Прекини секаква комуникација, уште сега. Готово, повеќе нема ни допишување, ни слушање, ни следење по социјални мрежи, ништо! Блокирај го секаде. И уште вечерва кажи им на твоите се'. Седни ги двајцата и од А-до Ш раскажи им низ што поминуваш.
Она рече дека се плаши од реакцијата на родителите. Освен да признае дека згрешила и да побара помош, не гледам друго решение. Нека проба сама, ако не успее нема ништо погрешно да побара помош од родителите. Не згрешила нигде и нема потреба да се срами ниту од тоа што он и се заканува ниту од тоа дека побарала помош од дома. Глеам колеги со 40 плус што бараат помош коа се во тесно, а не па девојче на 24 години што е психички малтретирана од копито.
So da ti kazham, ednostavni se maskite, a ti si nacapala na tezok i posesiven tip. Dobra promena, neli?
И ајде сега ќе се закануваме, ќе правиме проблеми, ќе забрануваме и ќе буричкаме во интимата. Ако немал доверба во неа не морал ниту да започнува врска, а не да изиграва мангуп Многу едноставни, некои се однесуваат и бетер од жена во пмс.
A so da i kazham, ete i kazhav so drugi zborovi neka preformulira, deka tipot ne i veruva.. a toa e eden od bitnite stolbovi za zdrava vrska.
Дали вреди да си го трошиш времето на некој мочко што начукал 31 година и нема очигледно попаметна работа во животот? Блокни го сегде и ако те вознемирува пријави го. Иди живеј си го животот во најубавите години си, а ако будалиов напраи нешто со сликите да си жива и здрава, ќе го пребродиш и тоа. На секој од нас може да ни се случи истово, како што викаат, љубовта не прави и слепи и глупи. Нема магија што би можело да направи да поправиме грешки од минатото. Боље твоите да ги разочараш, па да им помине со текот на времето, отколку душа да си мачиш со човеков со години. Кога и да сакаш да прекинеш, тој секогаш ќе ти ги вади на нос сликите. Што побрзо го елиминираш од животот, толку побрзо ќе ти завршат маките.
Јас да сум и мајка нема да се разочарам ако ми каже се, баш ќе сфатам дека сум воспитала зрела ќерка која ме почитува како мајка и сака совет/заштита и не ми се плаши како родител туку ме гледа како рамна на себе. Ќе се гордеам со независноста и почитта на ќерка ми, а што ќе преземам како родител на ќерка која е манипулитрана и држена под закани јас си знам а подобро тој од др.страна никогаш да не дознае.
Да ама се насочив кон поцртаното- подобро да ги разочара родителите, нели не знаеме каква личност е мајка и и не знаеме и дека ќе се разочара.
Девојчето само рече дека очекува мајка и' да и пререче. Претпоставувам затоа членката тоа и' го кажа.
Не исчитав се во детали, ама и што би било кога би било ми се нонсенс теми за дискусија. Посоветувана е од моја страна се надевам се ќе биде како што сака таа.
Чим она не ја прифаќала нивната врска, логично е да биде разочарана од постапките на својата ќерка. Ако мајката била open minded во однос на животот на ќерка ѝ, би била покрај неа уште кога почнале самите психички тортури и би ѝ помогнала како да го откачи мажево, а не девојката од стрес да бара помош на форуми.
Каква и да била или не мајка и како може да и се најде кога првично не ни знае дека девојчево минува низ ова? А и да знае или не, сепак однесувањето на девојчево кон него може да промени се, посоветувана е од мене и повеќето тука со исти зборови, сигурно не сме групно договорени лошо да ја советуваме поради што побарала совет на форум. А што ќе преземе таа тоа е нејзина одлука и нејзино право и се надевам се ќе биде како таа сака, од мене толку на темава.
Па никој не иде кај некој да си ја каже маката ако знае дека потоа тој човек ќе го направи да се чувствува од го*но подолу. Како и да се надевам дека ќе биде сѐ како што треба и девојката ќе стави крај на лошото подглавје во нејзината приказна и дека сите на некаков начин тука и помогнавме да ги разбистри очите.
Мислиш да ги отвори очите, така? Мислите може да ги разбистри ама кога ќе си се преслуша за се самата
Ау значи ова сите по ИСТ калап праени муживе бре! Сите со истата тактика се закануваат БЕДНИ створиви! Со оваков нема живот ниту разбирачка никогаш. Тргни се подитно и да ти се заканува кажи му бе застани цврсто и уверено ајде бе прати ги сликите слободно ако си таков бедник ич да не му покажеш слабост зашо он гледа дека на тој начин те држи со тие слики шо ти се заканува. А како прво ти тие слики не си му ги пратила и слободно можеш да го пријавиш па ако сака и судии и цела полиција негова да е ич да не ти чуе.Пријавата ќе стои од твоја страна па дури можеш и да го тужиш за закани и малтретирање чувај пораки со кои ти се заканува. Не му покажувај страв никако него тоа го сили.. зашо гледа страв во тебе. Застани цврсто и спротивстави му се и покажи му дека те заболе за тие слики. А тој нема да се смени никогаш.