Би останале ли во врска затоа што имате целосна доверба во партнерот и имате веќе историја заедно, а вие не го сакате како порано и не ве возбудува веќе? Јас се наоѓам во таква положба каде што стравот од непознато ме задржува во врска во која не сум среќна.
Прекинав таква врска. И ден денеска мислам дека не сум можела да направам поисправна одлука некогаш. Не си го губи времето.
Џабе историја и доверливост кога неси среќна. Моментално само си го губиш времето. Со сила убајна не бидува. Ставај крај на таја врска и што побрзо то поарно.
Идентична приказна, ќе биде решен проблемот и без наша помош. Незгодна ситуација Би дала шанса на врската доколку е ова само еден лош период, зависи колку време е вака. Која е причината поради која не си среќна? Обично во долги врски има такви периоди кај што е монотоно и нема љубов како на почеток, јас лично не би се откажала одма.
Ако стануваше збор само за монотонија ќе ти речев да си дадете време, но бидејќи велиш дека веќе не го сакаш тогаш сметам дека најправилно е да му ја кажеш вистината. А стравот секако е нормален, бидејќи пред се' човек си. Си се навикнала да имаш некој покрај себе, но нема смисла да се измачуваш себеси а воедно не е фер ниту кон него. Дај си шанса за среќа и на себе и на него.
@Purplelilac да, го сакам како најдобар другар. Му кажувам се, ми помага буквално во се а никогаш не сум доживеала оргазам на пример, може ќе речете тоа се учи со пракса ама не ми се ни води љубов со него имам чувство како со роднина да легнувам. Не знам зошто така последнава година, го барам проблемот кај мене и не можам да сфатам што е. А му верувам многу и ми е страв да бидам сама, навикната сум да имам некој со мене и да ги прави некои работи наместо јас...а го почитувам и не сакам да го изгубам како другар.
Јас мислам да си излезат двете на кафе. А зошто, да не има некој проблем? Јас знам вака. Онаа заљубеност на почеток поминува секогаш. Со секого. Трае кратко, многу убаво и интензивно ама тоа не е љубов. Љубовта е свесна работа. Секој ден да одбираш да го сакаш некого. Сакам да кажам ако има проблем некаков може треба да го решите, ако е за решавање. Поради што не го сакаш веќе? Не велам да останеш со него, да не ме сфатиш погрешно. Сакам да кажам да размислиш зошто не го сакаш. Пример сте скрос различни луѓе. Ама е битно да си среќна. Ништо сосила не е убаво
Класичен пример на гасење на емоциите,најубаво ова него да му го кажеш. Не е фер да му даваш лажна надеж ако веќе нема љубов. Инаку ништо не е страшно,се случува
@Mantub сфатив со тек на време дека всушност и никогаш не сум била така до уши заљубена со пеперутки во стомак ама последно време ми е ептен тапа. Заљубена сум во помислата дека имам човек со кој можам да поделам се и добро и лошо без да ме осудува, ама од друга страна ми фали страст никогаш ја немав со него а сексот ми е многу битен
За скоро сите љубовни проблеми сум се консултирала со психолог. Некогаш проблемот излегувал поинаков од тоа што јас сум мислела дека е. Затоа и не знам што да ти кажам. Битно е да си среќна. Ти ќе си одлучиш што значи тоа за тебе
Да, ако имам целосна доверба и ако го сакам на било каков начин. Не е сè во сексот. Не би си дозволила да го изгубам поради сексот, ако карактерно ми одговара.
Ама она го сака ко другар Црешке,ај настрана сексот. Не е фер за дечкото да остане во врска со него ако не му ја возвраќа љубовта
Не. Јас бев во слична ситуација и тоа што ми фалеше го барав на друго место. Колку и да ти е добар другар тебе ќе ти треба и љубовник, можеш двете у еден да ги најдеш.
Прекинав ваква врска и огромно НЕ. Страв секако ке чуствуваш и јас чуствував и тоа огромен ама искрено се препородив откако раскинав, така да размисли убаво и одлучи што е најдобро за тебе