Разговарај смирено со него и кажи му дека не ти одговара таков живот, а на заканите не обрнувај внимание. Знаеш како викаат: Секое чудо, три дена трае. И да те види цел свет гола, три дена ќе се срамиш и за три дена ќе заборават, а ако останеш со него, цел живот ќе се срамиш и тагуваш.
А па тие 40 плус шо се лигават по родители ама ич не ми се за правдање, така да џабе ми реплицираш. Ова е исто ко оние шо не работат за 15к плата, а чекаат 100 ден од мама и тато за кафе.
@Lovechild разговарај со мајка ти. Подобро да го слушнеш тоа Ти реков, отколку да си имаш работа со лудак. Другарка моја имаше таков проблем со еден бивши. Го откачи откако кажа на нејзините. Работата стигна и до полиција. Он и се закануваше.
Многу јака ти бе.. Колку е само нормално да побараш совет и подршка во животот од некој.. Боже сачувај од јаките ко тебе шо се удираат у груди..
Никако со него да разговара! Секој обид за контакт, и контакт, ќе го сфати како храбрење дека се уште е 'негова' и тоа ќе му 'дава додатно право' да ја малтретира, и да бара долги и широки објаснувања, се со цел, само да ја задржи до него, што подолго. Никако разговарање со посесивни, манипулативни, психички/емотивни/физички злоставувачи!
Здраво дечки,очајно ми треба совет.Вака,се гледам со еден тип од ноември онака лабаво.Ама на пример јас сум многу ладна спрема него,не му пишувам,враќам,не му кажувам нешто што осеќам.Е сега почна мноогу да ми се свиѓа и почнувам да имам некои чувства.Но не знам дали да му кажам.Згора на се денес решив да му кажам,и ми пиша демек некое девојче се распрашувало за него и што сум мислела за нејзе.Луѓе почнав да рикам.И се видовме вечерва,пробав нешто да му кажам ама каква трема ме фати и ми вика нешто се обидуваш мене да ми каже и јас испаничив и кажав не...нешто му викам имам симпатии кон еден и ми вика кој е тој,и јас спремна да му кажам толку не ли гледаш,му кажав па не знам ни јас му викам добиено имам moody сум не можам да објаснам.Како да му кажам дека ми се свиѓа и сакам сериозно со него?
Многу едноставно ќе му кажеш. Ми се допаѓаш како личност, ми одговара муабетот со тебе итн. Ништо нема тешко тука или комплицирано, тоа што ти кажал дека некое девојче се распрашува за него, може да е и вид на проверка да види како ќе изреагираш. Ако не му кажеш дека ти се допаѓа, тој нема да погодува сигурно. Кажи му и ќе видиш понатаму што и како ќе биде, ќе знаеш на што си. Среќно..
Мислам дека сте и двајцата незрели чим се гледате толку долго а ти бара мислење за друго девојче или ти му кажуваш дека ти се свиѓа друг. Отвори ги картите, нема да изгубиш ништо.
1 е саат по полноќ јас целата се тресам Дечкото ми е пред врата ми вика излези или ќе ти влезам внатре моите не се дома. Дојде од другиот град што е 130км оддалечен зашто сум му се силела на телефон а он прв почна да ме навредува. Јас ќе полудам
Јавувај се во полиција одма! Не отклучувај никако. Следен чекор уште утре веќе да му раскинеш. Вака ќе имаш и доказ дека е агресивен, па ако случајно ти се заканува ќе му одредат забрана за доближување па нека му ја мисли.
Замина по еден час убедување. Јас не можам да издржам веќе. Цело време се обвинувам себеси изгубив прекрасен човек за да бидам со овој? Можно ли е да сум толку глупа? Луѓе, овој нема да ме остави раат никогаш. Пред 3-4 саати пред да излегувам се сликав на снапчат и он ми пишува “ курво една цел саат си онлајн и пишуваш со машки сигурно” мене ми пукна филмот и му пишав све што ми падна на ум му реков сега ќе му кажам на татко ми што ми правиш и ми вика мислиш ли дека ми е страв од татко ти? По пола саат ми праќа слика како тргнал кон мојот град со уште 3ца другари, зашто пред тоа му реков му кажав се на татко ми дојди да се разберете. Не мислев дека со сиот памет ќе дојде. Цел саат го молев да си оди, ми рече ова е само почеток. Овој е монструм дечки многу ќе ми наштети, премногу се плашам, изгубена сум се мразам себеси.
Разговарај обавезно со твоите, кажи им сè, ама баш сè, не криј ништо од нив. И пријави го во полиција.
Прибери се и немој да очајуваш, не се обвинувај себе си за тоа што некој е дебил. Размисли како да излезеш од оваа ситуација и делувај не чекај. Во животов сите се сретнуваме со разно разни лоши работи но се поминува па така и ова, се ке заврши. Само едно ке речам стисни заби и претрча низ овој лош период и ни случајно не му пропуштај на моронов, никакво молење никакво враќање кај него. Секое добро, држи се ти посакувам брзо да излезеш од макава.
Многу се плашам да не им наштети. Способен е на све, морам да најдам начин ако воопшто има да расчистам како човек. Не е можно шо ми се дешава
Што можам да направам а да не бидам оштетена јас или моето семејство? Да барам ли адвокат? Или да го снимам кај што ми се заканува... Стварно не знам.
Ке почнеш со тоа што ке им кажеш на твоите дома што ти се случува, па ке одите во полиција.... Битно нема одкажување, ке се тргне тој само треба носот да му го пукне некој изгледа а такви ко него ке се покакаат уште на вербална расправија со некој посилен од него.
Да, он секогаш се сили со тие околу него, како ни полицијата ништо не му може зашто сите му биле роднини таму и такви глупости. Денес тргнал со 3ца другари оти му кажав дека татко ми го чека бе па не ми се верува.
А бе се сили, ама дали него му е сеедно да си го избрука семејството на судии со насилство врз девојка? Мораш да им кажеш на твоите. Во која смисла мислиш ти или твоите да бидете оштетени?