1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Стварно се надевам дека во сето тоа што го напиша веруваш, дека навистина вака размислуваш и ќе си ги послушаш сопствените совети.
    Луѓето некогаш многу разумно размислуваат, но после некое време доаѓа и таа мисла: што ако сега е различно? и токму таа мисла уништува се што претходно си го совладала.
    Искрено да ти кажам, само кукавици што не можат да се соочат со сопствените чувства на тага идат од едно столче на друго. Најлесно е да почнеш нешто со нов човек за да го заборавиш стариот, ама вака фрлените чувства се враќаат како бумеранг после некое време.
    Нема ништо подобро од соочување, плачење и надминување на тагата, за да почнеш еден ден нов лист, каде што ќе знаеш дека ништо од минатото нема да те допре.
     
    На Anie93 и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. makedon81

    makedon81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2019
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Машки
    Немаш опција за разговори..Па можеш ти да пишеш....;)
     
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Еден чисто пријателски совет :)
    Од лично искуство откако завршив со еден муфлуз заради што ме изневери и ете јас одма се сплеткав со другар негов ....и на почеток не му сметаше, што сум му бивша на другар му ,и ми велеше било што било , секој заслужува да биде среќен понатаму ..но од после изгледа почна да му смета и оладе цела работа сега сме само другари (но со муфлузот никогаш не би била ниту другарка ниту би му се смирила) ...сакам да кажам машките си разговараат меѓусебе и нема да биде ништо од таква врска ...
     
    На samovila.red., СуперДевојка, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Пиши ми
     
  5. Lostinparadise

    Lostinparadise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Пиши
     
  6. Lola122

    Lola122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    И јас раскинав со дечкото паа се фатив со другар негов и не знам кај терам се мислам да му кажам да не се гледаме веќе оти се плашам да не се затрескам аа нејќам и да се дознае оти со другарот негов се гледам
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nadija994

    Nadija994 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, жени, а како што гледам и по некое машко.
    Се зачленив на Фемина конечно бидејќи не можам за овој проблем да пишувам на другиот форум кај што сум член, бидејќи многумина луѓе ме знаат.
    Да не должам, ќе го раскажам проблемот.
    Значи, со партнерот сме заедно веќе 5та година, а од ноември па навака збориме на темата брак, и деца. Но сепак, само збориме на тоа, “што би било кога би било” , како би изгледало сето тоа, подготовките, медениот месец, нашите фамилии како би се прифатиле (имаме проблеми на тоа поле но тоа е друга тема) , ... и да, како би изгледале ние како родители. Но, не сме направиле никаков план за ништо од ова и не дефинитивно ништо.
    Еве сега што се случи вечерва. Имавме односи и тој сврши во мене, без да ме праша и без претходно да му дадам одговор со аргумент дека како и да е требало да почнеме да работиме на тоа, и онака ретко се фаќало од прва, морало нешто да “ја турне работата” .... значи.......

    Ова баш ова сега ми ја сруши до некаде довербата него, јас навистина не знам што му се вртеше во глава и зошто мислеше дека сум во ред со тоа?? Не знам уште не можам да се смирам ниту да спијам, и не можам да го поднесам да лежам до него си отидов во дневна. Не верувам ни дека ќе спијам да заврши полицискиов час за 20 минути ќе одам да земам Норлево во дежурна аптека, ама како побогу јас да гледам сега иднина со него ако мислеше дека е во ред да направи такво нешто како??!
    Не знам можеби преовеличувам сеуште сум мн изнервирана иако ми се извини неколку пати

    Би сакала да чујам мислење од вас дали мислите дали има оправдување за ова??
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. unknown.ame

    unknown.ame Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Искрено ситуацијава ми е и повеке од јасна на мене но сакав да ја споделам да ми олесне и чисто ако некој би ми возвратил некакво мислење да си стаам потврда на моето мислење .
    Во принцип сум многу затворена личност ретко искажувам емоции и барам совети , сетоа тоа е највеке од стравот да не бидам повредена да не ми се сруши гордоста , НО...
    Се запознав со дечково мај месец ,дружбата ни беше кратка бидејки јас за пет дена заминував во странство на неколу месеци, искрено тогаш воопшто не ми беше грижа не ми беше паметот воопшто за него , јас заминав нормално изгубивме контакт. Во меѓувреме дур сум во странство остарувам контакт со мој бивши дечко од пред 4 години , чисто пријателски го започнавме контактот кој потоа се разви во вракање на спомени и појавување на старите чуства , кои допринесоа за поголема желба за враќање . Исто така во меѓувреме од социјалните мрежи дечково кого го упознав се смирил исто така со неговата бивша девојка или можда и ја имал а да изварал со мене тоа сеуште ми е под знак прашалник . Се вракам радосна дека ќе бидам со бившиот , планови секакви кроевме , но кога се соочив со реалноста не беше така , ѓи немаше тие чуства ладни бевме скроз и двајцата прекинавме за брзо . После извесно време ме контактира дечково , и тој бил раскинат со девојката почнавме да излегуваме , и уште од тој ден незнам ни сама како не ги провалив неговите филмови .. како јас сум му остаила мн добар впечаток , имал сериозни намери за со мене и сл. , искачањата на почетокот ни беа по лабави и не толку интезивни, уште од тоа се гледаа неговите ,,сериозни,, намери , почнавме да се зближуваме и да да се гледаме као почесто но сепак на него на прво место му беа секогаш пиењето со другарите или колегите, па и ,, другарките ,, . Го проголтував некако и тој момент , се до моментот кога дознав за неговиот однос со женската на негов најдобар другар , тоа наводно било кога јас и тој не сме биле заедно , го прашав за тоа што го дознав ми призна иако предходно ме имаше излажано зашто се има скарано со другарот , а уствари причината било тоа , се налутив највеке затоа што ме излажа , второ се разочарав од него како личност , ало женска на најдобар другар?!?! Нејсе тоа,се извади не бил виновен таа се наметнувала и што уште не , пробував да го заборавам тој момент , знаеше дека ми пречи тоа многу и ме кочи , он тогаш се трудеше повеќе да се зближиме и го официјализиравме и нашиот однос дури . Тоа траеше кратко , и нормално си се врати на старите навики другари и слично , нормално дека се лутев јас за тоа имавме и расправии , а тој секогаш се вадеше дека е таков немарлив и дека јас сум била таа што требала да го смири и смени . Јас како прво од никого несакам да градам друга личност ако тој самиот несака да се смени . Ситуацијата се повтараше во неколку наврати , и неможев повеќе да се измачувам му прекинав ,му објаснив убаво дека несакам да му изигравам мајка да го карам и учам што е правилно што не , дека не сум среќна вака и продолжија филмовите дека ќе се промени јас стоев цврсто на моето дека не му верувам повеќе на зборовите да си се покаже на дела . Но и во тоа не успеа многу долго , го смени и односот према мене незаинтересиран стана , изреволтирана бев од неговото понашање го блокирав сегде , бидејки немав сили да се објаснувам повеќе . После извесен период околку две недели ме контактира од др број , прифатив да излезам да се видам да сме се објаснеле . Искрена да бидам да ми фалеше многу но не ми фалеа нерозите од него . И да бидејки пред да се најдеме да се објасниме дечкото бил со другарите и нормално се начукал, не можевме и баш многу да се објасниме бидејки многу мразам да се расправам со пијани луге он само збореше јас ќутев , велеше дека јас сум била крива поради тоа што на многу лош начин сум го одкачила како да е никој и ништо бил повреден многу од таа моја постапка , он се трудел за мене имал планови за нас двајца и блаблалбла. Разговорот кратко траеше бидејки повеќе беше монолог, се видовме повторно наредниот ден е да се објасниме , немаше што многу да се објаснува тој си стоеше на неговото дека е повреден а јас дури му кажав дека сум избрзала можда со таа постапка но дека сето тоа било во афект на нервоза како рефлекција на неговото понашање , не можевме да се разбереме и темата заврши беше затворена . Што понатаму? Немаше одговор на тоа , освен несакам да те разочарам поради мојата немарливост , и мене уште тука ми беше јасно дека не води ова нигде . Продолживме да контактираме , како да сме океј а не сме , како што поминуваа денови тојстана поарогантен а јас помека се трудев , но залудно за кого? и зашто? Нормално не се гледавм и поради ситуацијава сега и поради тоа што се изјави дека требал да размисли за што понатака . Зошто ме побара тогаш ако незнаш што сакаш во животот? Се изјасни дека овој раговор не се водел преку мобилен , ја му кажав дека за личности што незнаат што сакаат во животот немам време за губење и дека немам ни желба да го видам . Повторно блокиран од моја страна , и олеснување на мојата душа . Разочарана сум да премногу како од него така и од сама себе зашто зашто испадна таква глупача тоа само ми се мота во главата , но даелу од очи далеку и од срце . Ќе помине .
     
  9. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Не преовеличуваш, не смее да сврши во тебе без твоја дозвола. Нема оправдување за ваква глупост од негова страна. И не проаѓа тоа само со едно извини.
     
    На IM.TMKQ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ова болдираното ми боде очи. Цело време како да си свесна и да воочуваш што не е во ред и наеднаш реченицава.
    Па и после тоа повторно се навраќаш и се трудиш за некое лигле што чека на женско да го смени.
     
    На Anie93, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RememberME

    RememberME Нов член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите,
    Се соочувам со проблем и немам решение за да стивнам бес од бившата.


    Бевме скоро две години заедно.


    Раскинавме и 1 ипол месец не контактиравме. Јас раскинав бидејки ми се смачија расправиите. Истиот ден кога раскинавме таа го додаде бившиот на инстаграм. Нормално приметив, неможев да се воздржам и се јавив да ја прашам зарем 2 год што се трудев имало нешто што крие, а секогаш давав и барав искреност. Изговор беше дека била нервозна и сакала да ми направи да ми е лошо. Успеа реално, се што ми кажуваше во време на врската пропадна во вода.
    Завршивме разговор.

    По неколку дена става Стори на инста, поручек али не се гледа дали е со женско или машко, нејсе не се заинтересирав толку моментално. После тоа става стори на место каде што ми кажа дека била некад со тој бившиот. Реално почнав жички да спојувам. Идам на другата слика Предходната, и гледам рака и црвена блуза. Никој не е тагнат. Идам кај него на ФБ и што да видам црвена блуза има.

    Толку мизерно во живот не сум се осетил. Излез барав немав. Се изгледаше дека чека да раскинеме па да иде по него. А знам дека го има сакано многу во минатото. Иако во врската ме правела среќен и уверен дека ме сака, ова ме уништи.

    Спуштив тиндер, најдов дејт.
    Легнав со особата 3 пати се гледав се додека дознав дека има дечко, завршив со таа особа. Ми помогна да осетам малце слобода од демоните што ме следеа.

    Сега со бившата сум во контакт.
    Дознав дека тоа што сум поврзил све е правено со другарки а не со него.(сликите) ми прати видео истите места кај што е со нив.

    Си кажувавме што се деси се понатака. И нормално нема да ја лажам, и кажав. И таа била со двајца се смувала во тој временски период. Како и да е мене не ми сметаше тоа реално.

    Таа неможи да го преболи фактот дека сум спиел со друга личност во станот кај што бевме 24/7 заедно. Упорно ми го наговара, и ништо не ми верува.

    Во смисла :

    Да да знам што си правел како си и правел, не ме лажи.
    Реално немав никаква желба да пишам со некоја не пак да легнам. Ја разбирам дека е болно, но со сплет на околностите така сфатив така направив.

    И јас ќе и наговарав зошто го адна, и ќе каже од инат лошо да ми е, и јас ќе почнам лажеш колку да види како е да му правиш на човек така но не сум човек што сака да исцрпува за без потреба.
    Нејзините дела што го аднал и се смува со други во тој период, не можело да се спореди. Знам дека и беше за да осети некаква љубов тоа, али таа неќе да ме сфати и прифати.

    Што да правам? Личноста ја сакав и сеуште имам чувства спрема неа, бев среќен и ме усреќуваваше.
     
  12. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Машки
    Ништо не прајте, ниШТО. Дооволно сте направиле и двајцата. :yawn:|-)
     
    На Anie93, samovila.red., Regina.Phalange и 6 други им се допаѓа ова.
  13. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.265
    Da si najdes druga najdobro ke ti bidi. Ne e kraj na svetot, ne e ni edinstvena. I da se smirite od to nema da bidi vrska, samo ke si dofrluvate i pak ke imate raspravi. Mozi i da bara nacin da ti se odmazduva. Nejasledi na socijalnite mrezi, imaja za prijatel ali klikni unfolow za da ne ti izleguvaat nejzini objavi i taja i ti rajat. I to so se sakalo mozi i da se otsaka koga gledas deka rabotata neodi, zabe gubenje vreme.
     
    На samovila.red., cresa-jagoda, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RememberME

    RememberME Нов член

    Се зачлени на:
    3 март 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Сакала да е со мене, али кога ќе и текне почнува да е токсична.

    Сум направил нешто што со неа сум правел... лол

    Нема шанси ? :/
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    И двајцата сте за ќотек. Подобро подалеку еден од друг.
     
    На samovila.red. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    @RememberME
    Не гледам причина да се лути...
    Сте раскинале, сте продолжиле напред, ти си легнал друга, таа со двајца се смувала. Сето тоа било после раскинување.

    Ако сака да е со тебе ќе се помири со судбина и нема да зборува за тоа што сте правеле после раскинувањето. И таа не е светица, сепак била со двајца.

    Туку сакав да прашам која беше причината што раскинавте? Велиш дека си ја сакал, те правела среќен, а сепак сте раскинале за нешто? Каква ви беше врската?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.195
    Таа одма оди со двајца други, ти си се сексал со друга. Не да сте направиле доволно. Ич не велам дека е светица чим кога стасала со двајца се смувала,ама не знам замисли да имате односи, а пример имала таа пред тоа на истото место со друг, тебе како би ти било. А и да се смирите, само ќе има препукување ти легна со друга, ти со двајца беше. ДА раскинување било,, ама не значи дека за толку кратко време мора да појдиш со некој. Најдобро секој свој пат, како шо пишаа и членовите веќе доволно сте направиле.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Cutiepie1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не разбирам зошто се лутите едни на други, ако сте имале друг/а додека сте биле разделени?
    Ако речам дека 'Крај е со тебе' - нема што ти да ми се плеткаш во тоа, како го поминувам времето после разделбата. И точка.
     
    На samovila.red., Girly90, Cacii123 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не преовеличуваш. Мора да добие дозвола прво. Огромна работа е и треба да се лутиш.
     
    На cresa-jagoda и Nadija994 им се допаѓа ова.
  20. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Извини ама стварно се изнервирав ова кога го прочитав. Зарем тој треба да одлучува кога ти ќе раѓаш?

    Воопшто не преувеличуваш. Не е во ред тоа што го направил.
     
    На cresa-jagoda, Nadija994, Annora и 2 други им се допаѓа ова.