на прво место, наместо деновите да ги минеш во тагување и очајување.
    Од тебе зависи.
     
    Последна измена од модератор: 29 февруари 2020
    На emiliana и Elf им се допаѓа ова.
  15. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Бившиот дечко со кој што сум раскината 4 и пол години,ме додава на фб,ме заследува,ме отлседува,ми отвара сториња на инста (а не ме следи моментално) ми праќа директи на инстаграм,ми пишува напати да се видиме ,ми праќа снапови, песни.Што у оваа ситуација?
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Ако се уште имаш чувства кон него постапи како мислиш дека треба.
    Но ако немаш и мислиш дека ти досаѓа блокни го секаде.
     
    На cresa-jagoda и Kjara15 им се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Блокирај го од секаде. Го јадат црвите у главата, сака да ти се врати. Не те преболел.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89 и Kjara15 им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Да за жал луѓето се менуваат за секунда сите сме имале таков јас мислам, ке ја преболеш не е па ни последна
     
  19. Lovechild

    Lovechild Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво ужасно ми треба совет, постот ќе биде подолг ама, многу ќе ми значи ако го прочитате и ми кажете што да правам.
    Имам дечко веќе една година, се запознавме додека бев во врска се зближивме, раскинав со тогашниот дечко и по 2-3 месеци се фатив со овој.
    На почеток беше се многу убаво сега како што поминува време е премногу љубоморен. Сака да знае кај сум, со кого, ме следи преку локација кај идам, блокира машки кои ги следам на инстаграм, скоро секој пат ми го бара телефонот да види кој ми пишува и сл.
    Јас не можам да поднесам така. Правевме муабет дека мене тоа многу ми смета и он ми вика “ па нормално треба да знам кај си и кого, нема да ти забранам само, пред да излезеш кажи ми ништо не те кошта. Не сакам да имаш контакт со машки зашто сите сакат да те ебат. Пријателство помеѓу маж и жена нема. Ти и со мене така почна додека беше во врска, сега имам право да се сомневам. Нема да биде вака кога ќе живееме заедно”
    Тоа се неговите зборови. Јас сум премногу разочарана и збунета некогаш и во себе ја барам вината, во минатата врска која траеше 7 години, немав такви проблеми ама, фалеше хемија некако све ми беше без врска ми требаше промена и мене и него и еве на што налетав.
    Не можам да го откачам има мои приватни фотографии кои патем јас не му ги пратив него, ни на никој, туку сам си ги зеде од мојот телефон.
    Кога ќе му речам да не се гледаме веќе ми вика “ требаше да мислиш на тоа порано, не сега кога веќе правевме план за во иднина кај да живееме итн”
    Не викајте да идам во полиција зашто цела фамилија му се инспектори и судии.
    Инаку живееме во различни градови јас имам 24, он 31

    Што да правам?
     
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Нема да биде така кога ќе се ожените - полошо ќе биде. Си требала на време да мислиш пред да се фатиш со него. Сега или ќе трпиш или ќе раскинеш.
    Љубомората и понатака ќе игра голема улога во вашата врска додека трае.
    Во полиција ништо нема да направат за ваков љубовен проблем, туку ако недај боже има физичка пресметка.

    Откачи го ако не можеш да трпиш тортура, а ако ти се заканува и понатаму, прво извести ги родителите.
     
    На samovila.red., cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.