Избегнувај контакт, расправии ич. Закани не влијаат добро така да не се ни труди, се сили уште повеќе.
Роднините први ке му свртат грб за да не си имаат проблеми на работа, нека не се сили многу петел еден хах само терај напред и исфрли ѓубрето.
Како бе така полицијата ништо не му може каде живееме ние нели е ова правна држава, ке праве што сака бидејки има луѓе у полицијата. Он да прае со сака а други да стравуват и да неможат од дома да излезат шо треба убиство ли да извршеш на некој кој те психо физички малтретира па после заради идиот да одеш во затвор.. О божее
Значи сепак си го пуштила да влезе. Одлично. А да те имаше физички нападнато ? А да имаше пробано нешто друго со другарите заедно, знаеш на што мислам ? Сите ти пишаа да повикаш полиција, по твој баран совет и апел за помош. Зошто го правите тоа кога секако постапувате по свој памет ? Кажи на твоите и ако е потребно понатаму пријавете во полиција. Пола човек ли си па ќе се тресеш на еден мочко и ќе цмиздриш над судбината ?!?!?!
Јас не сум веќе сигурна дека манипулира, после ова што се случи денес. Затоа и му реков ајде бе, дојди ако си толку јак да збориш со татко ми, и дојде бе ццц
по еден час убедување заминал вика. Претпсотавувам внатре бил, сигурно се немаат расправано пред куќа.
Ќе им кажеш на твоите. Ќе пријавите. Разговарај и со адвокат. А ако дојде копилето кај татко ти на тепање, нека биде спремен да се одбрани. Не може да се одбрани од него? Ќе ги тепал сите. Еве другиве чекаат со скрстени раце тој да дојде да ги тепа. Има психопати секакви, но многу често се закануваат и со страв те држат под контрола, а се најголеми пизди. Не смееш да продолжуваш ништо со него, одма превземај нешто
Не знам. Можеби требаше ама ај, да не си направам поголем проблем, брат ми ќе се плаши, ќе се разбудат комшиите.
@Lovechild Абе девојче кажи им на твоите, они како повозрасни ќе знаат како да постапат. Што мислиш дека ќе дојде и ќе ти ги убие родителите како што ти се заканува? Него мислиш му се лежи во затвор???? Намерно те заплашува и со другарите и со све. Кажи им на твоите, нели гледаш дека тука сите истото ти го викаме... па сеа ако толку си се упрпала терај си по свој памет ќе минуваш низ стрес и страв заради еден бедник што е јак на уста... Не биди будалче побарај подршка од твоите.
Скандал треба да направиш. Знам дека е претешко ама ваквите болесници се закануваат кога ќутиш и кога никој не знае
Знам многу добро што треба да направам , знам што е правилно дека треба да им кажам на моите. Ама, моите никогаш повеќе нема да ми веруваат и ќе ги разочарам многу. Од септември треба да заминам во странство и да живеам сама и нема да ме пуштат, ќе ми речат кој знае на каков ќе налеташ таму. Во никој случај нема да се заврши добро. Не знам дали преовечичувам или не ама, мора да се стави крај.
Ти кажувам како на другарка. Ова нема да помине само од себе, туку мора да се постапува со него, на начинот на кој тој постапува. Насилниците го обожаваат стравот кај жртвата, тоа ги храни, така и твоево говедо. Не се примај на празни муабети, врски оваму онаму, никој не е над законот, тоа се само приказни за курчење на маса. Свашта има по светов, не ја потценувај опасноста од она што болниот мозок може да ти стори. Кажи у најбрзо време на твоите, па кога ќе му запрети маж, на ист начин на кој он милува да прети, ќе подмочне у гаќи. Дополнително, пријавете у полиција, нека има записник, кој и пресвета врска не може да го избрише. Не му давај моќ на ѓубрето, постави се храбро!
Ќе те пуштат ќе им кажеш дека ти било голема лекција што и реално треба да ти биде. Психопати на секој чекор постојат за жал.
Требаше да знам подобро. Он ми се пикна кога имав лош период со минатиот дечко и го искористи тоа. Јас 7 години помлада од 16 год во врска со еден и се излажав. Он мед и млеко беше. Кога е како што сака он е многу добар ама, ако го навредиш губи контрола. Со дијагноза е 100% Многу ми е криво за све.