До некаде си во право ама - таа не знаела каков ќе биде и дека ќе има толкава тортура од негова страна. Најбитно е да има подршка од нејзините ако ситуацијава ескалира. Друго...јас не дозволувам никогаш партнер да ми чепка мобилен телефон и други работи, ми ја уништува приватноста, плус ако се сомнева во мене. Не дека кријам нешто ама не дозволувам. Врска без доверба не е врска и нема да успее. Всушност врската пропаднала уште од самиот старт. Трето, јас не планирам да правам планови за иднина со човек кој ме контролира од самиот старт. Како ги наоѓате такви типови и како одлучувате да останете во токсична врска каде што и од самиот старт има забрани, пратење преку локации каде се движам и други слични глупости? @Lovechild извести ги твоите што порано, тоа подобро. Не чекај.
Кога ќе отидеш некаде на гости и кога ќе ти донесат некое јадење непознато што не си го видела некаде, ќе прашаш со што е или одма ќе го изедеш? Е она го изела јадењето без да праша со што е.
Пасворд на мобилен за било што понатаму и око да не ти трепне. Ако не гледаш иднина со овој дечко а и нормално е да не гледаш кога е толку љубоморен ќе прекинеш контакт и така сте од различни градови ниту ќе го видиш ниту ќе те види. Кажи им на твоите и имај блиска пријателка/роднина до тебе за поддршка и како почнало така и ќе помине.
Споредбата ти е катастрофа. Кој треба да испрашува таа? Неговите блиски, роднини, пријатели, кој? Секој што го познава верувам дека би кажал убав збор за него според тоа како се прикажал пред нив а за тоа тој каков е во врска и како се појавила неговата љубомора е друго. Јас пред да тргнам со бившиот се распрашав за него, мед и млеко ми ја кажуваа работата, на крајот испадна лично ѓаволот. Од последната врска научив дека не треба секогаш да се водам од другите мислења туку сама да почнам да оценувам ситуација. Човекот на почетокот бил добар, подоцна се променил според нејзино кажување. Нејзина грешка е што не ја прекинала по првиот негов испад.
Ќе раскинеш и спреми се зашто вакви манипулатори тешко пуштаат. Не ти треба полиција, ти треба поддршка од твоите (мајка, татко, брат, сестра). Цел живот ќе праи да се осеќаш како "курва" само зашто си го запознала под други околности и ќе си зема за право секогаш да го користи како алатка у своја корист. Бегај што подалеку!!
Што ако ги испрати фотографиите на моите? Така ми рече и ќе ми го тепал бившиот за инат. Татко ми не ни знае за врската, мајка ми знае и не ја одобруваше никогаш сега ќе испадне само “ти реков” ситуација во паѓање и транс. Таква е мајка ми.
Знаеш што да правиш. Да му раскинеш. Не е нормално да биде опсесивен. Скрос е ненормално. Леле требало порано да мислиш, луѓе со години во брак, со деца се разведуваат со него не можело. Сликите ако можеш земи си ги некако. И да не ги земеш не е причина да останеш со него. Како сте во дилема кога се работи за вакви психопати?
Подобро на мајка ти отколку на пола Македонија. Ваквите што се закануваат со вакви подли потези е само зашто сакаат да те заплашат и со тоа подобро да те манипулираат. Следен пат коа ќе те заплаши вака кажи му рамнодушно дека тие слики се направени со љубов и дека си навредена што така ти се заканува. Спушти слушалка и веќе не кревај. Никад.
Па предупреди ги твоите и за фотографиите. Да не се изненадат после ако ги испрати. А ако ги испрати на друго место може кривично да одговара, доколку го пријавиш.
И што ако ги испрати сликите? Знам како е да имаш родители што не разбираат, ама немој да остануваш со него заради никаква причина. Ич нема да ми е тешко да видам слики од моето дете. Ама нема да можам да живеам со мислата дека е со таков во врска. Немој да мислиш дека него му е сеедно да го брука семејството на судии со вакво насилство. Нормално дека ќе ти се заканува на тој начин.
Кога ги зеде од мојот телефон се налутив и тоа многу он ги избриша. По неколку дена пак се скаравме и ми рече ги вратил преку iCloud
Абе девојче не ме зезај, каков срам? За дечко што се заканува јас да се срамам?! Ти можеш да кажеш дека си ЗГРЕШИЛА у проценката за него, ама да се срамиш ради ретардирана будала, нема зашто. Оди кај мајка ти и кажи и: "Мамо беше у право, вака и вака. Те молам помогни ми зашто ми се заканува". Не мора да бидеш специфична со што точно ти се заканува освен ако не дојде до тоа. И не кревај. Следен пат дај телефон на мајка ти, она нека збори, доколку не прекине да врти. После ова треба сам да се повлече.
До кога бе родителите да ви решаваат проблеми? Дај и го телефонот на мајка ти, као “мамоооо, Марија од другото одделение ми ја зеде тетратката, вааааа”... Сте пораснале за врска, епа поеаснете и проблемот решете го. Раскини, кратко и јасно стави крај, блокирај го сегде да не може да те бара и готово. Ако ти објави слики, пријави го. Ќе се повлече кога ќе види дека си силна и самостојна. Ако воопшто си.
Девојче тој се води по равенката "Ко можеше да му направи така на тој и да се фати со мене, може и мене да ми се случи истото". Па сеа види како ти одговара.