Би ти кaжaл дa не се спoредувaш сo другите девoјки, нaместo дa ги гледaш сликите прaшaј гo кaкo му билo сo нив, и oд мaшкa стрaнa ти кaжувaм декa имa периoд кaде мaжите престaнувaaт дa гледaaт физички изглед, a мислaм и декa и ти се гледaш сo лoшo светлo твoјaтa перцепцијa зa убaвинa не е истa сo негoвaтa, aкo сте среќни немaш причинa зa грижa.
Може и некој најневин да си игра наоколу откога ќе се земете, без разлика дали имал некоја пред тебе или не. Треба да си среќна што го привлекло нешто друго кај тебе освен физичкиот изглед, а не да се споредуваш со други девојки што имаат различни идеали во животот од тебе. Јас би била среќна што не личам на ниту една од нив
За почеток прифати се ти таква каква што си. А потоа размисли, дали ти се чувствуваш убаво во таа врска. Ако тој е добар со тебе, те сака, не те изневерува, немаш причина да се секираш за неговите претходни избранички. Фокусирај се на сегашноста. Сега ти си неговиот избор, а ако ти си среќна со него, стварно немаш потреба да се оптеретуваш со вакви мисли.
Се прифаќам како што кажав и се сметам за убава ама овие другите се стварно преубави. Не знам дали има жена што нема да помисли така да е на мое место. Исто и у кревет не сум баш искусна лол 24 години наполнив пред 4 дена.
Има. Тоа си го имаш зацртано и мислиш дека е така. И јас не сум и треба да ме остави поради тоа? Ти спомнал тој такво нешто? Верувам дека не. Не прави филмови и престани да ги гледаш бившите. Доколку тој те споредува или ти коментира за "спремност" и слично, тогаш може да го баталиш, ама вака ти сама си правиш лошо.
@Bianka222 секогаш има некој поубав. И од тебе и од мене и од твојот дечко и од мојот дечко, од секој. Па ако сите се прашуваме ова што се прашуваш ти, зошто од толку други баш тебе те одбрал, кај ќе ни биде крајот... Значи, секогаш има некој поубав (А тоа не' не интересира кога ќе засакаме некој). Ама не секогаш има некој кој пред се' карактерно ќе се вклопи. Чувства се во прашање, а за чувства треба нешто подлабоко од површината/надворешноста. Тој те сака, ако добро ви оди и немате проблеми во врската, нема причина да размислуваш непотребно за ова. Па и за искуството. Се' се учи. Ако е убаво, остави да биде убаво, не прави проблем каде што го нема.
Почнав да се допишувам со еден дечко и искрено некако чуден ми е, фин е вака и се тоа, ама кога му реков еднаш како на шала дека подобро е да не збориме веќе, ме молеше да уклучиме камера и дечково плачеше и уште ми вика, стварно сакаш да не збориме? Сигурна си..не знам што да мислам, ме нема уште ни видено во живо...
Ептен децко делува ова со плачење на камера а сеуште се немате видено во живо и несте во врска. По колку години сте?
Мене ова премногу ми е детски, ајде ќе плачеме, па и тоа пушти камера да видеш еве плачам. Те нема видено, ниту ти него во живо, а вака се поставува. Не знам за мене ова не е ни тинејџерско. Сега не знам колку години сте, ама така мене ми изгледа.
Псајхоооо..бегај од него. Ја пред скоро блокнав таков. Не се знаеме, почна да ми пишува и два дена му враќав и он мислеше девојка сум му готово . Па и тоа блиски сме биле како сум можела да кажам дека бил непознат.. Јаоооо ненормални лапај си блокче.
Не се машките визуелни суштества. Тебе не ти проблем како гледаат машките на тебе. Тебе ти е проблем како ти си гледаш на себе. Поработи си на самодоверба и машки што гледаат женската дали има брендирана облека нема ни да ти се интересни. Работиве што ги кажуваш се скрос супер. 165 см е супер. Многу попривлечно од брендирана облека е самодовербата.
Ако останеш со него ќе ти претставува психички товар. Од мое искуство би ти рекла да го посоветуваш да оди на психијатар затоа што јас нешто слично така се понашав со дечко ми кога се запознавме. Причината за таквото однесување е најверојатно нешто што го има оштетено во детството. Мене дечко ми не ме остави, ми помогна и сеуште сме заедно, си одев на психијатар одредено време, примав терапија и сега се е во ред. Јас ги надминав моите проблеми, но не значи дека и тој ќе го направи тоа. Искрено жал ми е за дечкото бидејќи нешто најпотребно што му е сега е поддршка од некој друг. Но ти не си должна да му ја пружиш. Сепак ако одлучиш да останиш со него, ако се сакате, ќе ти биде многу тешко додека го надмините тоа. Мој совет е да пазиш себеси да не си ја оштетиш психата во обид да помогнеш на друг.
Затоа што е невозможно онлајн за краток период да се приврзеш за некој, не па да доведе до плачење и не знам ти што. Језиво - психопатски. Или манипулаторски.