Не те разбирам девојче. Ако сакаш да имаш дечко во сегашноста и да ти е убаво со сегашниот дечко треба да прекинеш контакти со бивши кои не сфаќаат дека пречат. Ама ти не сакаш да прекинеш. Е што да ти кажеме. Како да му кажам на сегашниов дечко дека немам никакви чувства за бившиот освен едно големо чувство на нејќам да го избришам пошо сакам уште да сме во контакт.
Никој не би прифатил да имаш таков "другар". А ако не планираш да му се вратиш, блокирај го оти вака до бесконечност ќе одите.
Кoгa ќе слушнaм вaкви муaбети секoгaш двaјцaтa се криви, и двaјцaтa oчигледнo не мoже дa рaскинете сеуште, требaлo блoк уште тoгaш кoгa сте рaскинaле aкo сте знaеле декa не бивa пријaтелствo.
А да си се тргниш со повреме од луѓе шо ти се заканвет дека ќе си наштетат. Сте раскинале ништо страшно, не е крај на светот, нека си сфатит и нека се помирит со то, а ти немојш да бидиш со него или да си расипвиш друга врска само ради сожалување кон него.
Ама не можеш ти поради него да си го уништуваш животот. Не знам колку години имате, но такви договори ретко речиси воопшто не опстануваат бидејќи кај некој ќе се вратат чувствата. Откачи го уште одма, не може да те уценува.
Акo немa прoблеми те зaлaжувa. Oвa е сигнaл декa ти нaвистинa не требa дa имaш ништo сo негo, oн aкo се грижел зa тебе не би ти се зaкaнувaл сo oвa.
Пријателство со бивши партнери е многу, многу ретко. Посебно ако сте имале долга врска исполнета со емоции. Тоа да останеме пријатели е само клише фраза која се користи за полесно да се преброди периодот на прекин. Се разбира дека нема да останете пријатели и ќе прекинете било каков активен контакт. Тоа само ви дава простор во иднина да си имате едно "здраво" и да си размените по неколку збора за до кај сте со живот, а не да ѕвоните на телефон и срциња да си коментирате. Ако не сакаш дечко ти да тe сфати погрешно, блокни го бившиот кога веќе не прекинува. Не знам како и влегувате со некој во врска, а не сте раскрстиле со минатото.
Епа не ти е повеќе пријател. Нема што да го почитуваш договорот, кога тој не го почитува. Чим ти се заканува, не ти е пријател, туку стокер. И не му се плаши, ама ич. Блокирај го и избриши го од секаде. Да бе.. таа е 'крива' оти тој е опсесивен
По мое мислење е дека ако таа не ти кажала која е причината што се раскинавте а сте имале убави моменти тогаш најверојатно и се изгуби чуствата бидејки секој ден се гледате па ви се здосади или нашла друг што и се свиѓа и се разбуди нејзината чувства најверојатно... Сепак знам дека ти е тешко али верувај со тек на време ќе се стабилизираш но дотогаш продолжи си по својот план, кариера што да и правиш да не биди многу касно а верувај краток е животот, уживај си додека си жив а за љубовта ќе се најде. Со среќа
Прашај се кај оди ова однесување и како ти влијае на животот. Сфаќам дека ти бил другар, дека сте во океј однос ама тој ти загрозува идни врски и идни можности. Ако не сфаќа со добро кога му велиш мораш да преземиш следен чекор, пример, пришење од социјални мрежи и/ ли блокирање на неговиот телефонски број. Закани дека некој ќе си наштети ти се textbook манипулации и колку повеќе налегнуваш на нив и знај дека на тој начин можи да те манипулира - само ќе продолжи.
(по грешка го напишав во погрешна тема) Како да се оттргнам од некој/а што знае како да ме манипулира и уценува кога сакам да престанам секаков контакт? Пробав со муабет али не иде пак се враќам на старо.
Здраво девојки многу пати имам пишувано овде за проблемите со дечко ми кој ме читал знае. Заедно сме 1 година, за оваа година поминав низ многу работи. Да кажам дека од сам старт го засакав многу, многу пати го фаќав во лага, му простував се колнеше дека не ме изневерил. Цело време му беше побитна работата, излегувањето, друштвото и се друго освен јас. Тврдеше, се колнеше дека не ме изневерил имавме многу кавги ама пак останував зошто единствено го сакав. Ме запроси за нова година реков да ама само и на тоа остана, правев што правев не дозволив да одиме чекор понапред додека не се средат некои работи. Нормално после тоа следеа пак лаги од негова страна, пак карање простување, илјада глупости. Пред еден месец дојдов пак во контакт со еден познаник кој го немав видено долго време. Се зближивме некако на почеток само со пишување и општи муабети, дечко ми нормално не приметуваше ништо пошто не го интересира многу такви работи. Во меѓувреме се случи пак да го фатам дечко ми во лага и му раскинав. Со другарот што го спомнав погоре ме покани да поседиме, му бев многу нервозна, лута, бесна на дечко ми и излегов. Ама не се случи ништо цела вечер муабети, смеење и ништо повеќе. По 2 дена бев излезена во град со другарки, другарот ми пиша пак каде сум реков си одам накај дома, дојде пак ме зема пак седење на едно убаво место надвор од градот и ме бакна а јас му возвратив. Само на тоа и остана бакнување и ништо друго. Во меѓуреме се слушавме, си пишувавме тоест ми ѕвонеше. Ама повремено ми ѕвонеше и пишуваше пораки и дечко ми да се смириме ама не инсистираше многу туку онака лабаво со пораки дека сум требала да му ги простам некои работи. Што е најлошо тие двајца се познаваат, биле школски. Излегов неколку пати со тој што викам дека ми е другар, еднаш дури завршивме и во кревет ама немавме секс, не сакав јас. Сепак тоа што се слушуваше ми значеше многу и не зближи многу повеќе, безразлика што немавме секс. Се испослучуваа многу работи дечко ми ме напињаше да се смириме, дека се ќе се среди дека сфатил кој му значи во животот тоа сум била јас, не другарите. А и другарот почна да му прави муабети дека му се допаѓам многу како личност, дека сум му мила, дека не сака да ме изгуби и многу други работи. Знам дека сама сум си виновна за се и дека не ми требаше ова ама што е тука е. Сега не знам како да постапам. Јас го сакам дечко ми ама и другиот дечко ми е мил, со него доживеав многу работи што со дечко ми никогаш сум ги немала. Многу ми е тешко и многу се нервирам, ниту сум натаму ниту сум наваму. МИ треба искрено мислење за ситуацијава.
Прв пат те читам, не знам што се случувало и за какви лаги станува збор но јас не би сакала да бидам во врска со некој кој ме лаже и ме става на последно место секогаш. Прво расчисти си со овој па после одлучи што ќе правиш со вториот и дали воопшто ти треба или ти треба малку време сама да си ги средиш мислите.