Ве моламмм помогнете ми, кажете што да праваммм можи не требаше ова тука да го пишам ама не можев да најдам друга страна каде би било соодветно Со другарка ми се дружиме од мали од ко знам за мене и бевмее многу блиски сите ни завидуваја и велевме дека по секоја цена ние секогаш заедно ќе бидеме се додека ние не почнавме да излегуваме по кафичи Бендисував едно дете (не многу пошто не беше нешто посебно ама убав ми беше и пред неа велев дека ми е убав) и таа првата вечер кога излеговме се смува со него и после се фатија јас не сакав да му се мешам и ништо не и реков дека и јас го бендисував (пошто мислев знаеше ама вели дека не знаела). Ги оставив да си се сакаат. Таа не го сакаше од почеток многу и секогаш ми кажуваше се... кога и титнал, кога и се јавил, тотално се... се што му се случуваше..... се до крајот на годинава Еднаш или два пати дневно се гледаме никогаш не иди кај мене Од тие нашите разговори нема ни 1 % пред можи пола сат бевме заедно и многу ме повреди нејзиниот дечко почна да оди кај неа дома секогаш пред да излеземе секоја сабота и нашето време кога сме договорени за да одиме пропаѓа во вода секогаш одиме покасно и и велам што се случува со нас...? нели другарството даше беше најважно ? или ти стана тој поважен кажи ? И таја ми вели да бе да секако (ама беше декем на мајтап) јас велам кажи нели другарството наше беше пред се... и ми вели ти и тој сега мене исто ми све .... а не сме исто јас како да не постојам повеќе Сакам да разговараме ние две ама нема да можиме одвај уста отвора збор по збор и ваѓамм ве моламм кажете што да правам не сакамм да се разделат тие ама не сакам ни ние да се скарамее Нема од кој друг совет ние само двете се дружевме со никој не сум толку блиска
Единествено што ти останува е да разговарш со неа. Како што гледам имаш само 15 години а сигурно и твојата другарка исто, така да сигурно тој не и е прв и последен, нема многу долго да останат во врска. Според мене тоа што ти го направила не е добро и јас исто имав таква другарка, кој и да го бендисав мораше и неа да и се бандисува па дури и пред мене ќе се смуваше со него без срам а знаеше дека јас го бендисувам. Сегашниот дечко ми го меркаше од глава до пети и тој самиот ми кажа ја забележал и што е најтрагичното па таа ме запозна со него и така јас се фатив едно нешто добро од неа хахах. Јас престанав да се дружам со неа бидејќи тоа се зачести и ова со мојот дечко сега беше капак. Јас и таа не се дружиме повеќе онака само се слушаме по нет затоа што студираме во различни градови а се дружевме од средно исто така како вас од 15 години. Јас сум среќна што се така испадна без да се караме и да се замеруваме. Ова сето ти го пишувам затоа што се пронајдов в твојот пост и се каам што бев толку наивна. Лошо и што сте сами во друштво така кога ќе фати една дечко другата останува сама, пробај да го проширите друштвото. Биди внимателна предупредија за грешката најдете време за разговор не е така едноставно другарство да загубите за едно момче. Ако те научи вака мека да не реагираш на вакви ситуација тоа ќе и се зачести па некогаш ќе ти биде многу криво што така ти прави. Од искуство ти кажувам не дозволувај да бидеш наивна
ану6ка а да разговраш со неа?најдобро ќе ти биде очигледно сеуште ти се допаѓа момчето штом си лута на другарка ти а бре девојче,расчисти си подобро сега отколку да ти биде потешко подоцна ако ти е вистинска другарка немој да очекуваш да раскине со дечко и заради тебе,зошто можеби го засакалаама сепак разговарај со неа отворено,не се повредувај и не го сваќај ова толку сериозно
Е за жал тоа ти е другарството денес, додека да фати дечко, коа ќе фати кој ги врти другарките, дреми со него 24 часа на ден, а кога ќе ја откачи ќе ти се јавува да искачате Подобро тргни се од неа, запознај здружи се до други девојки, ама да знаеш дека и со другите ќе биде иста приказна, такви сме ние женските, барем поголемиот дел се оние кои кога ќе фатат дечко не го пуштаат да диши, само он постои и цел свет се врти околу него! Ма какви другаркии, имам дечко ќе се плескам со него по цел ден, или со оние изговори дека неам време ова она. Ок е, нема потреба да се трудиш околу такви личности, до вчера сте биле секој ден заедно, а сега нема време ни 1 саат да се види со тебе. Не неможе, несака, поважно и е да не го испушти на 1 секунда дечкото. Ама се менуваат работите, ти терај си, најди си ново друштво, таа нема да се смени додека не раскине со дечкото, а кога ќе раскине прашање на време е кога ќе фати друг и пак ќе си тера ко и до сега. Поздрав!
Јас мислам дека сега таа тебе те доживува како ривал.Знае дека дечкото ти бил симпатичен,а во некоја рака се плаши да не и го преземеш сега ти на неа,па и на ладно дува,затоа ја прави таа бариера.Свесна е за својот потег и потајно стравува од реваншизам од твоја страна.И подобро да бидете на дистанца.Сега само си кажала за дечкото дека ти е симпатичен,а утре ако се затрескаш во некој и она повторно стапи на сцена,дупло повеќе ќе те боли,тоа за мене не е другарка.
Драги феминки малку сум збунета вака имав врска пред 9 месеци..но јас со мојот дечко бев сеуште во контакт одевме по кришно неговите не знаеја дека јас и тој пак одиме а моите после неколку месеци дознаја и сега му е именден за св.јован и ми вели дали сигурно сум се одлучила да не одам јас му реков не дека не сакам се случија мн работи не ми е угодно и не сакам да се чустувам не пријатно или лошо а тој ми вели пази кој чекор го правиш и која позиција ја бираш а не сакам да одам.. се нервирам а не сакам да одам од една стрна ми е глупо да одам после се..а од една не сакам тој да мисли нешто иако знам дека е само едан чест ама ич не ми се оди..леле што да правам ај ве молам за совет??
Абе било шо било у минатото гледај си ја иднината. Ако навистина го сакаш треба да отидеш, сепак име му. Со среќа
Да ти кажам право,јас многу не те разбрав,сте оделе скришно и сега некогите не знаат,а тојте вика на имендан.Ти не сакаш да одиш?Така
Јас искрено ништо не ја разбрав,не само нејзините и неговите не знаеле.Аа нека ни пише појасно ако сака совет.
Па чим сте пак заедно и планирате да продолжите заедно тогаш кога и да е ќе мораш да ги изгладиш односите со неговите дома(претпоставувам тоа е проблемот што несакаш да одиш) инаку како ќе продлжите понатаму? Па кога и да е ти ќе мораш да отидеш кај него дома и да се видиш со неговите.Така да мислам дека треба да отидеш, тоа ти е првиот чекор да почнеш да ги исправаш работите.
Јаs девjоче ништо не сфатив...Во врска сте сеуште а ти е незгодно кај него да одиш зошто сте имале проблеми претходно или?Ај поубаво објасни.Ако сте заедно сеуште без разлика што се случило порано јас ти предлагам да одиш...ако погрешно те разбрав пиши како е
Добро ти не отсуствуваш од својата свадба што се вика па пази кој чекор го правиш , пффф.. Ако сакаш кејфот да му го направиш оди , ако не не оди . Ако ти е непријатно не оди , ќе помине тоа и без тебе . Нема зошто да те тера .
Душица многу ми е интересна со нејзините изјави,без влакна на јазикот.хахаха А што направи девојчево се изгуби.Јас ништо не го разбрав
Вака фала на советите ама сега мислам дека ке ви објаснам по убо и ке ме сватите ние одевме 1 ипол година па после раскинавме се смирвме после еден месец и не излеговме во јавноста се криевме 9 месеци и неговите не знаат дека јас и тој одиме и ги знам неговите што карактер имаат веруват дека не би ни се противиле јас и тој пак да сме во врска сепак не сум баш сигурна.Значи додека одевме покришно неговите ништо не знаеја и сеуште не знаат, а моите знаеја и мајка ми ме прашуваше што врска имате вие, оставам на тебе ти да си решиш мајка ми само така ми рече. Е сега му се ближи именденот за 1 2 дена и како да одам пак кај него таму се чуствувам толку неугодно глупо сите негови пријатели другари ке дојдат што знаеле дека одевме заедно и после толку месеци сега да ме видаат пак ..многу сум збунета од една страна размислуван позитивно од една негативно..јас едноставно ке се осетам понижено иако се е поради една чест не одам за никој за него одам и верувам дека ке оставам добар впечаток ама не сакам и да се скараме заради ова со него а мене искрено не ми се оди ич, размислував уште од почетокот на овој месец дали да одам или не но не стигнав до одговор..
Чим сте уште заедно нема што да се замараш што ќе помислеле другарите не знам што,вие сте заедно и тоа е ваша работа,а ако него не му смета од неговите и сака да одиш не гледам зошто да не одиш
ако и двајцата сте решени дека сте еден за друг тогаш која е потребата да криете или што ќе кажат другите. луѓето се разведуваат и повторно се заедно и не им чуе кој што ќе каже. а вие од една врска сте направиле драма.... ако си решена дека тој е тој нема криење и нема срамење. колку ќе се срамиш??? кога тогаш ќе ве видат заедно. така да собери сила и излези пред сите и така на крај на приказната љубовта победила. а што правите вие дали идете или не воедно не треба никој другар или другарка да го интересира.